Македонски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување

„Тоа многу сериозно ќе се сфати, бидејќи ако не живее филмот во кино, треба да биде достапен на телевизија, ако не биде достапен на телевизија, треба да биде достапен на онлајн платформи. Јас ги гледам бројките, фрапантни се. Секој киноприкажувач во Македонија мора да пријави кој филм колку бил гледан во Агенцијата за филм бидејќи тоа е наша законска обврска. И бројките на месечно ниво стигаат. Јас претходниот месец декември, го отворив од љубопитност и можам да кажам дека филмови коишто коштаат грдни пари, за коишто Македонија инвестирала, имаат бројки од типот на 45 души го гледале за месец декември. Затоа во следниот конкурс се обидуваме тие бројки да влијаат врз бодовната листа на тоа дали некој треба да добие следен филм или не“, кажа Мицевски.

Да го видиме и ова чудо.
 
И бројките на месечно ниво стигаат. Јас претходниот месец декември, го отворив од љубопитност и можам да кажам дека филмови коишто коштаат грдни пари, за коишто Македонија инвестирала, имаат бројки од типот на 45 души го гледале за месец декември.
Како бе од љубопитност, нели им е тоа дел од работните задачи? Јас можам од љубопитност да го отворам, не директорот.
И нели треба овие податоци да се јавно достапно, штом веќе секој месец ги добиваат?
 
Македонски Филмови кои треба да имаат своја интернационална премиера оваа година.
 
Македонски Филмови кои треба да имаат своја интернационална премиера оваа година.
Има уште неколку што имаат завршено снимање пред неколку години и би требало да излезат.
* One More Game - реж. Nick Janssen
* Емил врати се - реж. Илија Павлов
* Можеби - реж. Кастриот Абдили

И овие два што се снимаа лани летото.
* Потстанар - реж. Марко Ѓоковиќ
* Договор - реж. Сенад Абдули
 
Да, да, знам и за овие филмови, но не добив никаква сигурна информација за дека сигурно ќе имаат премиера во 2026 година и дека се целосно завршени. Сигурно со тек на време ќе има повеќе информации околу филмовите за да може да се објави.
 
Гледам некое предавање организирано од Француски институт за француско-македонски ко-продукции. Инаку Франција е една од земјите во светски рамки што даваат најмногу пари за малцински ко-продукции.
Ако не грешам единствен македонски филм што бил во ко-продукција со Франција е “Пред дождот”.

И сега наместо да отидат што повеќе режисери/продуценти на тоа предавање, да слушнат нешто паметно за аплицирање, за вмрежување со Французите, за користење на нивните фондови, присутни биле десетина луѓе од кои 4 режисери (Кардалевска, Џиџева, Тозија и Станишиќ) и 2 продуценти.

Другиве гарант биле презафатени со спремање на филмските проекти за Кан и Венеција.

За споредба Србија има десетина филмови поддржани од Франција во последниве 10 години, Македонија 0.
Истово го приметив пред некој ден и кај Италијаните. Од регионот Србија, Црна Гора, Хрватска со далеку послаби филмови од нашите лапнале добра пара од Италија, а нашиве се молат во Косово и Црна Гора за 30.000 евриќи.
 
Здраво, дали знае некој каде може да се најдат кратките филмови "Црешовата Градина" со Мето Јовановски и "Долу од рајот" во режија на Бојан Станишиќ? Ви благодарам.
 
Здраво, дали знае некој каде може да се најдат кратките филмови "Црешовата Градина" со Мето Јовановски и "Долу од рајот" во режија на Бојан Станишиќ? Ви благодарам.
“Долу од рајот” на Саша Станишиќ го имаш на Синесквер.

А “Вишновата градина” го немам најдено никогаш. Режисеров Гоце Димоски нема снимено ништо после тоа и не знам дали е на друштвени мрежи. Ако случајно го најдеш, пушти линк.
 
Имал уште 2 документарни филмови пред тоа и напишал сценарио за долгометражен игран филм - никогаш снимен. COBISS вика дека издал само една единствена стихозбирка во животот, ама затоа е член на Друштво на писатели на Македонија. Како станал - само он знае.
 
Мојата чудесна земја. Зарем треба да не чуди што лик со една стихозбирка е член на ДПМ покрај еден мал милион небулози што ни се случуваат секојдневно?
Па кај нас еден куп филмаџии со еден краток филм снимен после факултет држат работилници и предавања за пишување сценарио и снимање филм…
 
Па не ме чуди толку тоа, колку што ме чуди како истото тоа Друштво што дозволило такви „писатели“ да бидат членови, денес одбива десетици други кои веќе имаат издадено и по 5 и повеќе романи, со образложение дека не било тоа елитна литература.
 
Има уште неколку што имаат завршено снимање пред неколку години и би требало да излезат.
* One More Game - реж. Nick Janssen
* Емил врати се - реж. Илија Павлов
* Можеби - реж. Кастриот Абдили

И овие два што се снимаа лани летото.
* Потстанар - реж. Марко Ѓоковиќ
* Договор - реж. Сенад Абдули
Nick Janssen e целосно странец или има потекло некое македонско?

Си остана нетачна

Прегледај го приврзокот 470154

P.S. Ова е дел од екипата за филмот „17“ на Косара Митиќ кој имаше премиера на Берлинале
Видеово е поставено од дистрибутеров Тотем, кај што сите позираат нормално, а умисленава врти г’з на фотографите.

Кај е најнебитен лик у филмот, кај е земена на црвениов тепих, кај пошла по гаки на тепихов, па и врти г’з на фотографите…
Ко да ја собрале од некој стриптиз бар у Берлин, страшно нехаризматична и не ми е јасно како толку улоги на филм добива. Костич у женска верзија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom