Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Прв пат после долго време не ми беше ќеф да ја гледам репрезентацијата. Цела таа насилна смена уште пред баражот и ширење негативност уште од летово навака. Нормално дека сакав и навивав да победиме, ама прв пат бев убеден дека ќе загубиме и тоа убедливо. Имавме супер квалификации и серија официјални натпревари без пораз плус пласман во лига нации Б, без разлика на оној пораз од Велс. Тоа веќе тешко да го видиме.
На утакмицата немаше никаква хемија, никаква идеја, никаква игра без да се пренесе топка напред. И најтрагично што со таква одбрана што ни ја извадија, не се ни обидовме да направиме нешто. Костадинов фалеше да пресекува топки во нашиот дел и мислам дека тука и плус неиграњето на класични бекови. Ашковски може двеста клубови да смени, за репрезентацијата стално давал максимум - така и против Англија дома кога влезе. Или тој или Илиевски ќе беа добра опција против Данска. Очекувам да го повика и Омергол за следниве Лига Нации против Шкотска и Швајцарија на гости со изговор дека "ни треба свежина, играме 4 натпревари едно по друго". :facepalm:

Милевски е тренериште и господин во секоја смисла на зборот за сељачиштето што сега е на клупа, ова е само почеток на потопот на македонската фудбалска репрезентација на чело со него.

Мислам дека допрва ќе плачеме по Боби и ќе сфатиме колку всушност го вадел максимумот од дибидусиве на терен.
Апсолутно! Ама толку се дробеше против него, па еве сега нека си го гледаат Седло на клупа.
 
4 години сме немале победа над репрезентација која е во топ 100, последната е онаа над Италија во баражот за претходното СП, и толку, тука застануваме.
Додадете ги на ова и резултатите на младинската репрезентација, а да отидам и пошироко еве, додадете и успеси на кошаркарска репрезентација моментално, и сениори и младинци, успеси и на ракометна репрезентација, сениори и младинци ... го пратите патернот?

Спортот кај нас умира, водечките спортови во моментов, а и со години буквално се во клиничка смрт, и никој апсолутно никој ништо не превзема во врска со ова.
 
Да не знае човек кој е полуд, дали ние што сметаме дека и тренер и играчи се тешка мизерија во ранг на Луксембург или оние што очекуваа(т) дека имаме квалитет да парираме на топ 8 репрезентација во Европа.
 
Милевски барем беше посветен и се гледаше дека работи нешто може не е најдобар тренер али бар имаше некои идеи у глава комбинации формации и верувам дека доста време поминувал у анализи и креирање стратегии(барем мене таков впечаток ми остави)... а овој коњов мислам дека нема посветено 15 мин. на било што во врска со репкава мислам дека не ни знае кого викнал зашто, 20 мин пред утакмица вајда им кажал ти ваму ти таму ко на терминче коа играме.
 
Почнаа проблемите Миовски и Трајковски си заминале... Изгледа Седлоски ке биде селектор само за овие две утакмици
 
Почнаа проблемите Миовски и Трајковски си заминале... Изгледа Седлоски ке биде селектор само за овие две утакмици
Ѓоре Јовановски фазон. Ама, ако стварно си отишле зошто биле незадоволни од минутажата, не ни треба да ги викнат пак. Не може некој така во репрезентација да се однесува.
 
Ѓоре Јовановски фазон. Ама, ако стварно си отишле зошто биле незадоволни од минутажата, не ни треба да ги викнат пак. Не може некој така во репрезентација да се однесува.
Точно, но оваа утакмица не беше било каква туку круна, финале на еден циклус, на една цела генерација. И не можеш со Растодер - Ќамили како и да ја свртиш работата.
 
Ако ја мигрираме у Јужна Америка тек тогаш бел ден нема да видиме...
Да, мислев Средна Америка...
Автоматски споено мислење:

Почнаа проблемите Миовски и Трајковски си заминале... Изгледа Седлоски ке биде селектор само за овие две утакмици
ако се задржи подолго ќе треба навивачка група коњушари....проблемот со селектори ех фудбалери е што не се добри во избор на фудбалери и благовремена промена на тактики, замени по примање на гол(ови) е закаснета изнудица
 
Последно уредено:
Ако ништо друго од америте сме подобри. Тие 5 примија дома од Белгија.
 
Back
На врв Bottom