Premier League - 2025/26

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny B
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе освои?

  • Ливерпул

    Гласови: 25 29,8%
  • Арсенал

    Гласови: 18 21,4%
  • Манчестер Сити

    Гласови: 8 9,5%
  • Челзи

    Гласови: 11 13,1%
  • Манчестер Јунајтед

    Гласови: 16 19,0%
  • Тотенхем

    Гласови: 2 2,4%
  • Њукасл

    Гласови: 0 0,0%
  • Некој друг

    Гласови: 4 4,8%

  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Фаул имаше, исто и лоша глума..
Не му е првпат на Габриел ова, не се сеќавам точно која утакмица беше не му судеа фаул.
Мислам мислиш на онаа против Њукасл кога изгубивме 1:0 пред 2-3 сезони, па во единствениот нивни гол 3 работи се прегледуваа на вар. Офсајд, фаул над Габриел и дали излегла топката во гол аут. И бидејќи немаа камера добра за да докаже дека излегла, остана одлуката од терен. Мислам дека таму повеќе беше потпирање над него и помагање во скокот, а тука беше апла фаул со нагурување во простор со две раце, само што комично му беше паѓањето како воз да го мавнал а не факен Коло Муани.
 
Никаков фаул немаше. Чиста глума
Автоматски споено мислење:

Ова е ок, може да биде некако.
Верувај ми, дипломската ми беше по предметот инвестициски менаџмент :icon_lol:
Автоматски споено мислење:

Што им признаа, каква лакрдија..
Како е можно ова и кое би било оправдувањето на ВАР?
За која ситуација?
 
Мислам мислиш на онаа против Њукасл кога изгубивме 1:0 пред 2-3 сезони, па во единствениот нивни гол 3 работи се прегледуваа на вар. Офсајд, фаул над Габриел и дали излегла топката во гол аут. И бидејќи немаа камера добра за да докаже дека излегла, остана одлуката од терен. Мислам дека таму повеќе беше потпирање над него и помагање во скокот, а тука беше апла фаул со нагурување во простор со две раце, само што комично му беше паѓањето како воз да го мавнал а не факен Коло Муани.
Не се сеќавам ама ич, може да е и некоја утакмица од поскоро време..
Инаку незнам зошто има потреба во вакви ситуации да се доведува да зависи од одлука на судија, можеше да се постави подобро поблоску до Коло Муани, тешко дека овој е поснажен па нема да го добие во воздушен дуел.
 
А што ви мења дали Сити или Арсенал ке освои па толку против Арсенал се навива?

Против Арсенал тимот ретко кој има нешто против. Највеќе е заради фан базата на топчињата, имаат некои фанови кои се бетер од Костич, само што не се толку вулгарни.
 
Против Арсенал тимот ретко кој има нешто против. Највеќе е заради фан базата на топчињата, имаат некои фанови кои се бетер од Костич, само што не се толку вулгарни.
На форумов ? Ако зборуваш за Англиската/Лондонската фан база можам до некаде да те сфатам. Ама на форумов, 90-95% од фан базата е далеку повеќе самокритична него ли слепо да го брани клубот.
 
На форумов ? Ако зборуваш за Англиската/Лондонската фан база можам до некаде да те сфатам. Ама на форумов, 90-95% од фан базата е далеку повеќе самокритична него ли слепо да го брани клубот.
Не реков сите, имате на форумот некои црепови. За у Англија фан базата ви се кловнови посебно од AFTV, има некои што се избегани од реалноста.
 
А што ви мења дали Сити или Арсенал ке освои па толку против Арсенал се навива?
Другари навивачи на Арсенал. Толку deluded луѓе немам видено во животот.

Бантер ќе има повеќе, не е дека ќе е крај на светот ако освои Арсенал.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom