Новата Влада на ВМРО ДПМНЕ/ВРЕДИ/ЗНАМ

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Не е никаква тајна кое е и од каде е членството во „ЗНАМ„...ниту можам да се сетам на некој нивен успех, небитно за која тема или потреба.
 
jasno e deka mnozinski del od clenovite kako i licnostite na funkcija na ZNAM se bivsi clenovi i simpatizeri na SDS, no toa ne e tema na moabetot.

samiot poteg na Mile ukazuva na seriozni interni problemi na ZNAM i ja potvrduva tezata deka se privezok partija na DPMNE.

za uspeh, relativno e, no prvo pojavuvanje na izbori i dobivanje na ist broj na pratenici kako Levica koja daleku podolgo postoi ne e za zameruvanje

toj izboren rezultat na naredni izbori sigurno nema da go povtorat, po se deluva deka ke zavrshat kako NSDP.
 
...Миле Цеков го избрале и го направиле пратеник како член на ЗНАМ и го изгласале (и тоа прв на листата на пратеници), а не индивидуална активност, со собирање на потписи за да влезе во политиката, па сега ќе измислува топла вода, па исто како оној Илир Демири ќе дејствуваат независно,

... нема тука независно, кој и како те одбрале така ќе делуваш, те избрале пред плакат со Максим Димитриески и народ кој се собрал за ЗНАМ, а не лично за тебе - Миле Цеков, се откажуваш од ЗНАМ, чао довиџења, му се одзема пратеничкото место и се поставува следниот член од ЗНАМ кога биле изборите, како пратеник од дотичната партија зошто овој ја напушта партијата ЗНАМ и тука се зваршува негова пратеничка кариера, а не сега кој како ќе му прдне на гзот ќе станува независен, на нешто што е зависен избран!

Прегледај го приврзокот 476389Прегледај го приврзокот 476392

... членувал во шест Комисии, при секое собирање и состанок од тие комисии колку добивал финасиски средства?

Прегледај го приврзокот 476390

...на 35 години со ваква имотна состојба богами треба да се провери како тоа го стекнал?

Така беше порано, но го сменија законот и започнаа пратениците да се продаваат. А дали овој пратеник се продал ќе се види.
Но, дали вака би реагирал и ако некој од СДСМ излезе и стане независен?
Не верувам.
 
Изгубивме многу генерации и уште многу ќе изгубиме, не си патриот ако водиш дебата дека Гоце Делчев е само македонски војвода, патриот си ако за некој Гоце од Македонија створиш подобри услови за да не се отсели и остане тука да живее. Водиме крвави битки за толкување на историја? Со тоа темпо за неколку децении ќе нема кој да ни ја учи таа историја.
...кој најде да пишува, затоа активноста на форумов ти се состои скоро само во тема за бугарско државјанство како сообраќаец си таму ги насочуваш и помагаш на членови да се бугаризираат, платен си нешто или тоа е твојот патриотизам, ,,да створиш токму услови за отселување" спротивно од тоа што ни изкоментира пред две години, колку лицемерно!
 
Душо, не гледам што е лицемерно во тоа да им помогнеш на луѓе да се снајдат со административна постапка што веќе ја започнале.

И самата кажа „ги насочуваш“. Точно така, ги насочувам, не ги убедувам. Има голема разлика. Никому не сум рекол да вади бугарско државјанство, ниту пак сум го убедувал дека треба да го направи тоа. Луѓето доаѓаат со веќе донесена одлука и бараат информација, а јас споделувам тоа што сум го научил низ сопственото искуство.

И не, не сум платен. Само за разлика од некои други, не мислам дека патриотизам е да седиш на државна цицка, да земаш плата од буџет и да пееш „Заветна“ додека држиш лекции на другите колку ја сакаш Македонија. За мене патриотизам е да направиш нешто добро и корисно за општеството во кое живееш, да создадеш вредност, работни места, да помогнеш некому, да придонесеш на некаков начин. Многу е лесно да се продава патриотизам од тастатура и да се брои кој какво државјанство има.

И да, стојам зад тоа што го напишав пред две години и денес. Поголем патриотизам е да создадеш услови човек да сака да остане во Македонија, отколку да му држиш предавања зошто не треба да си замине. Ако државата нудеше повеќе можности, многу помалку луѓе ќе размислуваа за резервни опции. Ајде да бидеме искрени до крај. Тие што ти ги нарекуваш „бугаризирани“, што работат низ Германија, Словениjа, Швајцарија, Австрија и остатокот од Европа, се едни од најголемите извори на девизи и странски пари што влегуваат во Македонија. Секоја година праќаат стотици милиони евра кај своите фамилии, купуваат станови, градат куќи, трошат пари кога ќе се вратат дома и на директен или индиректен начин ја одржуваат економијата.

Очигледно немаме ни извоз каков што треба, ни туризам каков што треба за да можеме така лесно да ги отпишуваме тие луѓе и да ги прогласуваме за предавници. Некако многу лесно ги етикетираме како предавници луѓето што работат по 10-12 часа во странство и голем дел од парите праќаат дома, а истовремено за големи патриоти и народни херои ги претставуваме партиските ботови што цел ден висат по социјални мрежи и живеат од државни јасли.

Проблемот не сум јас што давам информација. Проблемот е што премногу луѓе чувствуваат дека мора да бараат подобри можности на друго место.
 
"Го прашав" Џемини во врска со ова. Иако некогаш и греши (во вредносни податоци најчесто, национални коефициенти и слично, мене ми помогна превише да не се влечам по специјалисти. Му ја кажувам целата историја на (посериозни) болести пример, заедно со слики од мислења од докторите и крвни слики и што лекови земам, не 99, 100% ги погодува советите и начинот и лековите. Исто така ни помогна многу во правниот процес (пошто е непоткуплив за разлика од нашите повеќемина адвокати, кои од 5-6 досега, освен еден адвокат, другите сите беа поткупени на одреден начин од спротивставената странка) за добивање имотни листови за становите. Па да скратам:

Според џемини, во многу земји (прашав за Европа и Сад) има можност владини и парламентарни функционери, министри и други именувани лица, да поседуваат двојно државјанство. Со посебен осврт на функционерите наши прекрасни. А вие мислете си дека ради обичниот народ што барам бар малку нормален живот, ни пропаѓа државава на сите полиња.

Дел од одговорот за Германија, Франција и УК:

Владините функционери не можат легално да купат второ државјанство во земји како Франција, Германија или Велика Британија. Во овие три држави не постојат т.н. „програми за државјанство преку инвестиции“ (каде се даваат пари на државата за пасош). [1, 2]
Доколку еден функционер во овие земји има двојно државјанство, тој го стекнал исклучиво преку истите строги законски канали што важат за сите останати граѓани.
Трите легални начини на кои функционер во Франција, Германија или УК доаѓа до второ државјанство се:

1. Докажување потекло / Предци (Право на крв)
Ова е најчестиот начин. Функционерот мора со официјални документи (изводи, венчаници) да докаже дека неговите родители, а во некои случаи баби или дедовци, биле државјани на таа земја. [1, 2]

Да, постојат многу други држави во светот и во Европа кои применуваат идентичен или многу сличен модел како Бугарија. Овој правен принцип се нарекува Jus Sanguinis (Право на крв) [1].
Тој им овозможува и на цивилните лица и на функционерите да добијат пасош исклучиво врз основа на етничко потекло или предци, без никаков услов за претходно живеење во таа земја, без брак и со многу скромно (или никакво) познавање на јазикот. Унгарија, Италија, Романија...

Што значи ова за функционерите во Македонија?
За разлика од цивилните лица (кои обично ги земаат овие пасоши за работа во странство или патување), кога станува збор за владини и парламентарни функционери во Македонија, поседувањето на вакво државјанство има специфична тежина:
  • Потпишување изјава: За да добие бугарски пасош по потекло, секој апликант (вклучително и македонските политичари кои го направиле тоа) мора да потпише официјална нотарска изјава во која тврди дека има „бугарска национална свест“.
  • Политички ризик: Кога во јавноста ќе се открие дека македонски функционер поседува бугарски пасош, тоа предизвикува огромен скандал бидејки тоа лице претходно потпишало документ во Софија дека се чувствува како Бугарин по потекло, што е во директен конфликт со неговата позиција во македонските институции.
  • Правна празнина: Бидејќи македонскиот Устав дозволува двојно државјанство за пратеници и министри (не е како во Австралија), овие функционери правно не го губат мандатот, но трпат огромна морална и политичка штета.
Автоматски споено мислење:

Што значи дека ние не го бугаризираме народот, му помагаш да живее малку почовечки од оваа угурсуз no man's land земја. Властите и олигарсите, системот го "бугаризираат". И што значи дека штета што не помина законот за забрана на двојно државјанство на фунцкионерите.
 
Последно уредено:
Душо, не гледам што е лицемерно во тоа да им помогнеш на луѓе да се снајдат со административна постапка што веќе ја започнале.

И самата кажа „ги насочуваш“. Точно така, ги насочувам, не ги убедувам. Има голема разлика. Никому не сум рекол да вади бугарско државјанство, ниту пак сум го убедувал дека треба да го направи тоа. Луѓето доаѓаат со веќе донесена одлука и бараат информација, а јас споделувам тоа што сум го научил низ сопственото искуство.

И не, не сум платен. Само за разлика од некои други, не мислам дека патриотизам е да седиш на државна цицка, да земаш плата од буџет и да пееш „Заветна“ додека држиш лекции на другите колку ја сакаш Македонија. За мене патриотизам е да направиш нешто добро и корисно за општеството во кое живееш, да создадеш вредност, работни места, да помогнеш некому, да придонесеш на некаков начин. Многу е лесно да се продава патриотизам од тастатура и да се брои кој какво државјанство има.

И да, стојам зад тоа што го напишав пред две години и денес. Поголем патриотизам е да создадеш услови човек да сака да остане во Македонија, отколку да му држиш предавања зошто не треба да си замине. Ако државата нудеше повеќе можности, многу помалку луѓе ќе размислуваа за резервни опции. Ајде да бидеме искрени до крај. Тие што ти ги нарекуваш „бугаризирани“, што работат низ Германија, Словениjа, Швајцарија, Австрија и остатокот од Европа, се едни од најголемите извори на девизи и странски пари што влегуваат во Македонија. Секоја година праќаат стотици милиони евра кај своите фамилии, купуваат станови, градат куќи, трошат пари кога ќе се вратат дома и на директен или индиректен начин ја одржуваат економијата.

Очигледно немаме ни извоз каков што треба, ни туризам каков што треба за да можеме така лесно да ги отпишуваме тие луѓе и да ги прогласуваме за предавници. Некако многу лесно ги етикетираме како предавници луѓето што работат по 10-12 часа во странство и голем дел од парите праќаат дома, а истовремено за големи патриоти и народни херои ги претставуваме партиските ботови што цел ден висат по социјални мрежи и живеат од државни јасли.

Проблемот не сум јас што давам информација. Проблемот е што премногу луѓе чувствуваат дека мора да бараат подобри можности на друго место.
...едно да ти е јасно, народ без корени ќе се истреби, џабе ми пишуваш фермани и јас сум дете кое за Нова година во плико ќе добиев 1 долар и мастика, пушти ги тие приказни, човек што си го продава своето битие, идентитет и коренот нема оправдување, затоа што во минатото гинеле за да се остане ,,Македонец" , а не за шетање, автомобил и високи плати, измачите се 20 години, па после постаните Бугари и одите си во ЕУ, а не вчера излезени од училишни клупи, со желба за 2000 Е плата, ејјј баба ми е Бугарка дај да постанам и јас Бугарин, се знаело тогаш во историјата кои биле принудени да се декларираат јавно, а сега се знае зошто, лигави генерации не ни требаат, што е до мене сите да си отидат како Бугари да видат како е животот суров токму таму каде мислат дека ќе уживаат, ама да нема пу пу не важи ќе се вратиме, таму да си останат,
Поарно двајца патриоти, макар и позади тастатура, отколу сто продадени национални души, има други можности за работа во ЕУ, а не да си го продадеш идентитетот ги читам јас таму колку водушевено и радосно пишуваат за бугарштината, а потоа истите по други теми продаваат памет осудувајќи ги луѓето за политички постапки, лицемерие до небо, посебно како модератори на форумов да пукне човек од мака, а бе Бугарин самиот поим ако се има чиста македонска крв треба да те одвраќа, а не да се постане!
 
Пак зборуваш за работи што никогаш не сум ги кажал. Ниту сум пишал дека некој треба да се чувствува Бугарин, ниту дека треба да ја заборави Македонија, ниту дека идентитетот се продава за плата. Ама мене нешто друго ме интересира. Зошто државата дошла во ситуација дел од луѓето да докажуваат потекло и спасот да го бараат преку бугарско државјанство наместо во сопствената држава? Проблемот не е во бугарскиот пасош. Ако не постоеше бугарскиот пасош, ќе беше германска виза. Ако не беше германска виза, ќе беше американска зелена карта. Луѓето не бегаат кон Бугарија, Германија или Америка затоа што ги мразат Македонија и својот идентитет. Бегаат затоа што бараат подобар живот, подобри услови и поголема перспектива за своите деца.

Бидејќи ако зборуваме за асимилација, таа не се случува кога некој ќе земе друг пасош. Асимилацијата најчесто се случува во втората и третата генерација иселеници, без разлика дали се во Германија, Австралија, Америка или Швајцарија. И тогаш причината не е пасошот, туку тоа што државата останала без луѓе и без перспектива. Ти цело време зборуваш за предците што гинеле. Во ред, почит за нив. Ама предците не гинеле за нивните потомци да живеат со 500 денари дневница, да не можат да врзат крај со крај и на 30 години да живеат со родителите. Ако веќе ги спомнуваме, сигурен сум дека повеќе би сакале нивните внуци да живеат достоинствено отколку сиромашно со „чист“ пасош во џебот.

Како бе Маре од село Самоилово е предавник затоа што решила дека веќе не може да го продава млекото по 2 денари литар, да вади 500 денари дневница и решила да замине со својот бугарски пасош во потрага по подобра иднина, а Алек од Министерството за економија со 3000 евра плата, чие најголемо достигнување е да се слика на службени патувања на кои ни самиот не знае зошто е таму, е патриот и бранител на државата? По кој критериум едниот е предавник, а другиот е народен херој? По тоа што едниот се обидува чесно да заработи за живот, а другиот има добра фотелја? Или по тоа што едниот носи пари дома од странство, а другиот ги троши парите што тие луѓе ги праќаат назад во Македонија?

На крајот, не ги бркаат луѓето од Македонија ни Бугарите, ни Грците, ни ЕУ. Ги бркаат ниските плати, непотизмот, партизацијата и чувството дека колку и да се трудиш, некој со врска ќе те прескокне. И најголемата иронија е што токму тие што ги нарекуваш „предавници“ секоја година праќаат милиони евра назад во Македонија, за партиските ботови да може да земаат плата и да продаваат приказни за мали деца.
 
Душо, не гледам што е лицемерно во тоа да им помогнеш на луѓе да се снајдат со административна постапка што веќе ја започнале.

И самата кажа „ги насочуваш“. Точно така, ги насочувам, не ги убедувам. Има голема разлика. Никому не сум рекол да вади бугарско државјанство, ниту пак сум го убедувал дека треба да го направи тоа. Луѓето доаѓаат со веќе донесена одлука и бараат информација, а јас споделувам тоа што сум го научил низ сопственото искуство.

И не, не сум платен. Само за разлика од некои други, не мислам дека патриотизам е да седиш на државна цицка, да земаш плата од буџет и да пееш „Заветна“ додека држиш лекции на другите колку ја сакаш Македонија. За мене патриотизам е да направиш нешто добро и корисно за општеството во кое живееш, да создадеш вредност, работни места, да помогнеш некому, да придонесеш на некаков начин. Многу е лесно да се продава патриотизам од тастатура и да се брои кој какво државјанство има.

И да, стојам зад тоа што го напишав пред две години и денес. Поголем патриотизам е да создадеш услови човек да сака да остане во Македонија, отколку да му држиш предавања зошто не треба да си замине. Ако државата нудеше повеќе можности, многу помалку луѓе ќе размислуваа за резервни опции. Ајде да бидеме искрени до крај. Тие што ти ги нарекуваш „бугаризирани“, што работат низ Германија, Словениjа, Швајцарија, Австрија и остатокот од Европа, се едни од најголемите извори на девизи и странски пари што влегуваат во Македонија. Секоја година праќаат стотици милиони евра кај своите фамилии, купуваат станови, градат куќи, трошат пари кога ќе се вратат дома и на директен или индиректен начин ја одржуваат економијата.

Очигледно немаме ни извоз каков што треба, ни туризам каков што треба за да можеме така лесно да ги отпишуваме тие луѓе и да ги прогласуваме за предавници. Некако многу лесно ги етикетираме како предавници луѓето што работат по 10-12 часа во странство и голем дел од парите праќаат дома, а истовремено за големи патриоти и народни херои ги претставуваме партиските ботови што цел ден висат по социјални мрежи и живеат од државни јасли.

Проблемот не сум јас што давам информација. Проблемот е што премногу луѓе чувствуваат дека мора да бараат подобри можности на друго место.
Ма ти не си патриот ти си патриотиште!
И што е важно многу сакаш да им помагаш на лујџето :pos:

Да прашам ако некој Македонец од Балгаристан побара помош да се стекне со Македонско државјанство ќе му помогнеш ли?
И уште нешто ако некој сака да се обеси дали повторно затоа што многу сакаш да им помагаш ќе му го тргнеш столчето, оти и тоа е помош!
 
Пак зборуваш за работи што никогаш не сум ги кажал. Ниту сум пишал дека некој треба да се чувствува Бугарин, ниту дека треба да ја заборави Македонија, ниту дека идентитетот се продава за плата. Ама мене нешто друго ме интересира. Зошто државата дошла во ситуација дел од луѓето да докажуваат потекло и спасот да го бараат преку бугарско државјанство наместо во сопствената држава? Проблемот не е во бугарскиот пасош. Ако не постоеше бугарскиот пасош, ќе беше германска виза. Ако не беше германска виза, ќе беше американска зелена карта. Луѓето не бегаат кон Бугарија, Германија или Америка затоа што ги мразат Македонија и својот идентитет. Бегаат затоа што бараат подобар живот, подобри услови и поголема перспектива за своите деца.

Бидејќи ако зборуваме за асимилација, таа не се случува кога некој ќе земе друг пасош. Асимилацијата најчесто се случува во втората и третата генерација иселеници, без разлика дали се во Германија, Австралија, Америка или Швајцарија. И тогаш причината не е пасошот, туку тоа што државата останала без луѓе и без перспектива. Ти цело време зборуваш за предците што гинеле. Во ред, почит за нив. Ама предците не гинеле за нивните потомци да живеат со 500 денари дневница, да не можат да врзат крај со крај и на 30 години да живеат со родителите. Ако веќе ги спомнуваме, сигурен сум дека повеќе би сакале нивните внуци да живеат достоинствено отколку сиромашно со „чист“ пасош во џебот.

Како бе Маре од село Самоилово е предавник затоа што решила дека веќе не може да го продава млекото по 2 денари литар, да вади 500 денари дневница и решила да замине со својот бугарски пасош во потрага по подобра иднина, а Алек од Министерството за економија со 3000 евра плата, чие најголемо достигнување е да се слика на службени патувања на кои ни самиот не знае зошто е таму, е патриот и бранител на државата? По кој критериум едниот е предавник, а другиот е народен херој? По тоа што едниот се обидува чесно да заработи за живот, а другиот има добра фотелја? Или по тоа што едниот носи пари дома од странство, а другиот ги троши парите што тие луѓе ги праќаат назад во Македонија?

На крајот, не ги бркаат луѓето од Македонија ни Бугарите, ни Грците, ни ЕУ. Ги бркаат ниските плати, непотизмот, партизацијата и чувството дека колку и да се трудиш, некој со врска ќе те прескокне. И најголемата иронија е што токму тие што ги нарекуваш „предавници“ секоја година праќаат милиони евра назад во Македонија, за партиските ботови да може да земаат плата и да продаваат приказни за мали деца.
...сите кои си одат ќе бидат секогаш странци таму каде ќе идат, па колку сакаш генерации да се сменат, во своја татковина е друго, ама ти тоа и другите не можете да го сватите, јас сум потомок на деца бегалци и знам што значи егзодус на моите претци, вратени во ова Македонија на ист начин неприфатени од овие (вардарски) Македонци,таму во Егејска Македонија каде куќата на семејството е селска болница национализирана, таму се корените, таму се тие дома, овде само вперување со прст ,,вие сте Егејци" да ве нема од каде сте дојдени!

...впрочем зошто има тема за ,,бугарско државјанство" , а за грчко државјанство отиде во ,,канта" затворена?

...може доби друг тек коментарите, но можеше да се пренасочи и подобри според насловот да биде соодветно,

...политички целта е завршена Грција си заврши работа ,,државното име ни е сменето, потпишано дека нема Македонци во Грција" и веќе нема потреба за такви теми, на ред е апетитите на Бугарија со бугаризација на македонско население, кој помага во тоа не ќе да е патриот, па до утре да ми пишуваш, децата бегалците ги јаделе сопствените вошки, ама останале Македонци, точка!

... @Klin што ти е толку смешен мојот коментар, те мислев за коректен,
 
Не е темава баш за новата вмро влада пошто ни започнаа ни вршат пропаганди за државјанства. Но, ајде. Ова повеќе ми личи на еден социолошки, економски, социјален, како сакате, експеримент. со Македонија. Од осамостојувањето.
Буквално планирано осиромашување на народ, распродадена индустрија, бадинтер и борци за правда, опустошено земјоделие, огромни внатрешни миграции, а од војната посебно 1999-2000 наваму масовни емиграции (втор или трет бран на македонците во сфрј и РМ), слабеење и или распад на сите институции, големо раслојување и неказнивост (распаднато судство и полиција) на економски криминали и ред прекршоци и криминали за кои се одговорни посочените. Намалување на инспекторати, партизација на неспособници посебно од 1999 наваму, уфрлање на невладини во влијание врз државата (као мцмс и шарените нго револуционери). Башка издаваните раазговори меѓу функционери во јавност, тоа беше ептен од некого планирано, а остварено преку сдс.

Од друга страна имате јавна дозвола од еу, бугарите да даваат пасоши во кои беа спомнати мноштво афери итн итн.
А сето ова е контролирано и управувано од меѓународниот "фактор" (врз нашите влади и олигарси и општествените текови). Не смее да простите да оди по нужда ако не го праша швабата, Калето или кралицата.
Значи не е до бојата вмро туку до сите функционери (со исклучок на еден навистина реформски период од 2006-2008 или 2009) коа имаше економски пресврт ама се замешаа брачедите па и тоа отиде погрешна насока и се створи вештаачки револт, за жал. Ги менуваат партиите, економските планови, законите, дуповите и принципите како чорапи.
Значи доличната еу, од една страна има/ше миљон забелешки во извештаите од секогаш, а сега единствен услов им е бугарштината. Дури еден период дал еу дал не знам кои, го избришаа нашиот јазик од постоење.
Не ви е сето тоа повеќе од очигледно, местење на сложувалките? За циа порано се говореше дека по региони планира политика најмалку деценија претходно.

Така да, само и исклучиво во темава да се кажува, индиректно насочува исклучиво кон вмро, што не е точно.
Можеби е темава за политика повеќе.

Инаку лично јас не влегувам во темата за тие пасоши, ниту помагам некому, но ги разбирам и оние кои тоа го прават. Па мои школски генерации избегаа на тој начин, бегајќи од многу мали плати, расипан систем, нефункционални институции, корумпираност до даска и партизација до гуша, дури и во приватниот сектор.
 
Ма ти не си патриот ти си патриотиште!
И што е важно многу сакаш да им помагаш на лујџето :pos:

Да прашам ако некој Македонец од Балгаристан побара помош да се стекне со Македонско државјанство ќе му помогнеш ли?
И уште нешто ако некој сака да се обеси дали повторно затоа што многу сакаш да им помагаш ќе му го тргнеш столчето, оти и тоа е помош!
Значи според тебе давање информација за законска постапка е исто што и тргање столче на човек што сака да се обеси? Малку морбидна споредба, ама добро.

Ако навистина мислиш дека неколку форумски постови се доволни некого да „бугаризираат“, тогаш проблемот не е во моите постови, туку во твојата претстава колку се цврсти убедувањата на тие луѓе и колку навистина се сигурни во својот македонски идентитет. Ако идентитетот може да го смени еден форумски совет или информација за административна постапка, тогаш проблемот очигледно не е во форумот.
...сите кои си одат ќе бидат секогаш странци таму каде ќе идат, па колку сакаш генерации да се сменат, во своја татковина е друго, ама ти тоа и другите не можете да го сватите, јас сум потомок на деца бегалци и знам што значи егзодус на моите претци, вратени во ова Македонија на ист начин неприфатени од овие (вардарски) Македонци,таму во Егејска Македонија каде куќата на семејството е селска болница национализирана, таму се корените, таму се тие дома, овде само вперување со прст ,,вие сте Егејци" да ве нема од каде сте дојдени!

...впрочем зошто има тема за ,,бугарско државјанство" , а за грчко државјанство отиде во ,,канта" затворена?

...може доби друг тек коментарите, но можеше да се пренасочи и подобри според насловот да биде соодветно,

...политички целта е завршена Грција си заврши работа ,,државното име ни е сменето, потпишано дека нема Македонци во Грција" и веќе нема потреба за такви теми, на ред е апетитите на Бугарија со бугаризација на македонско население, кој помага во тоа не ќе да е патриот, па до утре да ми пишуваш, децата бегалците ги јаделе сопствените вошки, ама останале Македонци, точка!

... @Klin што ти е толку смешен мојот коментар, те мислев за коректен,
Разбирам зошто така размислуваш ако семејството ти поминало низ тоа што го опишуваш. Искрено, никој не може да остане рамнодушен на таква приказна. Јас немам намера да го омаловажувам искуството на Егејците ниту жртвите што ги поднеле. Напротив, имам почит кон тие луѓе. Исто така, не гледам како информација за постапка е еднаква на бугаризација. Ако некој веќе решил да аплицира, информацијата не ја носи одлуката наместо него.

Иронијата е што додека ние на форум се расправаме кој е поголем патриот, Македонија секоја година губи илјадници луѓе. Не поради Бугарија, не поради Грција, туку затоа што едноставно не гледаат перспектива тука.

А за темата за грчко државјанство, искрено немам ништо против да постои и таква тема. Кој има право на грчко, бугарско, американско или австралиско државјанство и сака да праша за процедурата, не гледам проблем да добие информација. Мене повеќе ме загрижува зошто толку луѓе воопшто бараат алтернативи надвор од Македонија, отколку преку која процедура го прават тоа. Бидејќи на крајот и јазикот и културата и историјата и традициjата ги чуваат луѓе. Ако луѓето си заминат, тогаш нема кој да ги чува.
 
.сите кои си одат ќе бидат секогаш странци таму каде ќе идат, па колку сакаш генерации да се сменат, во своја татковина е друго,
Што значи секогаш да си странец таму кај што одиш? Онака во кратки црти ако може малку подетално, чисто да е појасно до кој степен во партија можат да ви го изгорат мозокот.
 
Значи според тебе давање информација за законска постапка е исто што и тргање столче на човек што сака да се обеси? Малку морбидна споредба, ама добро.

Ако навистина мислиш дека неколку форумски постови се доволни некого да „бугаризираат“, тогаш проблемот не е во моите постови, туку во твојата претстава колку се цврсти убедувањата на тие луѓе и колку навистина се сигурни во својот македонски идентитет. Ако идентитетот може да го смени еден форумски совет или информација за административна постапка, тогаш проблемот очигледно не е во форумот.
Не бе таман работа давање на информации за стекнување со болгарско државјанство е патриотски чин, ако не ми верваш мене прашај го брмбрмбрм.
Околу морбидноста (илити црн хумор) уштењ по морбидно е кога Македонија секоја година добива десетици илјади новокреирани Болгари, ама како за кого, за некои тоа е посакувано сценарио.

Аха, значи тие не се сигурни дека се Македонци па треба да им се помогне да стануат Болгари, е добро сега ми се јасни мотивите, не е за пари ами од чисто хуманитарни причини е работата.
Бугаризација е реалност која ни се случува на нас Македонците останатите само ликуваат на таквиот “пријателски“ однос, се надевам дека наскоро ќе отпочне и процес на бугаризација на “Егејците“ па конечно Солун да си добие заслуженото место.
Тие што стануат ТутаБолгари за пари или од некоја друга причина се згубидани и со право македонскиот народ ги етикетира како предавници, затоа што со нивниот чин не стануат само тие Тутаболгари ами и своите предци (татко, мајка, баба. дедо. прадедо ...) ги прават Болгари, за да се стекнат со болгарско државјанство треба да докажат дека имаат болгарски корени и за оваа ли им даваш информации или се запознаени со истото ;)

Разбирам зошто така размислуваш ако семејството ти поминало низ тоа што го опишуваш. Искрено, никој не може да остане рамнодушен на таква приказна. Јас немам намера да го омаловажувам искуството на Егејците ниту жртвите што ги поднеле. Напротив, имам почит кон тие луѓе. Исто така, не гледам како информација за постапка е еднаква на бугаризација. Ако некој веќе решил да аплицира, информацијата не ја носи одлуката наместо него.
Само да се потсетиме “Егејците“ се Македонци кои се под грчка “администарција“ (тие се од бога дадени да администрираат ние не сме за тоа надарени) и нивно етикетирање поинаку е исто така од чисто патриотски причини, патриотизам на стероиди.

Иронијата е што додека ние на форум се расправаме кој е поголем патриот, Македонија секоја година губи илјадници луѓе. Не поради Бугарија, не поради Грција, туку затоа што едноставно не гледаат перспектива тука.
Така е, а не гледаат перспектива тука најмногу заради политиката на Болгарија, Грекија и ЕУропските демократии и другите стратешки партњори кои веќе 35 години работат на проблемот. Долгорочно перење на мозок секогаш ги дава резултатите... ај што не работат па уште и ни се сервира гледиште дека тоа било по наша вина демек не сме способни ние сме тупи глупи а тие знаат и се многу паметни ... трагедијата е во тоа што не само што се прифајча ваквиот наратив ами истиот се пласира понатаму.
Автоматски споено мислење:

Што значи секогаш да си странец таму кај што одиш? Онака во кратки црти ако може малку подетално, чисто да е појасно до кој степен во партија можат да ви го изгорат мозокот.
не знам дали ќе да е одговорот задоволувачки ама велат дека е прилично добар,

  • Хаха
Reactions: y2k
Што значи секогаш да си странец таму кај што одиш? Онака во кратки црти ако може малку подетално, чисто да е појасно до кој степен во партија можат да ви го изгорат мозокот.
...кога ќе доживееш егзодус само со гаки на тебе гладен и бос и ќе бидеш малку покултурен во пишување ќе ти објаснам и полесно ќе разбереш, вака со ајфон од 500 Е во џеб слабо ќе ме разбереш!

...тој што пишува нон стоп ,,партија ви го изгори мозокот" ќе да е тој истиот во партија и од таквите патиме, јас воопшто немам изгорен мозок, ни знам кој така те научи да се изразиш и не намеравам да се расправам со такви особи, најди некој друг(а)!
 
Back
На врв Bottom