Новата Влада на ВМРО ДПМНЕ/ВРЕДИ/ЗНАМ

Член од
29 септември 2013
Мислења
719
Поени од реакции
605
На Мицко нема да му доjде умот и ке тера инает до краj.
И жабите веќе знаат за што се работи, но ,,војводата,, си знае истото - бугарски диктат... Бриселски диктат...бла ..бла ..бла...

Честитки за србскиот свет...
Незнам зошто вие татарчињата никогаш не ја критикувате Србија директно, туку секогаш тоа оди преку Македонија. Зошто бугарските политичари никогаш на Вучиќ не му речат “српски свет“, “белградско влијание“ и слични глупости. Зошто бугарија не бара историска комисија и со Србија туку само со Македонија. Кога ќе се менуваат српските учебници? Се плашите ли од Вучиќ? Најитересно е кога ќе кажат дека Македонија била многу блиска со Русија.
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.616
Поени од реакции
711
Незнам зошто вие татарчињата никогаш не ја критикувате Србија директно, туку секогаш тоа оди преку Македонија. Зошто бугарските политичари никогаш на Вучиќ не му речат “српски свет“, “белградско влијание“ и слични глупости. Зошто бугарија не бара историска комисија и со Србија туку само со Македонија. Кога ќе се менуваат српските учебници? Се плашите ли од Вучиќ? Најитересно е кога ќе кажат дека Македонија била многу блиска со Русија.
За жал, Мицко е тој што ја влече државата кон Русија. Првиот пријател ви е Србија (проруска земја), а втората е Унгарија (со антиевропски ставови), па Турција која сака да се приклучи на БРИКС. Не сака да ги исполни европските барања. Насоката на Мицкоски е јасна.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.877
Поени од реакции
5.000
За жал, Мицко е тој што ја влече државата кон Русија. Првиот пријател ви е Србија (проруска земја), а втората е Унгарија (со антиевропски ставови), па Турција која сака да се приклучи на БРИКС. Не сака да ги исполни европските барања. Насоката на Мицкоски е јасна.
Аууууу...:facepalm:

Ете гледаш и сам дека станува јасно кои држави ни се пријатели, а кои ни се непријатели.

Твојата Бугарија сигурно не е...
 
Член од
30 октомври 2021
Мислења
1.629
Поени од реакции
3.782
Грозјето е кисело, Мицко е во право, а ние сме патриоти под пареа... Само напред.
:oeoeoe:
 
  • Хаха
Reactions: A__

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.806
Поени од реакции
1.557
Абе ги слушам , читам и не ми е јасно еу та еу и што еве утре да се внесат бугарите знаеме што ќе се случи оп ново вето. Знаете зошто пренатрупана јавна администрација, ниво на корупција од невидени размери.. Земи бре напрај реформи создади услови да сакаат да си во таа унија , а вака сме како да и се пушташ на некоја женска , а таа гледајќи дека си подготвен на се занеа си игра мајтап со тебе. Намали корупција , создавај писмен народ, произведувај си ја храната , прави економијата напред па да видиме како ќе биде тогаш. Знаете кога ние ќе станеме ние членка никогаш! Вакви со никаква економија и корупција не сме интереси ама ич. Еве и да ги ставиш бугарите во уставот таа иста Бугарија одма ќе стави ново вето вадејќи листа дека овде има 200000 па кај им се права, вработување во јавна администрација и така. Укини бре тоа државни институци и измислени места , а не ваму балансер или незнам сеа каков закон , а поим се нема од работа...
 
Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.404
За жал, Мицко е тој што ја влече државата кон Русија. Првиот пријател ви е Србија (проруска земја), а втората е Унгарија (со антиевропски ставови), па Турција која сака да се приклучи на БРИКС. Не сака да ги исполни европските барања. Насоката на Мицкоски е јасна.
Не. Ајде да ти објаснам нешто.
Дури и при други политички околности, еве да речеме про-европски или про-амерички паралелен Универзум во кој знамето на Србија се вее до тоа на Белата Куќа - ние како Македонци пак ќе си сме со Србија. Во тој случај про Амерички, ако веќе таа хипотетички движи натака.

Незнам како да ти објаснам на тебе татарско, турско или можеби? оставштина од нешто тракијско грефче, ама вистината е оваа - Македонците од најстари времиња циркулирале заедно со Србија и Црна Гора.
Еве да се вратиме на најстарите времиња, пред словенска миграција кај нас, пред средновековни империи, пред Христијанство, пред се. Дури и во Антика, Александар ко дете бил пратен од Пела да учи да мечува во воен камп во денешна Подгорица. Оваа наша Македонско-Илирска афера трае, и ќе трае. Дали сме ние мешани со Словени денес или не, е небитно, ние сме едно та исто и си функционираме ко тогаш. Тој што сме го почитувале тогаш, тој го почитуваме и денес.
Секој Србин ми рекол дека најслични им сме ние Македонците и по убаво и по страдања. Иако сме (физички гледано) ДОСТА различни. Ова е факт, а во последниве децении посебно во страдањето сме заедно. Затоа ги поштуваме. А не дека србинките се сексилјави, згодни целите, а богами и високи, во споредба со тие вашите преебани, на пример.

Седи си во тоа ЕУто, не му ја мисли на нас поќе. Ти посакувам просперитет.
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
719
Поени од реакции
605
За жал, Мицко е тој што ја влече државата кон Русија. Првиот пријател ви е Србија (проруска земја), а втората е Унгарија (со антиевропски ставови), па Турција која сака да се приклучи на БРИКС. Не сака да ги исполни европските барања. Насоката на Мицкоски е јасна.
Аааа тоа ли ве боли, што првиот пријател не е бугарија. Па ние не бевме 15 советска република, вие бевте. Нас не не ослободи Русија, вас ве ослободи. Ние немаме руски споменици, вие имате. Ние немаме руски зборови во јазикот, вие имате. Не е наш Филип Киркоров, ваш е и и руски е. Зошто вие толку ја мразите Русија, што толку лошо ви направила па вашите политичари се натпреваруваат кој повеќе ќе ја плука? Македонците во последните 30 години имаат иста став кон Русија, а тој е веројатно неутрален или 50:50, за разлика бугарија и Србија кои крв би дале за неа. Поголеми русофили од вас татарите на балканов нема, но морате да глумите нешто друго заради ЕУ.
 
Последно уредено:

Sikimco

Подобро ужасен крај, одколку ужаш без крај
Член од
25 јули 2011
Мислења
513
Поени од реакции
217
Може да се чукаме у гради за се и сешто дека сме најстар народ на Балканот, дека од античките македонци па до ден денес ние сме со македонски корени, а забраваме дека иднината и минатото одат во различни насоки. Повеќе од очигледно е дека сами сме неспособни да водиме држава, болниците ни се потпираат на донации, пожарите чекаме да ни ги гаси некој друг, болните ги лекуваме преку СМС пораки, за безбедност се потпираме на сојузниците, општините ни се празнат од ден на ден, а ние водиме политички битки за историја човече, не за иднината него за историјата. Има една еврејска клетва вели да имаш па да немаш, е ние сме баш така, добивме држава на тацна, без војна но и ја е**вме мамата максимално што може и ете тука сме кај што сме. Неможеме да се помириме што Бугарија и Албанија во времето на комунизмот биле многу чекори поназад од Југославија, но луѓе веќе не сме во Југославија. Да, уште ги слушам тие муабети “за две червени”, поминато е бе тоа луѓе, одамна ги нема тие “червени” и ги нема тие кои се продавале за тие “червени”. Види ја Словенија, по осамостојувањето до денес, светлосни години пред нас, го имаат еден од најчистите градови во светот, за нас тоа е научна фантастика. Види ја Бугарија, веќе 17 години во ЕУ, имаат стандард многу повисок од нашиот, Софија со второ најдобро метро во Европа, пак научна фантастика за нас. Нашето Скопје тоне во ѓубре и неможе да го реши проблемот со градскиот превоз. Изиграваме некој хард кор патриоти и водиме инает, нема проблем може и така да тераме, но пред да одиме по тој пат предлагам сите да поминете низ северот на Косово (Лепосавич, Сочаница, Јариње) кај што живеат патриоти и несакаат да се интегрират во системот. Видете во какви куќи живеат, во какви услови живеат па после одлучете се за тој чекор. Изгубивме многу генерации и уште многу ќе изгубиме, не си патриот ако водиш дебата дека Гоце Делчев е само македонски војвода, патриот си ако за некој Гоце од Македонија створиш подобри услови за да не се отсели и остане тука да живее. Водиме крвави битки за толкување на историја? Со тоа темпо за неколку децении ќе нема кој да ни ја учи таа историја.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.399
Поени од реакции
9.024

И викаш ако се прифатат сите уцени овие проблеми што си ги наштракал, сами ќе исчезнат, за гревој, треба работа бе, не пушење курови на кој што ќе ти побара.
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.381
Поени од реакции
3.567

Ako ne ti se svigja tuka, emigriraj si vo Albanija i zivej si tamu.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.116
Поени од реакции
30.182
Изгубивме многу генерации и уште многу ќе изгубиме, не си патриот ако водиш дебата дека Гоце Делчев е само македонски војвода, патриот си ако за некој Гоце од Македонија створиш подобри услови за да не се отсели и остане тука да живее. Водиме крвави битки за толкување на историја? Со тоа темпо за неколку децении ќе нема кој да ни ја учи таа историја.
Јас сум убедена дека мизеријата е резултат на вакво ограничено мислење, такви луѓе го донесоа Заев на власт од каде почнаа сите проблеми, дека мора да бираш едното или другото.

Што ве прави поглупи е тоа што не учите од грешки, и тоа не од одамна, туку пред скоро се смени името, нема 10 години.
 
Sikimco

Подобро ужасен крај, одколку ужаш без крај
Член од
25 јули 2011
Мислења
513
Поени од реакции
217
И викаш ако се прифатат сите уцени овие проблеми што си ги наштракал, сами ќе исчезнат, за гревој, треба работа бе, не пушење курови на кој што ќе ти побара.
Нема преку вечер да исчезнат, но постепено и периодично ќе се намалат.
Ako ne ti se svigja tuka, emigriraj si vo Albanija i zivej si tamu.
Утре оваа истото им го кажи на твоjте деца кога ќе одат на бараат работа и ќе им понудат плата од 28.000 ден.
Јас сум убедена дека мизеријата е резултат на вакво ограничено мислење, такви луѓе го донесоа Заев на власт од каде почнаа сите проблеми, дека мора да бираш едното или другото.

Што ве прави поглупи е тоа што не учите од грешки, и тоа не од одамна, туку пред скоро се смени името, нема 10 години.
Заев никoгаш не сум го подржувал ниту пак сум го гласал. Убаво кажа скоро го сменивме името, 97ма се бараше само да се смени името за надворешна употреба, тоа беше единствениот спор, не ни се допаѓаше, чекавме подобри времиња. На краj го сменивме името и за домашна и надворешна употреба и се откажавме од античката историjа. Времето не работи во наш прилог, на ЕУ не сме им потребни ние, тие се околу 450-500 милиони народ голем пазар, на нас ни е потребна ЕУ и колку и да е тешко но од нас се очекува да правиме отстапки, како што направи и Хрватска и Албаниjа, како што ќе направи и Србиjа со Косово, колку повеќе "преговараме" толку повеќе отстапки правиме и уште повеќе ќе треба да направиме.
 
Sikimco

Подобро ужасен крај, одколку ужаш без крај
Член од
25 јули 2011
Мислења
513
Поени од реакции
217
како ? со работа или со пушење курови ?
Сите балкански земjи Словениja, Бугариja и Хрватска ( за балтичките и центрано европските не сум сигурен) кога се придружиле во ЕУ имало период на раст на отселувањето и после тоа се нормализират (со доселуње на граѓани од земjите од Западен Балкан во нивните држави). Како се решаваат другите проблеми ? Е тоа очигледно со туѓ стап кога ќе замават оти тогаш неможе власта да си го местат братучедот, чичкото или тетинот на по позиции него ќе мора работа, резултати, на краj ревизиjа и одговорност. Во Хрватска (мислам дека беше минатата година) за 50.000€ скандал со мито и корупциjа се крена прашина и истрага, каj нас за добро утро лапат повеќе мито. Си ги местат тендерите како 1 и 1 што се 2, експлоатираат труд на работниците за никакви пари, а газдите си ги полнат џебовите со пари што незнаат како да ги трошат. 33 години независност и 33 години се тера истиот филм, само глумците се менуваат, очигледно сами неможеме или незнаеме како, трето нема.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom