Изминатава недела често користам BinBin додека колата ми е на сервис, па еве неколку впечатоци од прва рака:
• Од десетина испробани тротинети, НЕМА ЕДЕН асален. Или не работат кочници, или цело време се закочени, или нема ѕвонче, нема штендер… Буквално ниту еден што го пробав не беше целосно исправен и сите беа ризични за возење, некои помалку, некои повеќе. Искрено, верувам дека дел од несреќите се случуваат токму поради ова. Ги проверува ли некој воопшто?
• Претерале со „забранетите зони“. Во Аеродром на повеќе места ми се исклучува „гасот“ затоа што сум во близина на касарна, на граница со Лисиче или од десната страна на Трета македонска бригада. Иако реално не си во забранета зона, GPS-от е непрецизен и тротинетот едноставно престанува да вози. Па после го туркаш додека не „излезеш“ од зоната.
• Поддршката им е катастрофа. Поради нефункционален тротинет отворив рекламација за поврат на средства. После 10 минути допишување со бот, конечно се јави оператор и како „компензација“ ми вратија точно 1 денар.
• И на крај, цените им се нереални. Ако не ви е јасно зошто сите возат како луди со максимална брзина, тоа е поради 12 денари по минута. Од Аеродром до Дебар Маало ме фати поскапо од такси (272 ден.). Да не ми беше стварно потребно, никогаш не би ги користел по овие цени. Со 5-6 денари по минута би имале многу повеќе корисници, а и возењето ќе беше далеку помирно.
И уште нешто, неповрзано конкретно со BinBin: сметам дека во Македонија мора да се воведе регистрација за електрични тротинети, исто како за скутери, со таблички и некаков симболичен еднократен трошок. Ќе те удри некој и нема шанси да знаеш кого да пријавиш. Во Германија, а верувам и во многу други држави, тротинетите имаат регистарски таблички.