Драга
Здравјето ми го земаа. Буквално. Стрес, нервози, понижувања, премолчена болка… сѐ тоа се таложи и на крај телото плаќа. Ама нема да им го дадам и целиот живот. Доста беше. Најстрашно е што таквите луѓе продолжуваат понатаму како ништо да не било, а ти остануваш да се бориш сам со себе. Да одиш по доктори, да се крпиш физички и психички, и да се прашуваш кај згреши што дозволи некои особи толку да те уништат, а вистината е дека не згрешив. Само верував. Не се менуваат. Се хранат со тоа што ти го губиш. Затоа да, ми го земаа здравјето. Ама тука му е крајот. Нема да им ги дадам и моите години, мојот мир и мојата иднина. Некои луѓе не заслужуваат ништо повеќе од дистанца и тишина, а јас заслужувам живот без нив.
Другите, што ги викав блиски, ме оставија кога ми беше најтешко. Не направија ништо лошо само си заминаа, а тоа понекогаш боли повеќе од сѐ. Денес не ги барам. И тие не ме бараат. И тоа ми е доволен одговор за тоа колку навистина им значев.
Така го чуваат аманетот што им го остави мајка ми...
Осеќам огромна болка и бес...