- Член од
- 10 октомври 2011
- Мислења
- 6.568
- Поени од реакции
- 11.054
Или-Или искрено имаат њух, имаат сетило да осетат и промовираат квалитетни македонски автори. Можеме колку сакаме да негодуваме за тоа дека повеќето дела во нивно издание не се романи по обемот, ама благодарение на нив се слушна за Петар Андоновски, Фросина Пармаковска, Давор, Игор Станојоски и се испопуларизира издавање на дела на македонски автори. А покажаа и дека со добивањето на наградава се стекнува и читатели. Претходно ретко кој читаше кај нас македонски автори и ретко кој издаваше наши автори. Па едни Арс Либрис/Литература немаа еден македонски автор издадено дур не почнаа Или-Или да редат успеси.Точно дека важи за најпрестижна, самото име си го прави своето. Инаку, и наградата "Рациново признание" исто така важи за сите автори и не само за тие на ДПМ, но тоа не значи ништо само по себе. Фактички сите 3 главни прозни награди кај нас (Роман на година, Стале Попов на ДПМ, и Рациново признание), имаат клучна фалинка што ги прави нетранспарентни во некоја мера.
За роман на годината кажав за критериумите погоре, Стале Попов на ДПМ со самото тоа што е само за нивни членови е тешка смешка, поготово што се случува некогаш и членови на комисија да си доделат себеси или на пријатели награда, а Рациново признание пак излезе најнетранспарентна затоа што таму нема и никаква селекција туку на 3 недели пред Рацинови се објавува конкурсот, после тоа се бира комисија во меѓувреме (2023 и 2024 верувале или не беа истите три жени две години по ред, тежок фејл) и на крај се соопштуваат резултатите за победникот (и тука во последно време се избега од суштината на наградата, бидејќи таа гласи "најдобро прозно остварување според содржина, форма и структура" објавено измеѓу две Рацинови средби, а ги пратам победниците и останати што се пријавени, и едноставно победничките дела на последните два конкурси на таков еден критериум не одговараат во однос на некои други), лани на завршната церемонија можеби и прв пат и да ги објавија кои биле во потесен круг (многу нормално сите 5 во потесен круг беа или членови на ДПМ или луѓе од книжевната фела. Имаат уплав од признавање успех на луѓе што не ги познаваат веројатно, др. објаснување нема).
Сума сумарум, точно е дека некогаш се кикснува, некогаш и квалитетни дела ја добиваат Роман на годината не велам не, сепак почесто до пред 10 години ме бендисуваа победници, помалку во последно време. Кога победи Влада Урошевиќ на пример, подобар ми беше Папокот на светлината на Венко Андоновски, ама на тој му дадоа Стале Попов таа година. Ако се обидеш доволно добро да погледнеш ќе ги приметиш пропустите на повеќе места. Некогаш самиот состав на комисијата е пресуден за се понатаму. Лани двајца од членовите на комисијата беа поети човече, што повеќе муабет да правиме. Не може поет релевантно прозно дело да ти оцени, едноставно не оди.
Игор Станојоски инаку е еден од подобрите македонски романописци и си има изградено публика, еднаш доби Рациново за Дисомнии ако не се лажам, со последниот роман Полиглот не дотера далеку за Роман на годината. Приметив дека Или-или како издавач ја окупираше наградава во последно време, често пати со една половина од финалисти и слично, барем до пред неколку години. Сега веќе гледаат по еден од најголемиве издавачи да има во финале, ама пак ќе повторам - се додека уште во старт можеш да ги намирисаш кои ќе се финалисти, по име наместо по дело, наградата ја изгубила суштината.
За крај, еден мој предлог на темава - доколку имаш време прочитај ги "Ветрилиште" од Игор Анѓелков и "Кобајаши Мару" од мене некогаш, двата романи зборуваат за оваа тема во некоја мера (кај Игор тоа е целосно), кај мене само делумна потприказна помеѓу другото. Би ме интересирало твое мислење најискрено. И мало дообјаснување на крај, ако се прашувам јас, награди не треба ни да постојат, баш крајот на таа потприказна во романот што го спомнав и намерно ми е и така напишан за да се долови таа поента. Публиката на еден автор е најголема награда што може да постои и најчесто тие дела што се безвременски претежно ја имаат публиката зад себе а после се друго - без разлика дали е книжевност или филм.
Игор првично ја има издадено “Гаргара” во Антолог, па потоа “Првиот универзитетски ден на ќерка ми” кај Или-Или, ама јас Игор го дознав како автор благодарение на Или-Или. Слично е и со Петар и Фросина, за кои слушнав благодарение на тоа што добија награда со Или-Или.
Е сега реков технички не ја заслужуваат наградата со обемот, а за содржината е прашање на вкус. Мене Петар ми е најдобар со “Страв од варвари” и за тоа дело комотно би му ја дал наградата, “Тело” беше интересно четиво, али дека баш е роман на годината, не би рекол. Многу го фалат и Давор, ама мене не ми се допадна воопшто неговиот роман, додека за романот на Фросина мислам дека е сосема заслужено.
“Ветрилиште” искрено не ми фаќа око, ама “Кобајаши Мару” се надевам ќе ја прочитам некогаш зашто сакам трилери.
И како што кажа Злате, секаде со наградите е исто. Па едни филмски награди на Берлин, Венеција и Кан имаат скандали кога е доделувањето награди кај што даваат награди за документарци и вклучуваат во конкуренција документарци со играни филмови, што мислам дека не е во ред. Па се доделуваат награди на контроверзни и лоши филмови, а одредени филмови се превидени, та за книжевна награда во Македонија со шака народ станувало збор. Еден “Макфест” колку скандали има кога е збор за награди, па ако се сеќава некој пред едно 20 години кога Лозано се натпреваруваше во шоуто за таленти и освои второ место? Кај е Лозано денес, а кај е победникот (вработен во Опера и балет) а никој не се ни сеќава, нити го знае денес.
Мислам дека е за сериозно психолошко иследување. 