Епа затоа е светот таков каков што е

Ама и да бидеме реални, огромен процент од населението (на светско ниво, не само кај нас) е тотално бескорисно, само троши кислород, ниту има во главата, ниту пак желба да придонесе за некаков прогрес.
Македончето битно се заебава со тие што биле надвор, дека не знаеле добар македонски или дека биле сељаци, ама истовремено се чека истиот тој „странец“ да пушти некоја паричка и да почасти кога ќе се врати.
Да беше паметен народот таму, ќе гледаше да лобира што е можно повеќе и да инвестира во организирање на настани, школи и слично, за да се зачува културата надвор дури и помеѓу генерациите кои се родени таму. Преку тие луѓе и нивните конекции можеше да се влечат и инвеститори во домашната економија. А реално, имаме доста способен и успешен народ расфрлан низ светот, од вредни работници, па се до професори на светски универзитети, директори и менаџери во компании со буџети колку цела македонска економија.
Ама полесно е да се плука, него да се мисли малку подалеку од носот, затоа и сме догурани до каде што сме, се е од инает, егоистично, и љубомора.