Роман на годината

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
Точно дека важи за најпрестижна, самото име си го прави своето. Инаку, и наградата "Рациново признание" исто така важи за сите автори и не само за тие на ДПМ, но тоа не значи ништо само по себе. Фактички сите 3 главни прозни награди кај нас (Роман на година, Стале Попов на ДПМ, и Рациново признание), имаат клучна фалинка што ги прави нетранспарентни во некоја мера.

За роман на годината кажав за критериумите погоре, Стале Попов на ДПМ со самото тоа што е само за нивни членови е тешка смешка, поготово што се случува некогаш и членови на комисија да си доделат себеси или на пријатели награда, а Рациново признание пак излезе најнетранспарентна затоа што таму нема и никаква селекција туку на 3 недели пред Рацинови се објавува конкурсот, после тоа се бира комисија во меѓувреме (2023 и 2024 верувале или не беа истите три жени две години по ред, тежок фејл) и на крај се соопштуваат резултатите за победникот (и тука во последно време се избега од суштината на наградата, бидејќи таа гласи "најдобро прозно остварување според содржина, форма и структура" објавено измеѓу две Рацинови средби, а ги пратам победниците и останати што се пријавени, и едноставно победничките дела на последните два конкурси на таков еден критериум не одговараат во однос на некои други), лани на завршната церемонија можеби и прв пат и да ги објавија кои биле во потесен круг (многу нормално сите 5 во потесен круг беа или членови на ДПМ или луѓе од книжевната фела. Имаат уплав од признавање успех на луѓе што не ги познаваат веројатно, др. објаснување нема).

Сума сумарум, точно е дека некогаш се кикснува, некогаш и квалитетни дела ја добиваат Роман на годината не велам не, сепак почесто до пред 10 години ме бендисуваа победници, помалку во последно време. Кога победи Влада Урошевиќ на пример, подобар ми беше Папокот на светлината на Венко Андоновски, ама на тој му дадоа Стале Попов таа година. Ако се обидеш доволно добро да погледнеш ќе ги приметиш пропустите на повеќе места. Некогаш самиот состав на комисијата е пресуден за се понатаму. Лани двајца од членовите на комисијата беа поети човече, што повеќе муабет да правиме. Не може поет релевантно прозно дело да ти оцени, едноставно не оди.

Игор Станојоски инаку е еден од подобрите македонски романописци и си има изградено публика, еднаш доби Рациново за Дисомнии ако не се лажам, со последниот роман Полиглот не дотера далеку за Роман на годината. Приметив дека Или-или како издавач ја окупираше наградава во последно време, често пати со една половина од финалисти и слично, барем до пред неколку години. Сега веќе гледаат по еден од најголемиве издавачи да има во финале, ама пак ќе повторам - се додека уште во старт можеш да ги намирисаш кои ќе се финалисти, по име наместо по дело, наградата ја изгубила суштината.

За крај, еден мој предлог на темава - доколку имаш време прочитај ги "Ветрилиште" од Игор Анѓелков и "Кобајаши Мару" од мене некогаш, двата романи зборуваат за оваа тема во некоја мера (кај Игор тоа е целосно), кај мене само делумна потприказна помеѓу другото. Би ме интересирало твое мислење најискрено. И мало дообјаснување на крај, ако се прашувам јас, награди не треба ни да постојат, баш крајот на таа потприказна во романот што го спомнав и намерно ми е и така напишан за да се долови таа поента. Публиката на еден автор е најголема награда што може да постои и најчесто тие дела што се безвременски претежно ја имаат публиката зад себе а после се друго - без разлика дали е книжевност или филм.
Или-Или искрено имаат њух, имаат сетило да осетат и промовираат квалитетни македонски автори. Можеме колку сакаме да негодуваме за тоа дека повеќето дела во нивно издание не се романи по обемот, ама благодарение на нив се слушна за Петар Андоновски, Фросина Пармаковска, Давор, Игор Станојоски и се испопуларизира издавање на дела на македонски автори. А покажаа и дека со добивањето на наградава се стекнува и читатели. Претходно ретко кој читаше кај нас македонски автори и ретко кој издаваше наши автори. Па едни Арс Либрис/Литература немаа еден македонски автор издадено дур не почнаа Или-Или да редат успеси.

Игор првично ја има издадено “Гаргара” во Антолог, па потоа “Првиот универзитетски ден на ќерка ми” кај Или-Или, ама јас Игор го дознав како автор благодарение на Или-Или. Слично е и со Петар и Фросина, за кои слушнав благодарение на тоа што добија награда со Или-Или.

Е сега реков технички не ја заслужуваат наградата со обемот, а за содржината е прашање на вкус. Мене Петар ми е најдобар со “Страв од варвари” и за тоа дело комотно би му ја дал наградата, “Тело” беше интересно четиво, али дека баш е роман на годината, не би рекол. Многу го фалат и Давор, ама мене не ми се допадна воопшто неговиот роман, додека за романот на Фросина мислам дека е сосема заслужено.

“Ветрилиште” искрено не ми фаќа око, ама “Кобајаши Мару” се надевам ќе ја прочитам некогаш зашто сакам трилери.

И како што кажа Злате, секаде со наградите е исто. Па едни филмски награди на Берлин, Венеција и Кан имаат скандали кога е доделувањето награди кај што даваат награди за документарци и вклучуваат во конкуренција документарци со играни филмови, што мислам дека не е во ред. Па се доделуваат награди на контроверзни и лоши филмови, а одредени филмови се превидени, та за книжевна награда во Македонија со шака народ станувало збор. Еден “Макфест” колку скандали има кога е збор за награди, па ако се сеќава некој пред едно 20 години кога Лозано се натпреваруваше во шоуто за таленти и освои второ место? Кај е Лозано денес, а кај е победникот (вработен во Опера и балет) а никој не се ни сеќава, нити го знае денес.
 
Точно е дека Или-или околу нив точно ги собра една понова генерација на македонски автори, но не се тие единствените. Тука исто така предничеше Култура со нивниот конкурс на Романијада, на кој благодарение јас излегов прв пат како автор, Јован Илиески исто кој сега си го презема и Антолог, Ангела Пенова одолеа на тестот на времето исто кај нив и можеби Милијана Павловска, таа сепак е авторка пред пензионирање. Инаку точно е дека Арс Либрис дури од Короната наваму со Пегаз привлече автори, претходно беа тапа. Или-или ми има мирис да насети автори да, но би рекол далеку повеќе за странски. Од македонските автори кои таму сефте се промовираа, успешно се пробија (зборувам за континуирано прозно пишување) Фросина Пармаковска, Димковска и Бужаровска. За Петар Андоновски е малку дискутабилно, бидејќи тој од короната наваму има само еден роман напишано, и се гледа дека не се потрудил доволно за таа, а Телото и мене не ме бендиса реално. Инаку, мене би ми било драго да го потпишам романот, така што пингај овде некогаш кога ќе му дојде редот. Злате веќе го мавна и него и Мементо Мори, за Само Бог простува уште се натегаме хехе.
 
Бужаровска има публика, али јас сум ја читал само како преведувач, и би ја читал само како преведувач. Како автор не сакам да ја коментирам, а како преведувач е врвна и тука нема збор.
Од Петар имам прочитано сѐ, освен последната “Не кажувам”. Ми се свиѓа неговиот стил - и “Страв од варвари” и “Лето во кое те нема” ми се страшно филмчини дела, а како голем љубител на филмот многу сакам кога за време на читање на делото се осеќам ко да гледам филм. Она што не ми се допаѓа во неговите дела е тематиката на геј содржини. “Лето во кое те нема” е добро дело, ама не би сакал повторно да читам такви содржини и сѐ дури продолжува со такви дела ќе биде на пауза кај мене.
Тоа дека издава романи на неколку години, не ми е дискутабилно воопшто. Па една величина ко Венко Андоновски го издаде Папокот на светлината 9 години по последниот роман. (У меѓувреме имаше само колумни и книга со раскази), а имаш ликови ко дечкото што работи во Антолог и издава по една-две книги на годишно ниво. Сакаш да ми кажеш дека тој што ги штанца книгите ко тоалетна хартија е поквалитетен од автори што не издале книга неколку години?

Култура, не ме сфаќај погрешно, ама тоа што го издаваат ми е на ниво на Сакам книги и Топер. За Ангела прв пат слушам, Милијана знам дека има многу романи, ама по насловите ми делува дека пишува Мир-Јам или Јелена Бачиќ тематика што воопшто не ме интересира, а Јован никогаш не ми бил на радар.
 
Поентата ми беше дека кога гледам автор што остава 5-6 години да поминат и после тоа ми вади книга од 100 страни со широк проред, нешто не ми штима. Инаку Венко може остава 8 години измеѓу романи да поминат, ама знаеш дека во рака ти паѓа дело од 300 страни што ќе има филозофија на ангро. Јас сум против штанцањето на романи per se како такво, и затоа се обидувам да се држам на еден роман на 1.5 години до две. Сепак пишувам серијал кој што за да е актуелен не можеш да оставаш преголемо време да поминува измеѓу деловите. А фала Богу досега не ми недостасува ни инспирација. Имаме ние автори што вадат по две книги или три годишно, тоа апсолутно не можам да го сварам, иако има неколку примери кога ракописот им е готов од порано, па може да помине како второ четиво во годината. Јордан Коцевски во два наврати направи така, но е ретка појава кај квалитетни автори се согласувам.
 
а имаш ликови ко дечкото што работи во Антолог и издава по една-две книги на годишно ниво. Сакаш да ми кажеш дека тој што ги штанца книгите ко тоалетна хартија е поквалитетен од автори што не издале книга неколку години?
:pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:
Андеееееее! :pos::pos::pos::pos::pos:
Автоматски споено мислење:

Инаку, јас си направив список на книги кои би ги купил / читал. По редослед што сакам да купам / читам:

1. Кривата Дијана - Фросина Пармаковска (прочитана)
2. Арагон - Михајло Свидерски (ја имам, со посвета од авторот)
____________________________________________
3. Неколку тишини подоцна - Ана Стојаноска
4. Договорот - Јордан Коцевски
5. Необјавен фељтон - Владимир Илиевски
6. Три Марии - Оливера Ќорвезировска
7. Ќе помине и моќта - Ирена Јурчева
8. Фобос - Соња Станковска
9. Александар јава на запад - Венко Андоновски

Мислам дека толку се од годинава. Знам дека пола од овие нема да ги прочитам, ама ај.
 
Добра беше оваа за Александар хахаах. Вака така пак се спомна каква појава еј. Инаку од овие што ги напиша, би ги читал Фобос, Јурчева, Неколку тишини подоцна, и можеби Илиевски него сакам да го пробам еднаш. Арагон, Договорот и Три Марии ми се читани. Ќе почекам да помине уште еден круг кога ќе останат 10 книги и тогаш ќе доземам тоа што немам.
 
Вака така пак се спомна каква појава еј.
Многу е популарен, очигледно. Со морбидните наслови: Жива ќе те запалам, Ќе посакаш да умреш, Гледај како умирам, Убава си кога крвариш, Мртва ќе те мразам, и најбрутално: Дојди да те убијам. o_O Мислам дека е за сериозно психолошко иследување. :pos::pos::pos:
 
Ова болдот ми звучи ко Скорпион од Mortal kombat ќе се издере - GET OVER HERE!!!
Неам коментар за книгите на Алекс, ги неам читано. Но и не ми се у план.

Глеам не си ја купил Кривата Дијана. Сакаш да кажеш дека прв пат после толку години те надминав во прочитаниот тековен опус на Фрос.

Ти, човекот што ми ја препорача.... Ц,ц,ц,ц,ц... :P
 
Глеам не си ја купил Кривата Дијана. Сакаш да кажеш дека прв пат после толку години те надминав во прочитаниот тековен опус на Фрос.
Како бе не сум ја купил? Не си ме разбрал. :P
 
11 романи продолжуваат во 3 круг:

1. „Александар јава на запад“, Венко Андоновски, „Три“
2. „Тринаесеттиот“, Лидија Димковска, „Три“
3. „Необјавен фељтон“, Владимир Илиевски, „Maкедоника литера“
4. „Илина и тајните на Бабин заб“, Хана Корнети, „Или – или“
5. „11 проверени начини како да ја заебеш љубовта: (роман во раскази)“, Драгана Лукан Николоски, „Чудна шума“
6. „Зара Зарина“, Лилјана Пандева, „ПНВ публикации“
7. „Кривата Дијана: (роман за верижната вина)“, Фросина Пармаковска, „Арс Либрис“
8. „Фобос: деконструиран роман“, Соња Станковска, „Или – или“
9. „Три Марии: (роман -басма), Оливера Ќорвезироска, „Арс Либрис
10. „Само уште еден скок“, Енис Хилми, „Светулка нова“
11. „Повратник со две лица“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“

Арагон, Неколку тишини подоцна, Договорот, Ќе помине и моќта, сепак се во аут. Некако слабо со предвидувањата мои.
 
Изненадува што 2 детски романи се уште во трка, а испаднал романот на Јурчева...
 
Јас кога зборувам за шаблонот по кој ги прават селекцииве, вие не верувате.
Изненадува што 2 детски романи се уште во трка, а испаднал романот на Јурчева.
Мислам дека треба да речеш, не изненадува место изненадува хехех. Дека повеќе пати се има случувано јас бев апсолутно сигурен дека двата детски ќе се во топ 10. Еве и сега на тепка од искуство од претходни години ќе се осмелам да кажам кои 5 ќе се финале: Венко или Челиковиќ од Три ќе е првиот. Кривата Дијана и Три Марии ќе се втор и трет роман во финале, Фобос и Владимир Илиевски последните два. Можно е една утка тука да имам, а може и така и да излезе во секој случај.
 
Back
На врв Bottom