Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Успеав да бутнам личен на полу за 15 секунди, новиот гласи 1:24:20. И тоа стариот датира од пред 6 години, каде што бев добри 5-6 килограми послаб и каде што многу помалку тренинзи ми беа потребни да се спремам за тој резултат споредбено со денес. Сега после илјадници и илјадници километри во тренинг повеќе, неколку неуспешни обиди за нов личен, конечно се наместија коцките, да сврзам константна дисциплинирана тренинг програма, без значителни повреди, плус идеални временски услови за трчање и дојде личниот. Доста жртва за 15 секунди ама вредеше, убаво е чувството. А и да нема трки, јас посекако ќе сум на кеј да си трчам дека ми е навика и терапија, еден разговор сам со мислите. Сега наредна недела трчам Загребски полумаратон исто и би требало да е тоа крајот за оваа година (максимум уште по некоја 5ка трка локална). Браво за сите што истрчавте денес, ви посакувам побрзо закрепнување на сите.
Bravo, 1:24 ne e zaebancija, alal da ti e.
 
Честитки доста јако !!
 
За сите што следат спортски часовници неколку спортски брендови произведоа нови часовници :
Garmin : Venu 4, Vivoactive 6, Forerunner 570, Forerunner 970, X1
Suunto : Run, Race 2, Vertical 2
Coros : Nomad, Apex 4
 
Нешто ново околу техниката на 10.11.2025 ќе биде промовиран новиот Coros Pace 4.
 
Имал некој проблем со „спарување“ на телефонот со гармин саат ? Откако го сменив телефонов никако да ги поврзам, пробав се и сешто. Рестартирање, апдејт на апликациии и никако да се поврзат на телефонов не ми го наоѓа преку блутут саатот
 
Да пробаш со QR?
Settings од саатот - connectivity - phone
 
Здраво на сите,јас имам 40 год и лани есента за прв пат почнав со трејл трки.Трчав на Голак,Гратче во Кочани и Струмина Штип.Завршував некаде во првата третина трчам еднаш неделно по 4/5 км сега за трките ќе зголемам нешто пошто ова е мн малку.Ви посакувам многу здравје,среќа и дружење на сите настани на кој ќе учествувате годинава.
 
И јас лани прв пат пробав трејл на Водно Матка и ми влезе чивијата ми се виде многу поинтересно па трчав и во Охрид. Многу повеќе трки имав во 2025 на асфалт ама годинава планирам здравје да биде обратно, многу повеќе трејл а овие на асфалт ќе бидат на минимум

Сакам годинава 50к на Водно и 64к во Охрид како главни трки ама ќе видам како ќе бидам спремен до тогаш :)
 
Па тоа сега е зима повеќе трчаме во фитнес одколку надвор а на лента е досадно.Ајде уште малку ќе скокнат тем па ќе може без проблем да се трча надвор.
 
Последно време имам болки на глуждовите ако имате некој совет кажувајте бидејќи почнува да ми смета и на трчањето поготово на лента
 
Последно време имам болки на глуждовите ако имате некој совет кажувајте бидејќи почнува да ми смета и на трчањето поготово на лента
Ќе си ставаш мразче неколку пати во денот по 12 минути, ќе ги држиш нозете во вис по неколку пати во денот по 12 минути, ќе правиш feet exercises еднаш во денот по неколку минути, види да не ги стегаш многу патиките, да не треба нови патики...
 
Дарио второ место во Белград со луд резултат 2:09:35. Ова според мене e негов најдобар маратон истрчан со оглед на угорниците во Белград и со оглед на тоа што температурата е 17 степени. За споредба Севиља 2:08:26 беше на идеални 8 степени и на рамна писта патека. Белград е меѓу најбруталните патеки, вчера сите полумаратон што трчаа кажаа дека најтешка трка им е во животот оваа, јас исто како најтешка моја трка во животот ја памтам (2022 година трчав таму). Чисто само да ви доловам колку е луд резултатот, еве ви топ10, Кенијци мачкани на леб, Европејци не постојат на мапа:

1776590733831.png

Убаво ќе беше медиумското внимание наместо да биде посветено на Дпмне и Сдс и да не трујат со меѓусебни обвинувања, да се зборуаше малку повеќе за великанот Дарио Ивановски, сведочиме на историја... Не сме свесни што имаме, не знаеме ни да го цениме, дијамант е ова. Гордост најголема.
 
Последно уредено:
Годинава сменета беше трасата, побрза е патеката, затоа паѓаа рекордите и на 21 и на 42к.
Сакаат да привлечат повеќе елитни тркачи, а следната година кај нив е и европското во маратонско трчање.

Без оглед на тоа, факт е дека Белград и со оваа траса е тежок за трчање (го имам трчано и јас пред 3-4 години на 21к) и дека ова е фантастичен резултат за Дарио.
Го гледав маратонот на Арена, на 4-5 км пред крајот, Дарио беше втор а овој што победи трет. Водечкиот во тој момент (кениецот што на крајот заврши трет) им бегаше половина минута. Сепак етиопиецот што победи имаше луд финиш и Дарио не можеше да го прати и заврши втор.

Но кога ќе слушнеш колку луѓето од целиот Балкан го почитуваат Дарио и се восхитуваат на тоа што го прави бидејќи никој никогаш на Балканот немал вакви резултати (србите беа воодушевени), а кај нас тоа поминува туку така, не треба да се лутиме што македонците од дијаспората не сакаат да настапуваат за нас.
Колку пари толку музика. Дарио да беше од Шведска ќе беше национална икона.
 
Back
На врв Bottom