ДК,
Не верувам во клетви, но ми се случија серија настани кои ги затресоа столбовите на мојот верски храм!
Минатата недела ја зденав главата во метален столб, ми отече, среќа во несреќа имам подолга коса, па си направив минишишка со кои ја покрив, инаку ќе се шетав ко Роки, ко тепан.
Потоа два дена, од некоја мистериозна причина, ми течеше крв од нос. Дали беше како последица на повредата или си пукнале капиларите, никогаш нема да дознаеме, ама и тоа го ставив под контрола.
По тие два дена, два дена ме уби грозница, главоболка, болка во мускулите. Останав дома ден-два да се опоравам. Мислев дека ќе се одморам до понеделник, ама домашните имале планска анализа за престојниот продолжен викенд.
Продолжен викенд, работна акција, треба да исчистиме еден дел од плацот на викендичката, порано имало неколку куќи направени од камен, кој се парцијално урнати. Камењата мора да се тргнат, да се исчисти просторот, за да можат господата натамошно да си го планираат и користат. Океј, ајде, најголемиот дел од просторот го средив, ама го ебав прстот. Средниот. Здравјето му го земав. Сега е сив. Помодрен. Среќа не е скршен, ама извесен период ќе се шетам со фластери. Кој и да ме праша како ти е прстот, инфантилно му одговарам:

. Не можам да го искривам, цело време ми е дигнат.
Што е повредам следно? Или конечно ќе излезам од оваа серија повреди? Дел се по моја вина, веројатно и сите, пред се затоа што сум смотан, паметот ми лета додека работам. Знам дека дел од луѓето уживаат во туѓата болка, во патењето, дел туѓото страдање им доаѓа смешно, но и знам дека твоите форумџии не се такви луѓе, тоа се сочувствителни особи кои некогаш поминале низ овој процес, почувствувале повреда на своја кожа.
И не ми е првпат, на левата рака имам две лузни. Едната ми е од чаша, која ми падна додека ја миев. Втората ми е исекотина од лим, тогаш среќа не ја закачив вената. Како дете, два пати ме погодија со камен во глава, со крв, со снимање, со сите манири, можеби и затоа денес сум ваков каков што сум. И тоа никогаш нема да го дознаеме. Се сеќавам кога вториот пат ме снимаа, имав 4-5 години, се борев како витез. Моите ме држеа за рацете, доктор за нозете, сестра за телото, еден ми ја држеше главата, и еден ми ја снимаше главата. Не се давав! Цел персонал го мобилизираа! После моите им се извинуваа! Дури и снимката излезе лоша, но немаше херој кој ќе се нафатеше да го повтори процесот!
До следно читање!