Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам и шампиони да станеме пак ќе има негативни коментари.. точно, паднаа денес под притисок, бевме и безидејни, но пак целта на ова ЕП е остварена. За споредба, Македонија на ова ЕП има само 25 грешки на 3те натпревари (8.3 просек по натпревар), а тие бројки на СП 2023 и ЕП 2024 беа 44 (14.6) и 49 (16.3). Доволен доказ за унапредувањето во играта.

Денес пред натпреварот, МРТ дадоа интервју со романски ракометар кој изјави одбраната ни била најака страна.. ние кои до скоро на првенствата примавме над 30 гола по натпревар (на СП 2023, во преелимимарна фаза имавме просек 36 примени гола по натпревар). Огромен е напредокот што го има оваа репрезентација, и каков и да е, Кире знае што прави и заслужува огромна почит за сработеното.
Најсмешното е што дел од најжустрите плукачи на Кирца ти имаат ставено лајк на објава која всушност е пофалба за Кирца.
Какви ли само пациенти виреат во темиве за ракометната репка. Мислам вакви пациенти ни во Демир Хисар нема. :pos:
 
Џабе муда, ако немаш квалитет. Муда за успех ти требаат ако бар пола селекција ти игра важна улога во екипи што се меѓу топ 8 во ЛШ. Се' друго се празни муабети.
Јасно ми е, јас убеден сум дека сме две класи послаби од Португалциве. Муда во смисла на претходни шампионати и натпревари каде што требаше машки да се влезе за да се направи тој исчекор напред, вака си останавме во трет ешалон на екипи - таму некаде на опашката.
 
Не не ебаваат психата и менталитетот, туку КВАЛИТЕТОТ на играчите. Тие се играчите, квалитетот на повеќето им е треторазреден.
Преголем успех е што имаме континуитет, па и на сметка на тоа што секогаш сме репрезентацијата од која не се очекува ништо повеќе. Во сите генерации досега не сме имале повеќе од 1-2 играчи од светски калибар. Лазаров секогаш бил број 1, за него нема збор. Сите други не биле никогаш дел од европскиот крем. Може да се каже дека Столе, Манасков, Миркуловски, Мојсо, сега Фитиљот, донекаде Борко и Митревски биле втор ешалон светски играчи, но секогаш премалку за нешто повеќе. Пеше е добар, сме имале солидни крила и пикери, ама доволно колку да играме на првенствата, но не и да напредуваме како што сака публиката. Ние може да изненадиме тук таму по некоја репрезентација која е појака, ама тоа е максимумот со нашиот квалитет.
Да сме толку квалитетни ќе се тепаа големите екипи за нашите репрезентативци. По сите параметри според играчкиот кадар, ние сме екипа за пласман некаде под 15 место.
Нашиот врв беше кога игравме како дома во Ниш и штета што не дојдовме до полуфинале. Ни фалеше во тие години едно првенство во Скопје, за поголем успех, но таа е инфраструктурата.

Инаку, еден куп селекции во овој период имале просечен успех, а учествувале прилично редовно.
Полска, Чешка, Унгарија, Србија (без првенството кај нив), Швајцарија, Црна Гора итн.
Јачината на домашното првенство нема врска со јачината на репрезентацијата, сепак квалитетот го прават воглавно странците.
Ако сакаш успех во Европа - купуваш квалитетни странци, ако сакаш да си егал со Динамо Панчево и Црвена Звезда во Челинџ куп - играш со Македонци. Ние колку сакаме може да се лутиме и плукаме, но вистината е таа. Максимално квалитативно сме осакатени, еден играч немаме што би направил разлика во германска лига, а тука сме незадоволни и очекуваме да сме во топ 8 во Европа. Па видовме во ЛШ колку можат нашиве екипи со македонски играчи, да не се лажеме.
 
Ако сакаш успех во Европа - купуваш квалитетни странци, ако сакаш да си егал со Динамо Панчево и Црвена Звезда во Челинџ куп - играш со Македонци. Ние колку сакаме може да се лутиме и плукаме, но вистината е таа. Максимално квалитативно сме осакатени, еден играч немаме што би направил разлика во германска лига, а тука сме незадоволни и очекуваме да сме во топ 8 во Европа. Па видовме во ЛШ колку можат нашиве екипи со македонски играчи,
Државата ако сака преку ноќ ќе ги направи и ЦЗ и Партизан (не мора Панчево) конкурентни во ЛШ. Со една десетина од кошарарските буџети ете ги нив у ЛШ со битна улога...
 
Државата ако сака преку ноќ ќе ги направи и ЦЗ и Партизан (не мора Панчево) конкурентни во ЛШ. Со една десетина од кошарарските буџети ете ги нив у ЛШ со битна улога...
Ако де, ги направи ли? И Албанија ако сака може Влазнија да ги направи конкурентни во ЛШ. Е сеа, додека не ги направат, ќе бидат канти каде што ќе може да тропаат нашиве клубови, а не да ги мериме со клубови со х5 буџети.
 
Ако де, ги направи ли? И Албанија ако сака може Влазнија да ги направи конкурентни во ЛШ. Е сеа, додека не ги направат, ќе бидат канти каде што ќе може да тропаат нашиве клубови, а не да ги мериме со клубови со х5 буџети.
Па дека ги спомна нив, затоа. Ама штом земаа скап селектор тогаш ќе се менува може и таму климата околу овој спорт кој кај нив се уште се води у рубриката "остали спортови"

Инаку у фудбал не ти помага нит држава нит ништо. Мораш сам да заработуваш. Фудбалот е скапа играчка дури и за држава...
 
Види, статистиката и споредбите со 2012 или 2014 се во ред, ама ракометот оди напред, а ние тапкаме во место. Проблемот со Кирил е што неговото его е поголемо од желбата за успех. Тоа му помагаше како играч да биде лидер, ама како тренер му е најголема мана.
Не може репрезентацијата да биде заложник на еден клуб и проект како Алкалоид. Додека не се одвојат тие две работи, нема напредок.

И најмногу ме нервира тоа што во старт се откажуваме од посилните репрезентации. Со такви калкулации “оваа сигурно ја губиме”, “онаа сигурно ја тепаме” само се убива борбениот дух кај сите. Наместо да ги учи да гинат против секого, он ги учи на математика. Со овој пристап и со тоа што селекторот мисли дека е поголем од тимот, тешко дека ќе видиме вистински напредок.

Секоја чест за сите на ова првенство, а посебно за Митев, Ѓеорѓиев, Томовски, Кузмановски и Костески.
Абе за да играме со топ 10 репрезентации ни требат 14 играчи со ист квалитет , а ние немаме ни една постава на тоа ниво и ова првенство надохнадивме со одбрана и Фитиљот шо се повампири во напад .
 
Па дека ги спомна нив, затоа. Ама штом земаа скап селектор тогаш ќе се менува може и таму климата околу овој спорт кој кај нив се уште се води у рубриката "остали спортови"

Инаку у фудбал не ти помага нит држава нит ништо. Мораш сам да заработуваш. Фудбалот е скапа играчка дури и за држава...
Џабе, поентата ми беше и најдобрите македонски играчи да играат во Вардар, Пелистер или Алкалоид, резултатите ќе бидат никакви/просечни, а истото горе доле би било и во Србија, иако рака на срце имаат неколку играчи што би направиле разлика. Но, поход кон титула во ЛШ и кај нас и кај нив си бара квалитетни играчи, претежно странски.
 
Без квалитетни странци нема врвен спорт. Тоа само кај нас народот се пали на домашни деца на кои злите странци им го фаќаат местото...
 
Ако сакаш успех во Европа - купуваш квалитетни странци, ако сакаш да си егал со Динамо Панчево и Црвена Звезда во Челинџ куп - играш со Македонци. Ние колку сакаме може да се лутиме и плукаме, но вистината е таа. Максимално квалитативно сме осакатени, еден играч немаме што би направил разлика во германска лига, а тука сме незадоволни и очекуваме да сме во топ 8 во Европа. Па видовме во ЛШ колку можат нашиве екипи со македонски играчи, да не се лажеме.
Успех во Европа со клуб или со репрезентација?
Тргни ги Германија и Франција, кои имаат 50К+ регистрирани ракометари и каде никако не се вклопуваме, и јасна е работата.
Успех во Европа со клуб? Види ги Полска и Унгарија.
Успех во Европа со репрезентација? Види ги Словенја, Хрватска, Холандија...
Јас би да учиме од Словенија
 
Последно уредено:
И да ја тепавме Португалија со 1 разлика, пак ќе извисевме затоа што Португалија ја победи Данска. Така да океј си е. Да ја тепавме Португалија уште поболно ќе беше да гледаме како со 2 победи испаѓаме. Ова е супер! Наредно првенство здравје и подобро!
 
Успех во Европа со клуб или сои репрезентација?
Тргни ги Германија и Франција кои имаат 50К+ регистрирани ракометари, каде никако не се вклопуваме, и јасна е работата.
Успех во Европа со клуб? Види ги Полска и Унгарија.
Успех во Европа со репрезентација? Види ги Словенја, Хрватска, Холандија...
Јас би да учиме од Словенија
Тука има плачки дека македонските клубови не форсираат македонски играчи, па така доаѓаме до тоа претходно што го пишав. Јас мислам, што секако не мора да е точно и сите да се согласат, дека со оглед на квалитетот на домашните играчи, резултатите на репрезентацијата се очекувани, па и над тоа. Освен Фитиљ и Митев (ако ја врати формата) ние немаме играч за кој е заинтересиран некој појак клуб. Со натпревари против Преспа и Радовиш не се станува добар играч, тука многу фали СЕХА лигата.

Добро е што постои клуб како Алкалоид и што функционира на тој начин, во Вардар и Пелистер ваква шанса немаше да добијат голем дел од играчите на Алкалоид.

Португалија, Фарски Острови, Холандија, а од многу оддамна и Исланд се слика и прилика за правилно работење со млади селекции/играчи. Исланд во жители е колку пола Скопје па се светлосни години пред нас. Фарски острови имаат огромен напредок, а жители колку Кисела Вода.
 
Бранче убаво кажа во емисија, еден од браќата Кошта е генерација на Серафимов, кај е едниот, кај е другиот со силата, другиот, иако можеше, не ни играл на младинското во Хрватска, а ние губиме играчи како Самоил кои се повредуваат во младинските лиги.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom