Имаше еден карактер во серијата што ја гледам The Shield (многу добра серија патем), кој се вика Julien и типот е геј полицаец, притоа верник и решен цел живот да се води по етиката и моралот. Тој самоволно се пријавува да оди на сите терапии, лекувања, психолози, свештеници, само за да биде излечен од тоа што и тој самиот го нарекува болест и да може да си оформи фамилија со свои дечиња по сите црковни начела т.е. да може да го води единствениот прав пат за него. Така да, мислам ол-ин се отиде првично во насока дека сите “ДА“ се ултра радикали десничари, што ќе разбиваат геј паради, а сите “НЕ“ дека се либерали, ЛГБТ, но реалноста е дека постојат ете луѓе што се геј и сакаат да си помогнат, да се излечат, дали поради тоа што мислат дека гејството им смета во професијата, во религијата, во пријатлствата, социјализацијата итн, нивно си е, ама ако тие сакаат да се третира како болест и да си се третира медицински нивното, нема што ние стрејт луѓето да им се мешаме. А дека треба задолжително со закон секој геј да го пријавиме во психијатрија тоа дефинитивно не, ќе се поклопат аргументите како за претходната тема (нема да им упаѓаме дома да ги фаќаме на делo кој што прави за да знаеме дека се геј, да преслушуваме разговори и да тастаме во станица ако не фатат со трева да му кажеме на чичкото полицаец 'брат еден геј ќе ви кажам ама пуштете ме овојпат'.