Хаха... Па не е дека воопшто можеш.
Арогантен...
Дали можам или не сакам?
Веќе имавме расправи и видов како работиш.
Прво го обликуваш наративот така да соговорниците ги правиш непријатели. Значи „ако не го делиш моето мислење тогаш си левичар, неолиберал, соросовец, педер или омиленото - член на НВО, шарен и сл.„ Нема врска ако тоа не е вистина, ти си продолжуваш, а секоја лага неколку пати повторена станува вистина.
Потоа ги негираш и исмеваш изворите на информации на соговорниците а своите ги промовираш.
Користиш техники на whataboutisam и cherrypicking, ги сечеш постовите, бираш што ти одговара, го вадиш тоа од контекст и го напаѓаш
Не затрпуваш овде со постови од Твитер од разни промтери на теории на завери (information swamping).
Значи класична бај-тхе-бук пропаганда и пропагандни методи од Банон и другарите.
А сето тоа филувано со директни навреди, потценувања, цинизам, постојано дискредитирање на соговорниците.
Суперироно настапуваш, но тука се крие голема слабост - откриваш дека си всушност празен. Ти фалат фундаменти, Јутуб и твитер не можат да ги таменат книгите и системското образование. Треба да знаеш малку психологија - што повеќе напаѓаш тоа самиот откиваш дека си инфериорен, некој ќе речат плашливец.
Ако си навистина супериорен тогаш тонот ти е смирен и авторитативен (бесплатен совет од мене)
Парадоксално, паѓаш на комуникацијата што наводно треба да е твоја голема предност. Овде на форумов си сигурен бидејќи си опкружен со истомисленици, но не знам како е во реалниот живот. Моето искуство вели дека најголемите он-лине галамџии немаат муда за дискусија и расправа во живо.
Е сега, стгнуваме до поентата - дали да слегувам со тебе во калта?
Не ми треба тоа, не заработувам преку ширење пропаганда по форуми и соц мрежи, а и едукативно нема потреба, овие теми немаат голем домет.