Ајде една скромна анализа со расчистени мисли по преспиена ноќ после вчерашниот натпревар со Романија, а и генерално за настапот на Европсково првенство.
Факт е дека сме поквалитетна репрезентација од Романија, но исто така е факт дека Романија е многу поблиску по квалитет до нас, отколку што ние сме до Португалија. Токму затоа, како шо ние гледавме наша шанса против Португалија, така и Романија сосема оправдано гледаше шанса против нас. Неколку секунди ја делеа Романија од реми, но истите тие секунди нас можеше да нe чинат далеку повеќе, шанса за учество на следното Светско првенство.
По мене клучната разлика беше во пристапот. Против Португал играчите имаа крв во очите, агресивна, пожртвувана игра, спремни буквално да изгинат на терен.
Ретко кога сме изгледале толку физички доминатни над противникот.
Дуели на глава, фајтерска игра и менталитет дека секоја топка се игра како последна.
Со таков пристап, и покрај сите проблеми кој ги имавме во текот на натпреварот (повреди, слаб голман), се виде дека можи да се носиш и со најдобрите.
Дури и со стари истрошени војници со скршена кичма (Маркоски), ја знаеме ситуацијата кај Стојковиќ.. (сигурно најтешко му беше него на првенствово..и баш ми е мило шо го добивме како играч), прво сериозно првенство на Аларов, и клучно без повредените Лазаревски и Карасманакис.
Во натпреварот со Романија јасно се виде дека барем ментално, за најголем дел од играчите првенството заврши уште по ремито со Португалија, а тек следуваше најбитниот натпревар за нас, Романија.
Е тој е тој Македонски менталитет.
Недостасуваше истиот менталитет што ни овозможи да бидеме во егал со елитата. Интензитет, агресија и фајтерската игра.
Таквиот пристап мора да ни биде стандард, а не исклучок резервиран само за "големите" репрезентации.
Зато шо реалноста е јасна, се уште не сме репрезентација од прв, па ни од втор ешалон, каде шо можеш да си дозволиш да играш во втора брзина против селекции како Романија и да очекуваш рутинска победа.
Ние после ремито со Португалија премногу се разгаливме.
Во напад почнавме да бараме голови без контакт, како ракометот одеднаш да стана некој балет.
Жаре Пешеског како најискусно оружје, од 7 зицери успеа да промаши 13, со некој шутеви во стилот на Ванчо Димовски, пристап во завршница како да играме ревијален натпревар на генерација 1960, а не натпревар со тежина што може директно да не чини континуитет на големите првенства.
Изјава на Фитиљ за „Балкан Хендбол“ по ремито со Португалија: „Видовме дека Србите можат со Германија, па рековме зошто ние да не можеме со Португалија.“
Како Србите да се репер за тоа што можеме, а што не можеме ние како Македонци.
А 2024 година, пред натпреварот со Швајцарија, меч во кој Швајцарија беше огромен фаворит (коефициент околу 1.05, за нас дури 15.0), изјава на Марко Митев на новинарско прашање -
„Ние сме Македонци, секогаш со секого одиме на победа.“
Тука е разликата меѓу старите и новите генерации.
Едните мораат прво да видат дека некој друг може, за да си дозволат да веруваат дека можат и тие. Другите веруваат затоа шо знаат кој се.
Фитиљ јасно ни е на сите веќе, со својата игра е исклучок од таа стара матрица, на терен секогаш до крај пожртвуван, лидер и ВИСТИНСКИ КАПИТЕН.
Но менталитетот не се гради само на терен. Како дел од таа генерација, неизбежно носи и траги од размислување шо со години се влечело.
И нека е ова одговор за сите шо се чудат зошто дел од играчите од таа генерација, со трајни бубачки во глава како Талесен, денес не се повикани. Проблемот не е само во ракометот, туку и во главата. Генерација растена со муабети за "југословенските времиња", со вградено чувство дека без тој систем ние сме осудени да бидиме втор ред и да се осеќаме помали од шо сме.
Зато Лазаров мора свесно да сече со тоа минато и иднината ја гради со нови генерации, играчи без товар од вчера, без комплекси и без навика прво да гледаат во други па после во себе.