Друже, барај од стјуардесите да ги смират. Сме летале и прекуокеански и на кратки релации, и секогаш кога нешто ми пречи, ги повикувам стјуардесите и им кажувам да воспостават ред.
Последно ми седна една на моето седиште на прекуокеански лет, каде што се доплаќа речиси 200 евра за резервација. Не ја ни погледнав, ја викнав стјуардесата, ја покажав картата и таа ја стана.
И за деца исто. Немам работа ни со нив, ни со родителите, туку со авионската компанија. Ако стјуардеса или било кој од екипажот се однесува несоодветно, со име и презиме поднесувам поплака директно до компанијата, па нека се правдаат таму.
Инаку, јас сум за тоа да се казнуваат родители на деца кои прават циркуз, за да научат како да ги воспитуваат.
Како дете никогаш не ме удриле, ама имав таква стравопочит што само кога ќе ме погледнеше некој од родителите, веднаш се стишував. Денешниве родители само се закануваат, а ништо не преземаат, мекуши. Скоро гледав другар и жена му, на детето само му се закануваат, а тоа веќе ги има проценето и им се качува на глава, и на нив и на сите околу.
Кога ме носеле на гости, прашував дали може да каснам од тоа што е на масата, а не да ја дигнам куќата во воздух како денешниве деца. Ама ако ти кажат казнет си, значеше казнет, ми имаат спакувано компјутер на таван со недели оти почнав да гејмам по цел ден и намалив на оценките, додека не поправив се не видов ни телевизор, ни компјутер.