Фан Клуб: Интер

Енрике си имаше негова просечна игра како во секоја утакмица што ја играл сезонава. Трча покрива, прави продори, се држи отворен помага.
Едини проблем е што последниот момент го нема кога треба да набаци или да шутира. Му се фаќаат нозите таму не знае што со себе. И Киву го рече тоа вчера на пресот на крај, дека треба да се работи на самодоверба кај него и на последните 20 метри.
Недостатокот на Дамфриз влијае и на него, нема од кој да учи што се прави таму по десна страна, фрлен е во огин да гори, дечкото се држи. Едини поголем кикс е со Арсенал што остана позади и ја расипа офсајд стапицата. Да се врати Дамфриз и да може да ротира осетно ќе се подобри и он и во година ќе имаме одлична ротација на Дамфриз со него на десно и Карлос со Ди Марко лево.
Да видиме само Дамфриз дали летово ќе замине на печалба у Англија.

А Сомер до вчера одбивав да го плукам уште му држеше кај мене рејтинг чудесиите што ги правеше против Барса лани, ама ова вчера ги помина сите граници, џабе Киву пробуе да го покрие коа демек он му рекол така да прави.
Време е за клупа за човеков, не би сакал негов кикс да не кошта титула како Раду со Болоња.
 
Се слагам со одредени работи напишани на нетов, вака со ладна глава кога ќе се анализира вчера текмата, и на еден рандом италијански пејџ и кај хрватскиот фан клуб федели, за Енрике.

Прво што приметиле италијанциве е кога Енрике бил повикан за замена сред прво полувреме, прв што му дал поддршка е Лаутаро (капитенот), нешто што на темава секако се занемарува и ваквите моменти ич не им се битни на одредени луѓе освен статистиката на флеш скор, а е нешто што многу говори за него, на 0-2 можеше комотно да го изигнорира и да не се замара со него, ко многу други.

Второ, самата реакција на Енрике, нула бунење, нула негативни реакции, прво отиде се поздрави со Киву, се гушнаа, па после тоа Коларов дојде и му дал поддршка.

Трето, што викаат и федели, излегувањето на Енрике ништо не смени, истиот епилог ќе беше и ако Карлос излезеше место Енрике, импакт имаше Димарко, не тоа што Енрике излегол а Карлос отиде десно, всушност Карлос ништо посебно и не направи до крајот, дури и утна еден зицер на 3-2 што моежеше на крај да не кошта, ама поентата е таа, Димарко ја направи разликата, дали десно ќе беше Енрике или Kaрлос тоа ништо значително немаше да промени. Димарко ако не се лажам директно или индиректно беше дел од сите 6 голови, страшна партија.

На Енрике треба да се работи, не верувам дека е неквалитетен играч, колку што има проблеми со самодоверба и играње во овој систем, комбинација која му создава хаос во главата нарочито што во моментов, односно од Ноември, цел товар десно падна на него, имам впечаток дека има изиграно најмногу минути во тимов откако Дамфрис и Дармијан се повредија.

И за крај, тоа што Федели го говорат, нас всушност најголем проблем не ни е ова, туку голманската позиција, и Аки гледам вчера стави ужасен податок за Сомер кој сезонава е во таква форма да не е ни у топ 10 најдобри голмани у Италија. Мартинез дефинитивно треба да добива шанса можда и ќе добиеше многу повеќе минути сезонава ... да не го прегазеше тој кутриот старец кој умре на лице место. Ментално тешко се опоравувал после ова и уште се опоравува така да апла лошо се поклопија работиве за тој дел од теренот и ради ова мислам дека Сомер ужива толкава минутажа.

Можеше само да ни го пратиш линкот од Федели, трошиш тастатура непотребно.
 
Убаво завршува колово. Можеше Рома да го досоли убаво ама и вака не е лошо. 5 бода од ББилан 9 од циганите. Ќе се спие добро вечер ако е утре понеделник.
 
Никад нема да се спие добро пред понеделник, ден без поента никој не ни знае зашто постои како ден, нит кој го измислил нит зашто го измислил, многу пие бурбон и виски у пеколот тој што рекол еве ајде ти понеделник ќе си од сега па натака.

Добри резултати секако, недоволно за да речеш епа добро тогаш, нема везе што утре е понеделник.
 
Не се нормални овие од управата. Ние сите очекуваме плус еден играч на крилните позиции, они изгледа го спакуваа Енрике во Борнмут.
Најјако ќе биде ако го остават Киву со Дармијан и Думфриз.
 
Не се нормални овие од управата. Ние сите очекуваме плус еден играч на крилните позиции, они изгледа го спакуваа Енрике во Борнмут.
Најјако ќе биде ако го остават Киву со Дармијан и Думфриз.
Нема грешка дека ќе носат 4ти десен бек, покрај Дармијан, Дамфриз и Енрике. И секако дека ако го продаваат Енрике ќе донесат нов да покрие, веројатно Перишич.
 
Нема грешка дека ќе носат 4ти десен бек, покрај Дармијан, Дамфриз и Енрике. И секако дека ако го продаваат Енрике ќе донесат нов да покрие, веројатно Перишич.

Тежок контраш си станал. Не знам што ти е филмот. Како од инает да пишуваш...
Ако не ти се допаѓаат моите ставови не мора да реплицираш. Продолжи понатаму и не ми кажувај за Дармијан и Думфриз зашто последен пат кога и двајцата беа заедно во состав, Инзаги ни беше тренер.
Дармијан секако е играч кој и во Џенова ќе биде резерва.
Екипа која претендира да освои скудето не продава туку носи плус играчи за ротација. Ама нема проблем, ќе му се лутиме на романецот ако фејлне ко Инзаги лани кој во напад беше оставен со Биди и Бади а очекуваа од него тројна круна.
 
Па ако планирале да тераат сезона со Дамфриз и Дармијан за резерва немаше ни да го зимаат Залевски, а после тоа ни Енрике. Доколку го спакуваат Енрике сега нели е логично дека ќе донесат нов играч, а не магично да го реинкарнираат Дармијан и да го враќаат во ротација?
 
Нема грешка дека ќе носат 4ти десен бек, покрај Дармијан, Дамфриз и Енрике. И секако дека ако го продаваат Енрике ќе донесат нов да покрие, веројатно Перишич.
Може и мене е ми се допаѓа како игра Енрике, ама добро ти вика @SK-92, ако се продаде тој, а овие ти што ги наброја исто како да не постојат во тимот моментално, Дармијан пред пензија, Думфрис сигурно додека не се опорави добро нема да се врати во тимот, на лето го чека сп, па не е луд да ризикува повреда пред сп, а и за Перишиќ ништо не е сигурно само муабети се пуштени.
Така да очај. Ма да на американците битен им е кешот, титулите помалце.
 
Па ако планирале да тераат сезона со Дамфриз и Дармијан за резерва немаше ни да го зимаат Залевски, а после тоа ни Енрике. Доколку го спакуваат Енрике сега нели е логично дека ќе донесат нов играч, а не магично да го реинкарнираат Дармијан и да го враќаат во ротација?

Не ми е ни јасно што сакаш да кажеш тука. Како да не си ме сфатил. Не требаше да се продава Енрике туку ете некој играч од профилот на Перишиќ да се донесе да покрива две позиции (или подобро кажано да не се продава Залевски) особено што Карлос Аугусто моментално игра на три позиции и немаме апсолутно никаква замена за Бастони. Ако овој и Димарко во ист период се повредат, ќе ни пропадне цела сезона во три четири утакмици. Па дури и само Бастони да е повреден ќе биде голем проблем.
И да, Залевски беше донесен за да покрива кај Димарко првично. Имаше моменти и кога играше во средината. Мислам дека тој период Димарко се повреди па го донесоа Залевски. Оваа година на веќе повреден Думфриз ние уште ќе го продаваме единствениот кој колку толку може да го замени а со оглед дека има уште 3 дена до крајот може и да испадне да го продадат без да се донесе било каква замена. Перишиќ е засилување за Хајдук, не за Интер. Нека бркаат работа, се надевам ПСВ ќе се пласира вечерва па да ја затвориме таа тема.
 
Ja sum all in za nosenje na Perisic, pred se radi mentalitetot sto go ima, i sredinata koja mnogu i ne e promeneta otkako on si zamina, vo kontekst na toa koj e seuste glaven kostur na ekipata, so site e dobar drugar. Vo PSV igra jako za do kraj na sezona e dobra opcija, nisto nema da izgubat a mozat da dobijat dosta vo bitkata za skudetoto.

Od nigde nikade inace izleze info deka se dogovaraat so Diaby, sto igrase vo lever i vila, ova e cudna informacija, uste edno klasicno krilo ko sto e i Enrike samo daleku poofanziven Ne znam sto se desava ama ova izgleda e opcija ako Enrike si zamine vo Bornmut, samo ne znam kako od klasicno ofanzivno krilo ke iznudi Kivu da bide funkcionalen wing back.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom