Македонски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
Еве ја целата листа на нови документарци со буџет од Агенцијата

2975.jpg
 
Не ми е јасно зошто па овие сега се откажуваат? Овој е еден од филмовите што доби пари? Поврзано е со драмата со „филмот за Слаткар“?
Зашто плачат за повеќе пари. Види им памет, со години кукаа дека биле на црна листа и не добивале, за сега кога добија да глумат принцези и продуцентот и режисерот и да глумат дека не сакале да бидат во овие северџански игри. :D

Инаку вистината за откажувањето ја има кажано Владо Јовановски, кој требало да ја игра главната улога во филмот “Татко”, дека им фалеле уште 650.000 евра за да го снимат филмот и дека со 250.000 евра колку што добиле било невозможно.
 
Филмот со глувото дете Најден (Златко Георгиев) што го зборите погоре се вика „Гласот на светилината“.

Како деца глумевме во театарска претстава што ја режираше Магдалена Ризова заедно со детево што е главен лик во филмот.
Негде во рани 2000-ти го даваа често на МРТВ.
Интересно филмче е ова.
 
Камо вака да се откажеше од За Северна. Или оние тогаш му дале многу повеќе од овие?
А и ова чисто сумњам дека се откажале од средствата. Сигурно тајно, да не се крева прашина.

 
Зашто плачат за повеќе пари. Види им памет, со години кукаа дека биле на црна листа и не добивале, за сега кога добија да глумат принцези и продуцентот и режисерот и да глумат дека не сакале да бидат во овие северџански игри. :D

Инаку вистината за откажувањето ја има кажано Владо Јовановски, кој требало да ја игра главната улога во филмот “Татко”, дека им фалеле уште 650.000 евра за да го снимат филмот и дека со 250.000 евра колку што добиле било невозможно.
Подобро за нас. Ќе бидеме колективно поштедени од уште едно срање на Бојаџи.
 
Подобро за нас. Ќе бидеме колективно поштедени од уште едно срање на Бојаџи.
Го има објавено синопсисот на фејсбук. :D И ако се суди по синопсисот делува ко да може да се сними добра драма, ама со оглед на талентот што го има човекот, поарно да се даде сценариото за доработка и снимање на некој друг.

За што зборува филмот Татко? Еве ја накратко приказната.
``Во едно мало гратче на југоистокот од Македонија на Божиќ, кај таткото Арсо од Скопје доаѓаат неговиот син Коста и ќерката Ана со сопругот и децата. Арсо е традиционален, строг, праведен но мек и добар татко. Живее на голем имот, чесно стекнат со генерации во заедница со помлата ќерка Јана близначка со Коста, зетот и нивните две деца. Очекуваат трето, Јана е бремена. Целиот ден на Божиќ и вечерата минуваат весело со сите традиционални адети кои Јана ги наследила од мајка им, која починала пред една година. Семејството е во жал заради првиот божиќ без саканата и почитувана мајка, но среќно и обединето во љубов и благососојба. Ана е докторка, почитувана и реализирана, а братот Коста е успешен адвокат во голема странска рударска компанија. Откако следниот ден, Коста ќе разговара со татко му и ќе му каже за неговите и плановите на сестра му Ана во врска со делот од имотот кој им следува, а кои се неприфатливи за Арсо и сестрата Јана - семејството се растура! Коста е човекот кој ги брани интерестите на странската компанија која сака на местото викано ``Простено`` на ридот над нивниот град да гради рудник за бакар и злато и заедно со сестрата Ана делот од земјата кој им припаѓа - да го продадат на компанијата. Арсо и Јана се противат, бидејќи се работи за најплодното и најубавото парче земја од таму па се до Солун, како што им вели таткото! Во градот, најголемиот дел од граѓаните се креваат против рударската компанија и против Коста кој со ветувања, потплаќања и во соработка со искорумпиранта власт купува дел од земјата што и треба на рударската компанија. Останата половина од граѓаните се креваат на бунт против компанијата и против Коста кого го познаваат од дете. И тука започнува драмата на Таткото Арсо кој е најпочитуваниот човек во градот! Тој гледа како пред неговите очи му се распаѓа семејството кое е разединето заради интереси на странска рударска компанија. Арсо за прав пат во животот нема одговор на ниту едно животно прашање. Коста и Ана се против него и сестрата Јана, која иако е бремена застанува на чело на големи демонстрации против големата група предводена од Коста кој поддржува во нивниот град да се гради рудник кој ќе користи отрови и за кратко време ќе ја уништи целата плодна земја што тие ја сакаат и живеат со векови! И ќе се судраат едни со други! Брат со сестра, сестра со сестра, за туѓи интереси и ``туѓи бели дворови``. Сепак, Арсо ќе пронајде начин како да ги вразуми раскараните деца и да ги собере на истата страна - на страната на љубовта кон семејството и земјата каде што се родиле! Арсо е вистински татко и знае дека тој треба да им прости на своите деца.``

Во мудбордот го гледате ликот на Владо Јовановски, другите ликови се измислени, допрва требаше да правиме кастинг. Но Владо е човекот со кого јас соработувам на многу проекти. Основата, плотот на филмот е инспирирана од неговиот краток филм Татко, напишан и режиран од еден друг наш пријател, Свето Ристовски. Двајцата тргнавме од кратката приказна, возбудени од идеата како би се развила во подолога приказна инспирирана од нашите животи?! Владо доаѓа од мало рударско гратче. Јас сум роден во град кој е распослан на најубавата и најплодната земја од таму до Солун, а во моментов таму сакаат да градат рудник за бакар и злато. Сакавме да се оддолжиме на своите градови и на луѓето што ги сакаме, со приказна која зборува дека не треба да си го растураме семејството за туѓи интереси. И дека треба да живееме заедно, во љубов и на своја земја, која треба да ја чуваме. Толку. Не може. Според тие што одлучуваат ова приказна не е од национален интерес. Во ред. Можеби, ние не разбираме што е ``наш интерес``? Кој би можел да знае? Одиме понатаму. Борбата за мајката земја продолжува. И никогаш не била лесна.
 
Еден мал пример зошто треба да намалат со поддршка на филмови за Роми, Шипци и остали малцинства. Затоа што претставуваат само еден етникум и даваат многу често погрешна и искривена слика дека тоа е македонската култура, а не е.

Ликов подолу го изгледал “Скејтањето не е за девојчиња” и првичниот коментар му гласеше дека филмот е ‘шармантен поглед на разлики меѓу традиционалните и модерните вредности во македонската култура.’

Филмот е за договорени бракови на малолетни Роми што нема никаква врска со македонската култура. По моја сугестија го промени коментарот.

Со вакви ‘модернистички’ делца се прикажуваме пред светот како примитивци драги мои, а не со Милчовите “Пред дождот”, “Мајки” и “Врба”.

IMG_3294.jpeg
 
@SkaManiac нејќам да зборам за балканскиве филмови, коишто као демек пратат некој тренд, ама како што рече каснат ко индиски воз.

Углавно многу ретко сум начекал некоја оригинална серија или филм од балканов. У секоја мора да има некои елементи од други странски филмови на иста или слична тематика.


На пример:

Наш македонски филм 2026

Skateboarding Is Not for Girls​



и

странски филм 2021

Skater Girl​

Интересен е филмов

ама се осеќа тој туѓински вајб дур го гледаш, и потсеќа и малку е инспириран од



Еве што постирав јас за овој филм, значи оригиналниот е за девојче од Индија, а овој за девојче Ромка, што уствари е исто.
 
Со вакви ‘модернистички’ делца се прикажуваме пред светот како примитивци драги мои, а не со Милчовите “Пред дождот”, “Мајки” и “Врба”.
Ако бидеме реални, жанров со снимање најзатуцани примитивни работи во земјава почна баш од Милчо со Пред Дождот, и 30 години подоцна нашите режисери го емулираат надевајќи се на номинација за Оскар.
 
Ако бидеме реални, жанров со снимање најзатуцани примитивни работи во земјава почна баш од Милчо со Пред Дождот, и 30 години подоцна нашите режисери го емулираат надевајќи се на номинација за Оскар.
Manchevski e klise vekje. Sekoj nareden film od Majki pa navamu mu e u tri sekcii podelen, klise. Najgolem problem e sto on e i scenarist.
 
Ако бидеме реални, жанров со снимање најзатуцани примитивни работи во земјава почна баш од Милчо со Пред Дождот, и 30 години подоцна нашите режисери го емулираат надевајќи се на номинација за Оскар.
Кога се тврди нешто редно е да се објасни и со повеќе зборови. Кажи ми што е толку примитивно и затуцано во “Пред дождот”?
Животот на монасите, македонските селани што колаа животинче, докторот што пораѓаше животно, крш автобусот со кој Ацо доаѓа во селото, селаните што ја бркаа Шиптарката и омразата меѓу Македонците и Албанците? Буквално прикажан животот на Македонецот од памтивек до денес.

Стварно ме интересира што толку примитивно прикажал Милчо во филмов.
И кажи ми дали и “Медена земја” според тебе не прикажува ко примитивци? Пошто коментарите за тој документарец баш од Македонците беа ужасни.
 
Па нормално е дека ќе не гледаат ко примитивци кога сами се претставуваме така, го памтите муабетот што ви го правев за Диџеј Ахмет? Луѓево кога гледаат македонски филм, од она што сами им го прикажуваме мислат дека тука живее затуцано муслиманско, циганско население кое се уште практикува обичаи кои ги има само во Авганистан.

Срамотилаци живи, и упорно снимаме такви филмови и форсираме малцинства и филмови на туѓ јазик, додека македонската култура и јазик се потиснува.

За жал во Југославија македонските филмови беа далеку подобри, и таму имавме далеку подобра култура, филмови, литература од осамостојувањето.
 
Back
На врв Bottom