Роман на годината

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
и тој на Антолог со Кафеаната.
Тој е мислам 3 дел на трилогија S.F. Ќе испадне уште во прв круг.

Немам ништо читано од насловите, ама на прв поглед мислам дека тесна битка ќе водат Димковска, Ќорвезироска и Пармаковска.
Романот на Димковска е роман за деца/тинејџери. А на Фросина зеде Пегаз, обично тие не одат далеку. Ќорвезировска да, ама јас тука би ги додал и Владимир Илиевски, Ана Стојаноска и Михајло Свидерски. Мислам дека меѓу нив треба да се бара победникот.
 
Тој е мислам 3 дел на трилогија S.F. Ќе испадне уште во прв круг.

Романот на Димковска е роман за деца/тинејџери. А на Фросина зеде Пегаз, обично тие не одат далеку. Ќорвезировска да, ама јас тука би ги додал и Владимир Илиевски, Ана Стојаноска и Михајло Свидерски. Мислам дека меѓу нив треба да се бара победникот.
Од овие што ги спомна последно само на Свидерски ми е читан Арагон. Му бев промотор на саем и тој на мене, што да кажам... убава порака има романот, зборува за еврејската заедница во Битола по средината на минатиот век, но многу скудно со зборови, како недоработено... не ми е за роман на годината.
 
Направена е првата селекција. Од 45 романи, во игра остануваат уште 22:

1. „Александар јава на запад“, Венко Андоновски, „Три“
2. „Тринаесеттиот“, Лидија Димковска, „Три“
3. „Околу три по полноќ“, Димитрие Дурацовски, „Арс Либрис“
4. „Необјавен фељтон“, Владимир Илиевски, „Maкедоника литера“
5. „Ќе помине и моќта“, Ирена Јурчева, „Паблишер“
6. „Договорот“, Јордан Коцевски, „Антолог“
7. „Илина и тајните на Бабин заб“, Хана Корнети, „Или – или“
8. „73 дена“, Иво Митев – Жиле, „Арс Либрис“
9. „Кругот дупка“, Никола Наумовски, „ПНВ публикации“
10. „Касадеј“, Велко Неделковски, „Матица македонска“
11. „Кафеана на крајот и на почетокот од универзумот“: (на почетокот беше… информацијата)“, Валентин Нешовски, „Антолог“
12. „Промилите на Конзулвил: (миксан роман)“, Јордан Николов, „Паблишер“
13. „11 проверени начини како да ја заебеш љубовта: (роман во раскази)“, Драгана Лукан Николоски, „Чудна шума“
14. „Зара Зарина“, Лилјана Пандева, „ПНВ публикации“
15. „Кривата Дијана: (роман за верижната вина)“, Фросина Пармаковска, „Арс Либрис“
16. „Потклек“, Љупчо Петрески, „Бегемот“
17. „Арагон“, Михајло Свидерски, „Антолог“
18. „Фобос: деконструиран роман“, Соња Станковска, „Или – или“
19. „ Неколку тишини подоцна“, Ана Стојаноска, „Конгресен сервисен центар – Полица“
20. „Три Марии: (роман -басма), Оливера Ќорвезироска, „Арс Либрис
21. „Само уште еден скок“, Енис Хилми, „Светулка нова“
22. „Повратник со две лица“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“

Би рекол дека единствено изненадување е што го нема Милован Стефановски, поранешниот лауреат на наградата.

И уште еднаш, честитки @jokoc .

Ако имам време, ќе се потрудам да напишам кратка презентација за овие 22 романи. До сега, прочитан само 1 од нив.
 
Моја прогноза за финални 5:
- Три Марии - Оливера Ќорвезироска
- Фобос - Соња Станковска
- Кривата Дијана - Фросина Пармаковска
- Ќе помине и ноќта - Ирена Јурчев
- Тринаесеттиот - Лидија Димковска
 
Моја прогноза за финални 5:
- Три Марии - Оливера Ќорвезироска
- Фобос - Соња Станковска
- Кривата Дијана - Фросина Пармаковска
- Ќе помине и ноќта - Ирена Јурчев
- Тринаесеттиот - Лидија Димковска
Апсолутно сум сигурен дека 3 од овие 5 ќе бидат во финале. Можеби постои некоја варијанта каде што само две би биле, но 99 посто три од овие имиња би се нашле во финале... што само ќе го потврди фактот дека кај нас се бираат имиња, а не романи. Тринаесеттиот е инаку книга за деца, ама кога ќе се земе во предвид дека на оваа награда имаат победувано и збирки раскази неколку пати под превезот на роман, ништо не ме чуди. А, сега видов дека сите 5 ти се женски финалисти, лани го направија тоа со 3 жени во финале, мислам дека сепак еден маж ќе има во финале годинава, а можеби и повеќе. Треба и на тој момент да се внимава ако си наоѓаме задоволство во точно погодување на финалистите хехе.
 
Не знам зошто, ама мислам дека се навреди/налути со моето погодување. Сепак ова е форум за размена на мислења, а само го споделив моето.

Немам читано ниедна од овие, само најмногу имам слушнато за нив.
Штом Тринаесеттиот е книга за деца тогаш некоја друга ќе влезе на нејзино место.

Која книга со раскази има добиено? Ќе претпоставам дека мислиш на “Единаесет жени”. Можеби по форма не е традиционален роман, ама содржински сите поглавја беа поврзани (ако добро се сеќавам) и беше добро четиво.

Далеку подобро од романот на еден исфален Маџунков чиј роман е роман по форма, ама содржински е празен и бесмислен.

Кои романи по тебе би влегле во финале годинава и кој(и) роман/и незаслужено би биле исфрлени од трката или веќе се исфрлени?
 
Моја прогноза за финални 5:
- Три Марии - Оливера Ќорвезироска
- Фобос - Соња Станковска
- Кривата Дијана - Фросина Пармаковска
- Ќе помине и ноќта - Ирена Јурчев
- Тринаесеттиот - Лидија Димковска
Три Марии обавезно. Дури мислам дека таа е и сигурен победник.
Фобос и Кривата Дијана можеби, ама не сум толку сигурен за нив.
Ќе помине и моќта нема шанси, таа ќе испадне уште во овој или следниот круг.
Тринаесеттиот е тинејџерски роман, и на него не би типувал.

Јас би типувал вака:
1. Три Марии - Оливера Ќорвезировска
2. Необјавен фељтон - Владимир Илиевски
3. Арагон - Михајло Свидерски
4. Неколку тишини подоцна - Ана Стојаноска
5. Фобос - Соња Станковска

можна замена:
6. Кривата Дијана - Фросина Пармаковска
7. 11 проверени начини како да ја заебеш љубовта - Драгана Лукан Николоски
 
Може сè, само немој тој со Евреите. Се надевам ќе испадне во следен круг.
 
Може сè, само немој тој со Евреите. Се надевам ќе испадне во следен круг.
Го немам прочитано, не знам каков е романот уште. Ама мислам дека ќе влезе во најтесниот круг, ко што реков. Другите: добитник на Пегаз се има случено да биде во финале само еднаш („Зелениот дворец“ на Сибо), затоа не верувам дека „Кривата Дијана“ ќе стигне до финалето (до душа имаше еден случај кога роман кој беше финалист на Пегаз, но не освои награда, освои Роман на годината, ама тоа беа специфични околности).

Другите - од имињата кои се тука: Владимир Илиевски и Ана Стојаноска се поранешни финалисти, за нивни романи комисијата секогаш гласала. Плус тогаш за Илиевски се зборуваше дека требало да победи, дека неправедно му ја одзеле победата (иако го немам прочитано тој роман, знам дека доживеа неколку изданија и имаше доста позитивни коментари). Исто и Ана Стојаноска - еднаш финалист, уште еднаш или 2 пати, мислам - во трет круг... Ништо невообичаено да стигне пак далеку.

Соња Станковска, од друга страна, е дебитант. Но - издание на Или Или, исто со доста позитивни коментари, не би ме изненадило да стигне далеку. Она би била овогодинешната Огнена Никуљски. И последна, Драгана Лукан Николоски - ако не се лажам, исто, дебитант. Нејзиното е збирка раскази, не роман, но знаеме комисијата има слабост на такви и слични концепти, плус - беше во финале за Стале Попов наградата. Собери, одземи се - ќе стигне далеку и тука.
 
Лукан ја знам како драматург/сценарист, а имаше и пред некоја година книга насловена 'Ул. Мајмунска'.
Дебитантски се пријавува изгледа за наградата.
 
Лукан ја знам како драматург/сценарист, а имаше и пред некоја година книга насловена 'Ул. Мајмунска'.
Дебитантски се пријавува изгледа за наградата.
Прочитав и тоа било збирка раскази, затоа не се пријавила. Ова е со поднаслов: роман во раскази. Значи исто, збирка, само можеби на некој начин тематски се поврзани.
 
Не знам зошто, ама мислам дека се навреди/налути со моето погодување. Сепак ова е форум за размена на мислења, а само го споделив моето.

Немам читано ниедна од овие, само најмногу имам слушнато за нив.
Штом Тринаесеттиот е книга за деца тогаш некоја друга ќе влезе на нејзино место.

Која книга со раскази има добиено? Ќе претпоставам дека мислиш на “Единаесет жени”. Можеби по форма не е традиционален роман, ама содржински сите поглавја беа поврзани (ако добро се сеќавам) и беше добро четиво.

Далеку подобро од романот на еден исфален Маџунков чиј роман е роман по форма, ама содржински е празен и бесмислен.

Кои романи по тебе би влегле во финале годинава и кој(и) роман/и незаслужено би биле исфрлени од трката или веќе се исфрлени?
Извини што можеби таков впечаток сум оставил, повеќе ми беше некоја фрустрација што секоја една година буквално истото се случува... правен разговор веќе со многу луѓе. Со самото тоа што нема јасни критериуми што точно треба да исполнува едно дело за да ја освои наградата, се остава простор за тоа дека селективно се бираат имиња според наратив, ургенции, елитизам (you name it). Се сеќавам како детиште одвај чекав да видам кои книги ќе стасаат до финале и слично, и тогаш богами и заслужуваа финалистите и наградата имаше солидна репутација. Е сега, откако презема Фондација Славко Јаневски, имам забележано уште поголемо уназадување во однос на тоа какви се книги поминуваат а какви книги се елиминираат. Во неколку наврати победија збирки на раскази (Единаесет жени и Денот на црвот), лани во финале имавме книга што во никој случај не можеше да се нарече роман (Огнена Никуљски со Нигде ѕирка ни проѕирка, што од тоа што го прочитав можеше како некоја лична исповед или биографија да се земе). А, да не отвораме подлабоко тема за тоа што по светски стандарди дефиницијата за роман е најмалку околу 50.000 зборови, оти ако чепнеме тука половина од освојувачите ќе треба да ги вратат наградите. Јас, како некој што посветено си твори веќе 10 години романескна продукција им ја играв играта едно време, се додека не се уверив дека одвај и ги читаат книгите. Штом така прават, нека продолжат да си тераат во таа насока, веќе доста од авторите како мене и го приметија истото, и воопшто и не ги праќаат книгите бидејќи нема што некој да не потценува како автори кога имаме изградено и публика и преводи по страна и богами и фини рецензии во однос на некои други автори кои одвај чекаат да споделат дека биле номинирани за наградава. Denzel Washington еднаш многу убаво го објасни тоа со наградите преку следнава изјава: You don’t want an award to improve your status. You want to improve the award’s status.
 
За мене наградава е најпрестижна награда во државава и ако не грешам единствена каде може да се пријави некој што не е член во ДПМ. Што не е случај со наградите што ги дели ДПМ кои се исклучувачки за дебитанти од сам старт.
Се согласувам со тебе дека добар дел од добитниците ако се погледнат по обем и не се романи, туку некои новели или подолги приказни. Се согласувам и дека не може да се спореди квалитетот на повеќето добитници од Фондацијата со тие на Утрински, ама се наоѓа квалитет и кај едните и кај другите.

Не можеш да ме убедиш дека романот на една величина ко Влада Урошевиќ не е добар само зашто е добитник од Фондацијата, а пак 'Дваесет и првиот' или 'Птиците од ланските гнезда' се супер зашто освоиле дур постоеше Утрински.
До 2003 ги имам прочитано сите и се квалитетни, а за романите на Пајо, Кица и Јагода имам слушано позитивни зборови, се надевам и ќе се потврдат ко точни кога ќе ги прочитам.
Наградава по мене губи квалитет уште кога добил Османли во 2009. Па се реди онаа глупост на Маџунков, па се редат насловите на Или-Или кои како што рече и не се технички романи...

Се согласувам дека има романи и автори кои не ја добиле наградава, а ја заслужиле и обратно. Тоа што Игор Станојоски со Диссомнии не ја доби, не го прави помалку добар автор од добитниците. Квалитетниот роман си го наоѓа патот до читателите.
 
Точно дека важи за најпрестижна, самото име си го прави своето. Инаку, и наградата "Рациново признание" исто така важи за сите автори и не само за тие на ДПМ, но тоа не значи ништо само по себе. Фактички сите 3 главни прозни награди кај нас (Роман на година, Стале Попов на ДПМ, и Рациново признание), имаат клучна фалинка што ги прави нетранспарентни во некоја мера.

За роман на годината кажав за критериумите погоре, Стале Попов на ДПМ со самото тоа што е само за нивни членови е тешка смешка, поготово што се случува некогаш и членови на комисија да си доделат себеси или на пријатели награда, а Рациново признание пак излезе најнетранспарентна затоа што таму нема и никаква селекција туку на 3 недели пред Рацинови се објавува конкурсот, после тоа се бира комисија во меѓувреме (2023 и 2024 верувале или не беа истите три жени две години по ред, тежок фејл) и на крај се соопштуваат резултатите за победникот (и тука во последно време се избега од суштината на наградата, бидејќи таа гласи "најдобро прозно остварување според содржина, форма и структура" објавено измеѓу две Рацинови средби, а ги пратам победниците и останати што се пријавени, и едноставно победничките дела на последните два конкурси на таков еден критериум не одговараат во однос на некои други), лани на завршната церемонија можеби и прв пат и да ги објавија кои биле во потесен круг (многу нормално сите 5 во потесен круг беа или членови на ДПМ или луѓе од книжевната фела. Имаат уплав од признавање успех на луѓе што не ги познаваат веројатно, др. објаснување нема).

Сума сумарум, точно е дека некогаш се кикснува, некогаш и квалитетни дела ја добиваат Роман на годината не велам не, сепак почесто до пред 10 години ме бендисуваа победници, помалку во последно време. Кога победи Влада Урошевиќ на пример, подобар ми беше Папокот на светлината на Венко Андоновски, ама на тој му дадоа Стале Попов таа година. Ако се обидеш доволно добро да погледнеш ќе ги приметиш пропустите на повеќе места. Некогаш самиот состав на комисијата е пресуден за се понатаму. Лани двајца од членовите на комисијата беа поети човече, што повеќе муабет да правиме. Не може поет релевантно прозно дело да ти оцени, едноставно не оди.

Игор Станојоски инаку е еден од подобрите македонски романописци и си има изградено публика, еднаш доби Рациново за Дисомнии ако не се лажам, со последниот роман Полиглот не дотера далеку за Роман на годината. Приметив дека Или-или како издавач ја окупираше наградава во последно време, често пати со една половина од финалисти и слично, барем до пред неколку години. Сега веќе гледаат по еден од најголемиве издавачи да има во финале, ама пак ќе повторам - се додека уште во старт можеш да ги намирисаш кои ќе се финалисти, по име наместо по дело, наградата ја изгубила суштината.

За крај, еден мој предлог на темава - доколку имаш време прочитај ги "Ветрилиште" од Игор Анѓелков и "Кобајаши Мару" од мене некогаш, двата романи зборуваат за оваа тема во некоја мера (кај Игор тоа е целосно), кај мене само делумна потприказна помеѓу другото. Би ме интересирало твое мислење најискрено. И мало дообјаснување на крај, ако се прашувам јас, награди не треба ни да постојат, баш крајот на таа потприказна во романот што го спомнав и намерно ми е и така напишан за да се долови таа поента. Публиката на еден автор е најголема награда што може да постои и најчесто тие дела што се безвременски претежно ја имаат публиката зад себе а после се друго - без разлика дали е книжевност или филм.
 
Се согласувам дека има романи и автори кои не ја добиле наградава, а ја заслужиле и обратно. Тоа што Игор Станојоски со Диссомнии не ја доби, не го прави помалку добар автор од добитниците. Квалитетниот роман си го наоѓа патот до читателите.
Ова е така со сите награди секогаш и секаде. Едни Толстој, Набоков, Џојс, Пруст, Вулф, Кафка, Борхес, Рот, најново Кундера - никој од нив никогаш не добил Нобелова награда за литература, па сепак се најголемите имиња на светската книжевност во 20 и 21 век. Од друга страна, Черчил ја има добиено наградата, меѓу другите. Хандке, меѓу последните, исто...
 
Back
На врв Bottom