Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
jasno e deka mnozinski del od clenovite kako i licnostite na funkcija na ZNAM se bivsi clenovi i simpatizeri na SDS, no toa ne e tema na moabetot.Не е никаква тајна кое е и од каде е членството во „ЗНАМ„...ниту можам да се сетам на некој нивен успех, небитно за која тема или потреба.
...Миле Цеков го избрале и го направиле пратеник како член на ЗНАМ и го изгласале (и тоа прв на листата на пратеници), а не индивидуална активност, со собирање на потписи за да влезе во политиката, па сега ќе измислува топла вода, па исто како оној Илир Демири ќе дејствуваат независно,
... нема тука независно, кој и како те одбрале така ќе делуваш, те избрале пред плакат со Максим Димитриески и народ кој се собрал за ЗНАМ, а не лично за тебе - Миле Цеков, се откажуваш од ЗНАМ, чао довиџења, му се одзема пратеничкото место и се поставува следниот член од ЗНАМ кога биле изборите, како пратеник од дотичната партија зошто овој ја напушта партијата ЗНАМ и тука се зваршува негова пратеничка кариера, а не сега кој како ќе му прдне на гзот ќе станува независен, на нешто што е зависен избран!
Прегледај го приврзокот 476389Прегледај го приврзокот 476392
... членувал во шест Комисии, при секое собирање и состанок од тие комисии колку добивал финасиски средства?
Прегледај го приврзокот 476390
...на 35 години со ваква имотна состојба богами треба да се провери како тоа го стекнал?
...кој најде да пишува, затоа активноста на форумов ти се состои скоро само во тема за бугарско државјанство како сообраќаец си таму ги насочуваш и помагаш на членови да се бугаризираат, платен си нешто или тоа е твојот патриотизам, ,,да створиш токму услови за отселување" спротивно од тоа што ни изкоментира пред две години, колку лицемерно!Изгубивме многу генерации и уште многу ќе изгубиме, не си патриот ако водиш дебата дека Гоце Делчев е само македонски војвода, патриот си ако за некој Гоце од Македонија створиш подобри услови за да не се отсели и остане тука да живее. Водиме крвави битки за толкување на историја? Со тоа темпо за неколку децении ќе нема кој да ни ја учи таа историја.
Душо, не гледам што е лицемерно во тоа да им помогнеш на луѓе да се снајдат со административна постапка што веќе ја започнале....кој најде да пишува, затоа активноста на форумов ти се состои скоро само во тема за бугарско државјанство како сообраќаец си таму ги насочуваш и помагаш на членови да се бугаризираат, платен си нешто или тоа е твојот патриотизам, ,,да створиш токму услови за отселување" спротивно од тоа што ни изкоментира пред две години, колку лицемерно!
Владините функционери не можат легално да купат второ државјанство во земји како Франција, Германија или Велика Британија. Во овие три држави не постојат т.н. „програми за државјанство преку инвестиции“ (каде се даваат пари на државата за пасош). [1, 2]
Доколку еден функционер во овие земји има двојно државјанство, тој го стекнал исклучиво преку истите строги законски канали што важат за сите останати граѓани.
Трите легални начини на кои функционер во Франција, Германија или УК доаѓа до второ државјанство се:
1. Докажување потекло / Предци (Право на крв)
Ова е најчестиот начин. Функционерот мора со официјални документи (изводи, венчаници) да докаже дека неговите родители, а во некои случаи баби или дедовци, биле државјани на таа земја. [1, 2]
Да, постојат многу други држави во светот и во Европа кои применуваат идентичен или многу сличен модел како Бугарија. Овој правен принцип се нарекува Jus Sanguinis (Право на крв) [1].
Тој им овозможува и на цивилните лица и на функционерите да добијат пасош исклучиво врз основа на етничко потекло или предци, без никаков услов за претходно живеење во таа земја, без брак и со многу скромно (или никакво) познавање на јазикот. Унгарија, Италија, Романија...
Што значи ова за функционерите во Македонија?
За разлика од цивилните лица (кои обично ги земаат овие пасоши за работа во странство или патување), кога станува збор за владини и парламентарни функционери во Македонија, поседувањето на вакво државјанство има специфична тежина:
- Потпишување изјава: За да добие бугарски пасош по потекло, секој апликант (вклучително и македонските политичари кои го направиле тоа) мора да потпише официјална нотарска изјава во која тврди дека има „бугарска национална свест“.
- Политички ризик: Кога во јавноста ќе се открие дека македонски функционер поседува бугарски пасош, тоа предизвикува огромен скандал бидејки тоа лице претходно потпишало документ во Софија дека се чувствува како Бугарин по потекло, што е во директен конфликт со неговата позиција во македонските институции.
- Правна празнина: Бидејќи македонскиот Устав дозволува двојно државјанство за пратеници и министри (не е како во Австралија), овие функционери правно не го губат мандатот, но трпат огромна морална и политичка штета.
...едно да ти е јасно, народ без корени ќе се истреби, џабе ми пишуваш фермани и јас сум дете кое за Нова година во плико ќе добиев 1 долар и мастика, пушти ги тие приказни, човек што си го продава своето битие, идентитет и коренот нема оправдување, затоа што во минатото гинеле за да се остане ,,Македонец" , а не за шетање, автомобил и високи плати, измачите се 20 години, па после постаните Бугари и одите си во ЕУ, а не вчера излезени од училишни клупи, со желба за 2000 Е плата, ејјј баба ми е Бугарка дај да постанам и јас Бугарин, се знаело тогаш во историјата кои биле принудени да се декларираат јавно, а сега се знае зошто, лигави генерации не ни требаат, што е до мене сите да си отидат како Бугари да видат како е животот суров токму таму каде мислат дека ќе уживаат, ама да нема пу пу не важи ќе се вратиме, таму да си останат,Душо, не гледам што е лицемерно во тоа да им помогнеш на луѓе да се снајдат со административна постапка што веќе ја започнале.
И самата кажа „ги насочуваш“. Точно така, ги насочувам, не ги убедувам. Има голема разлика. Никому не сум рекол да вади бугарско државјанство, ниту пак сум го убедувал дека треба да го направи тоа. Луѓето доаѓаат со веќе донесена одлука и бараат информација, а јас споделувам тоа што сум го научил низ сопственото искуство.
И не, не сум платен. Само за разлика од некои други, не мислам дека патриотизам е да седиш на државна цицка, да земаш плата од буџет и да пееш „Заветна“ додека држиш лекции на другите колку ја сакаш Македонија. За мене патриотизам е да направиш нешто добро и корисно за општеството во кое живееш, да создадеш вредност, работни места, да помогнеш некому, да придонесеш на некаков начин. Многу е лесно да се продава патриотизам од тастатура и да се брои кој какво државјанство има.
И да, стојам зад тоа што го напишав пред две години и денес. Поголем патриотизам е да создадеш услови човек да сака да остане во Македонија, отколку да му држиш предавања зошто не треба да си замине. Ако државата нудеше повеќе можности, многу помалку луѓе ќе размислуваа за резервни опции. Ајде да бидеме искрени до крај. Тие што ти ги нарекуваш „бугаризирани“, што работат низ Германија, Словениjа, Швајцарија, Австрија и остатокот од Европа, се едни од најголемите извори на девизи и странски пари што влегуваат во Македонија. Секоја година праќаат стотици милиони евра кај своите фамилии, купуваат станови, градат куќи, трошат пари кога ќе се вратат дома и на директен или индиректен начин ја одржуваат економијата.
Очигледно немаме ни извоз каков што треба, ни туризам каков што треба за да можеме така лесно да ги отпишуваме тие луѓе и да ги прогласуваме за предавници. Некако многу лесно ги етикетираме како предавници луѓето што работат по 10-12 часа во странство и голем дел од парите праќаат дома, а истовремено за големи патриоти и народни херои ги претставуваме партиските ботови што цел ден висат по социјални мрежи и живеат од државни јасли.
Проблемот не сум јас што давам информација. Проблемот е што премногу луѓе чувствуваат дека мора да бараат подобри можности на друго место.
Пак зборуваш за работи што никогаш не сум ги кажал. Ниту сум пишал дека некој треба да се чувствува Бугарин, ниту дека треба да ја заборави Македонија, ниту дека идентитетот се продава за плата. Ама мене нешто друго ме интересира. Зошто државата дошла во ситуација дел од луѓето да докажуваат потекло и спасот да го бараат преку бугарско државјанство наместо во сопствената држава? Проблемот не е во бугарскиот пасош. Ако не постоеше бугарскиот пасош, ќе беше германска виза. Ако не беше германска виза, ќе беше американска зелена карта. Луѓето не бегаат кон Бугарија, Германија или Америка затоа што ги мразат Македонија и својот идентитет. Бегаат затоа што бараат подобар живот, подобри услови и поголема перспектива за своите деца....едно да ти е јасно, народ без корени ќе се истреби, џабе ми пишуваш фермани и јас сум дете кое за Нова година во плико ќе добиев 1 долар и мастика, пушти ги тие приказни, човек што си го продава своето битие, идентитет и коренот нема оправдување, затоа што во минатото гинеле за да се остане ,,Македонец" , а не за шетање, автомобил и високи плати, измачите се 20 години, па после постаните Бугари и одите си во ЕУ, а не вчера излезени од училишни клупи, со желба за 2000 Е плата, ејјј баба ми е Бугарка дај да постанам и јас Бугарин, се знаело тогаш во историјата кои биле принудени да се декларираат јавно, а сега се знае зошто, лигави генерации не ни требаат, што е до мене сите да си отидат како Бугари да видат како е животот суров токму таму каде мислат дека ќе уживаат, ама да нема пу пу не важи ќе се вратиме, таму да си останат,
Поарно двајца патриоти, макар и позади тастатура, отколу сто продадени национални души, има други можности за работа во ЕУ, а не да си го продадеш идентитетот ги читам јас таму колку водушевено и радосно пишуваат за бугарштината, а потоа истите по други теми продаваат памет осудувајќи ги луѓето за политички постапки, лицемерие до небо, посебно како модератори на форумов да пукне човек од мака, а бе Бугарин самиот поим ако се има чиста македонска крв треба да те одвраќа, а не да се постане!
Ма ти не си патриот ти си патриотиште!Душо, не гледам што е лицемерно во тоа да им помогнеш на луѓе да се снајдат со административна постапка што веќе ја започнале.
И самата кажа „ги насочуваш“. Точно така, ги насочувам, не ги убедувам. Има голема разлика. Никому не сум рекол да вади бугарско државјанство, ниту пак сум го убедувал дека треба да го направи тоа. Луѓето доаѓаат со веќе донесена одлука и бараат информација, а јас споделувам тоа што сум го научил низ сопственото искуство.
И не, не сум платен. Само за разлика од некои други, не мислам дека патриотизам е да седиш на државна цицка, да земаш плата од буџет и да пееш „Заветна“ додека држиш лекции на другите колку ја сакаш Македонија. За мене патриотизам е да направиш нешто добро и корисно за општеството во кое живееш, да создадеш вредност, работни места, да помогнеш некому, да придонесеш на некаков начин. Многу е лесно да се продава патриотизам од тастатура и да се брои кој какво државјанство има.
И да, стојам зад тоа што го напишав пред две години и денес. Поголем патриотизам е да создадеш услови човек да сака да остане во Македонија, отколку да му држиш предавања зошто не треба да си замине. Ако државата нудеше повеќе можности, многу помалку луѓе ќе размислуваа за резервни опции. Ајде да бидеме искрени до крај. Тие што ти ги нарекуваш „бугаризирани“, што работат низ Германија, Словениjа, Швајцарија, Австрија и остатокот од Европа, се едни од најголемите извори на девизи и странски пари што влегуваат во Македонија. Секоја година праќаат стотици милиони евра кај своите фамилии, купуваат станови, градат куќи, трошат пари кога ќе се вратат дома и на директен или индиректен начин ја одржуваат економијата.
Очигледно немаме ни извоз каков што треба, ни туризам каков што треба за да можеме така лесно да ги отпишуваме тие луѓе и да ги прогласуваме за предавници. Некако многу лесно ги етикетираме како предавници луѓето што работат по 10-12 часа во странство и голем дел од парите праќаат дома, а истовремено за големи патриоти и народни херои ги претставуваме партиските ботови што цел ден висат по социјални мрежи и живеат од државни јасли.
Проблемот не сум јас што давам информација. Проблемот е што премногу луѓе чувствуваат дека мора да бараат подобри можности на друго место.
...сите кои си одат ќе бидат секогаш странци таму каде ќе идат, па колку сакаш генерации да се сменат, во своја татковина е друго, ама ти тоа и другите не можете да го сватите, јас сум потомок на деца бегалци и знам што значи егзодус на моите претци, вратени во ова Македонија на ист начин неприфатени од овие (вардарски) Македонци,таму во Егејска Македонија каде куќата на семејството е селска болница национализирана, таму се корените, таму се тие дома, овде само вперување со прст ,,вие сте Егејци" да ве нема од каде сте дојдени!Пак зборуваш за работи што никогаш не сум ги кажал. Ниту сум пишал дека некој треба да се чувствува Бугарин, ниту дека треба да ја заборави Македонија, ниту дека идентитетот се продава за плата. Ама мене нешто друго ме интересира. Зошто државата дошла во ситуација дел од луѓето да докажуваат потекло и спасот да го бараат преку бугарско државјанство наместо во сопствената држава? Проблемот не е во бугарскиот пасош. Ако не постоеше бугарскиот пасош, ќе беше германска виза. Ако не беше германска виза, ќе беше американска зелена карта. Луѓето не бегаат кон Бугарија, Германија или Америка затоа што ги мразат Македонија и својот идентитет. Бегаат затоа што бараат подобар живот, подобри услови и поголема перспектива за своите деца.
Бидејќи ако зборуваме за асимилација, таа не се случува кога некој ќе земе друг пасош. Асимилацијата најчесто се случува во втората и третата генерација иселеници, без разлика дали се во Германија, Австралија, Америка или Швајцарија. И тогаш причината не е пасошот, туку тоа што државата останала без луѓе и без перспектива. Ти цело време зборуваш за предците што гинеле. Во ред, почит за нив. Ама предците не гинеле за нивните потомци да живеат со 500 денари дневница, да не можат да врзат крај со крај и на 30 години да живеат со родителите. Ако веќе ги спомнуваме, сигурен сум дека повеќе би сакале нивните внуци да живеат достоинствено отколку сиромашно со „чист“ пасош во џебот.
Како бе Маре од село Самоилово е предавник затоа што решила дека веќе не може да го продава млекото по 2 денари литар, да вади 500 денари дневница и решила да замине со својот бугарски пасош во потрага по подобра иднина, а Алек од Министерството за економија со 3000 евра плата, чие најголемо достигнување е да се слика на службени патувања на кои ни самиот не знае зошто е таму, е патриот и бранител на државата? По кој критериум едниот е предавник, а другиот е народен херој? По тоа што едниот се обидува чесно да заработи за живот, а другиот има добра фотелја? Или по тоа што едниот носи пари дома од странство, а другиот ги троши парите што тие луѓе ги праќаат назад во Македонија?
На крајот, не ги бркаат луѓето од Македонија ни Бугарите, ни Грците, ни ЕУ. Ги бркаат ниските плати, непотизмот, партизацијата и чувството дека колку и да се трудиш, некој со врска ќе те прескокне. И најголемата иронија е што токму тие што ги нарекуваш „предавници“ секоја година праќаат милиони евра назад во Македонија, за партиските ботови да може да земаат плата и да продаваат приказни за мали деца.
Значи според тебе давање информација за законска постапка е исто што и тргање столче на човек што сака да се обеси? Малку морбидна споредба, ама добро.Ма ти не си патриот ти си патриотиште!
И што е важно многу сакаш да им помагаш на лујџето![]()
Да прашам ако некој Македонец од Балгаристан побара помош да се стекне со Македонско државјанство ќе му помогнеш ли?
И уште нешто ако некој сака да се обеси дали повторно затоа што многу сакаш да им помагаш ќе му го тргнеш столчето, оти и тоа е помош!
Разбирам зошто така размислуваш ако семејството ти поминало низ тоа што го опишуваш. Искрено, никој не може да остане рамнодушен на таква приказна. Јас немам намера да го омаловажувам искуството на Егејците ниту жртвите што ги поднеле. Напротив, имам почит кон тие луѓе. Исто така, не гледам како информација за постапка е еднаква на бугаризација. Ако некој веќе решил да аплицира, информацијата не ја носи одлуката наместо него....сите кои си одат ќе бидат секогаш странци таму каде ќе идат, па колку сакаш генерации да се сменат, во своја татковина е друго, ама ти тоа и другите не можете да го сватите, јас сум потомок на деца бегалци и знам што значи егзодус на моите претци, вратени во ова Македонија на ист начин неприфатени од овие (вардарски) Македонци,таму во Егејска Македонија каде куќата на семејството е селска болница национализирана, таму се корените, таму се тие дома, овде само вперување со прст ,,вие сте Егејци" да ве нема од каде сте дојдени!
...впрочем зошто има тема за ,,бугарско државјанство" , а за грчко државјанство отиде во ,,канта" затворена?
...може доби друг тек коментарите, но можеше да се пренасочи и подобри според насловот да биде соодветно,
...политички целта е завршена Грција си заврши работа ,,државното име ни е сменето, потпишано дека нема Македонци во Грција" и веќе нема потреба за такви теми, на ред е апетитите на Бугарија со бугаризација на македонско население, кој помага во тоа не ќе да е патриот, па до утре да ми пишуваш, децата бегалците ги јаделе сопствените вошки, ама останале Македонци, точка!
... @Klin што ти е толку смешен мојот коментар, те мислев за коректен,
Што значи секогаш да си странец таму кај што одиш? Онака во кратки црти ако може малку подетално, чисто да е појасно до кој степен во партија можат да ви го изгорат мозокот..сите кои си одат ќе бидат секогаш странци таму каде ќе идат, па колку сакаш генерации да се сменат, во своја татковина е друго,
Не бе таман работа давање на информации за стекнување со болгарско државјанство е патриотски чин, ако не ми верваш мене прашај го брмбрмбрм.Значи според тебе давање информација за законска постапка е исто што и тргање столче на човек што сака да се обеси? Малку морбидна споредба, ама добро.
Ако навистина мислиш дека неколку форумски постови се доволни некого да „бугаризираат“, тогаш проблемот не е во моите постови, туку во твојата претстава колку се цврсти убедувањата на тие луѓе и колку навистина се сигурни во својот македонски идентитет. Ако идентитетот може да го смени еден форумски совет или информација за административна постапка, тогаш проблемот очигледно не е во форумот.

Само да се потсетиме “Егејците“ се Македонци кои се под грчка “администарција“ (тие се од бога дадени да администрираат ние не сме за тоа надарени) и нивно етикетирање поинаку е исто така од чисто патриотски причини, патриотизам на стероиди.Разбирам зошто така размислуваш ако семејството ти поминало низ тоа што го опишуваш. Искрено, никој не може да остане рамнодушен на таква приказна. Јас немам намера да го омаловажувам искуството на Егејците ниту жртвите што ги поднеле. Напротив, имам почит кон тие луѓе. Исто така, не гледам како информација за постапка е еднаква на бугаризација. Ако некој веќе решил да аплицира, информацијата не ја носи одлуката наместо него.
Така е, а не гледаат перспектива тука најмногу заради политиката на Болгарија, Грекија и ЕУропските демократии и другите стратешки партњори кои веќе 35 години работат на проблемот. Долгорочно перење на мозок секогаш ги дава резултатите... ај што не работат па уште и ни се сервира гледиште дека тоа било по наша вина демек не сме способни ние сме тупи глупи а тие знаат и се многу паметни ... трагедијата е во тоа што не само што се прифајча ваквиот наратив ами истиот се пласира понатаму.Иронијата е што додека ние на форум се расправаме кој е поголем патриот, Македонија секоја година губи илјадници луѓе. Не поради Бугарија, не поради Грција, туку затоа што едноставно не гледаат перспектива тука.
не знам дали ќе да е одговорот задоволувачки ама велат дека е прилично добар,Што значи секогаш да си странец таму кај што одиш? Онака во кратки црти ако може малку подетално, чисто да е појасно до кој степен во партија можат да ви го изгорат мозокот.
...кога ќе доживееш егзодус само со гаки на тебе гладен и бос и ќе бидеш малку покултурен во пишување ќе ти објаснам и полесно ќе разбереш, вака со ајфон од 500 Е во џеб слабо ќе ме разбереш!Што значи секогаш да си странец таму кај што одиш? Онака во кратки црти ако може малку подетално, чисто да е појасно до кој степен во партија можат да ви го изгорат мозокот.