СП 2026 во САД, Мексико и Канада - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Kumanovo88
  • Време на започнување Време на започнување

Која репрезентација ќе биде светски првак?


  • Вкупно гласачи
    155
  • Гласањето е завршено на .
Кога воведоа ВАР мислев конечно ќе се елиминира дајвот, глумата за изнудување пенал/црвен.

10 години подоцна уште има играчи што мислат дека при 1039481901 камери ќе им упали тоа.

Ептен очигледно проба да исценира Емболо тука.

Многу оптимистички очекувања имаш од играч што изгледа вака:

IMG_2943.jpeg
 
Проблемот не беше Емболо и глумата туку судиските критериуми.
За првиот жолт на Емболо можеше да му прости со оглед дека претходно Таљафико и Лисандро Мартинез имаа слични ситуации каде поминаа без жолт.
Играта само што се отвори и они ја затворија со овој црвен картон. До тој момент Швајцарија ги доминираше Аргентина и ништо чудно да ја свртеа да не беше црвениот.
 
Последно уредено:
Lautaro ima navika na Meaca da se kacue pred publika na reklamite i vcera otide istoto da go prai na tribina i kako dojde, se kaci i odma se secna i se vrati, imase zut, tehnicki po propisi, ako dobiese za ova vtor ke bese zasluzeno, mu progledaa niz prsti tuka.

Nemase da znaci toa nisto za utakmicata vcera ama ke gi skoknese Anglija.

Embolo fudbalsko iq klokoti vo minusot, zasluzen vtor zut.
 
Групите беа одлично судени, речиси перфектно.
На толку натпревари, нормално е да има некои грешки и пропусти, сепак зборуваме за 100 утакмици.

Оваа од сношти е прва таква одлучувачка грешка, горе-долу исходот е до полуфинале е според квалитетот.
Според ниту еден основ за квалитет Аргентина не заслужува полуфинале.
 
Според ниту еден основ за квалитет Аргентина не заслужува полуфинале.

Реално Уругвај и Португалија требаше да бидат тие што би ги спречиле од играње полуфинале , но се виде нивното. А ако ја гледаме моменталната ситуација не ме чуди шо ги исфрлиле Капе Верде , Египет и Швајцарија. Заслужиле , не заслужиле , го имаат квалитетот да победат такви репрезентации. Ако мислиш на помош од судии , тоа никогаш нема да се смени и ќе си важи исто ко што важи за Реал , Барса, Арсенал итн.
 
Тухел лета после првенствово, макар го освоил.
 
Проблемот не беше Емболо и глумата туку судиските критериуми.
За првиот жолт на Емболо можеше да му прости со оглед дека претходно Таљафико и Лисандро Мартинез имаа слични ситуации каде поминаа без жолт.
Играта само што се отвори и они ја затворија со овој црвен картон. До тој момент Швајцарија ги доминираше Аргентина и ништо чудно да ја свртеа да не беше црвениот.
Тогаш и се случи црвениот на Емболо, кога Швајцарија го имаше моментумот и ништо чудно со таков притисок да дојдеа и до втор гол.
Го уништија натпреварот судиите, многу лоши и чудни одлуки на ова СП.
 
Од сите што останаа само Шпанија не сакам да тепа, затоа што немаат ниту еден играч кој ми е интересен и за кого би навивал.

Никогаш во животот не сум навивал за Анлија но ако земат овој пат Хари и Џуд за нив би ми било мило. Првиот како компензација за промашените 10 години во никаков клуб, што го спречија да освои титули, со евентуална победа на светско никој повеќе нема да се замара со тоа, би постанал Кинг Хари засекогаш. Вториот затоа што има нешто посебно како фудбалер и еве веќе два натпревари ги носи на грб. Ако играат како со Норвешка шансите им се никакви, но топка е. Негативна работа што имам симпатии кон Англија е што сум во исто друштво со Костиќ.

Ако освои Аргентина би ми било мило за Лаутаро и за рамноземјашите на форумов што нема сон да ги фати. Секако Меси, никогаш не сум бил фан но на 39 години да го игра ова што го игра и да освои, тоа е веќе филмска приказна. Тоа што ќе гледаме меч Англија - Аргентина е возбудливо само по себе од историски аспект, од војната, Божјата Рака, па до тоа дека Аргентинските фудбалери и ден денес пеат песни за ова во соблекувалната. Негативна работа што имам симпатии кон Аргентина е што сум во исто друштво со одредени иселеници на Малта.

Но ако освои Аргентина тоа не би било фер кон Мбапе, дечкото требаше две титули да има до сега, хет-трик даде во финале и знаеме веќе што се случи на крајот... едноставно се најјаки, никој не можа да ги надигра, но во еден натпревар некој може да им се одбрани и да ја одвлечка на продолженија или пенали. Сепак, Французите се најголеми фаворити, Негативни работи што имам симпатии и кон Франција нема, затоа што сум на спротивна страна од ККК кланот на форумов.

Значи океј сум со 3 од 4 репрезентации, што значи дека на крајот Шпанија ќе тепа.
 
Тогаш и се случи црвениот на Емболо, кога Швајцарија го имаше моментумот и ништо чудно со таков притисок да дојдеа и до втор гол.
Го уништија натпреварот судиите, многу лоши и чудни одлуки на ова СП.

Абе црвениот како црвен немам ништо што да коментирам. Кога веќе го викнаа да гледа ВАР јасно ми беше што следува. Од неутрална позиција, мислам дека можеа да му простат за да остане натпреварот интересен зашто после црвениот јасно беше дека Швајцарија ќе се затвори.
Во целост, лош меч беше тоа вчера и сега како ме боли главата од што седев до 5.30 уште повеќе ме напиња што сум заспал после првата пауза од продолженијата и ги пропуштив вториот и третиот гол на Аргентина.
Аргентина најлошо одигра од сите четири екипи кои се сеуште во игра и мислам дека до тука им е доволно. Англија - Аргентина 1:0, петнаесет жолти картони и 100 фаули.
 
Пишаа некои претходно и на твитер и на форумов дека Аргентина е Атлетико Мадрид плус Меси, ама јас мислам дека Аргентина е Гетафе плус Меси. Селски фудбал, копачки, креација нула, везњаците не можат три паса да сврзат, а тренерот упорно не дава шанси на нови играчи.
Убедливо најслаби од овие репрезентации што останаа во завршницава и право изненадување би било доколку освојат во оваа конкуренција.
 
Back
На врв Bottom