Кое е твоето контроверзно мислење? (Читај воведно мислење)

"Контроверзниве мислења"
Bored Season 5 GIF by The Office


Абе контроверзно е откако ќе напишеш нешто буквално со пола форум да се скараш, да има реакции, плачења, КОНТРОВЕРЗИИ, да треба модератор да реагира. :D А не вака со три поста да поминува топикот.
Толку е контраверзно шо ко го прочитав се прозевнав.
 
Со овој дел се согласувам. Ако не се лажам, мислам дека и денес има лимит за возраст. Или не?
Мислам дека од 70 години им ја продолжуваат возачката дозвола на пет години само. Ама пак, за пет години толку многу работи може да се сменат.
 
Ретестирање според мене се прави за материјал во кој има промени, а не за материјал кои циганите не се писмени еднаш да го прочитат па инструкторите им кажуваат што да ЗАОКРУЖАТ (прв ред флег) за да поминат, материјал патем кој треба со самото возење всушност да го повторуваш и самообновуваш. Да бидеме реални, два смешни листа материјал е тестирањето и ако вистински се тестира и се воведе вистински стандард за пролазна, пола држава нема да успее да добие дозвола за возење поради прашалник ако немаат врски, па зошто би имало потреба од скратена, паушална верзија од тоа кога првото не носи вредност? Дополнителна, бесмислена бирократија - без разлика дали коштала или не.

А за праксата пак, полагат во фиат пунто, а приватно возат нешто што професионален тркач би имал проблем да го хендла со брзините што ги постига, по патишта наменети за фиат пунто. Ако положиле кога најскапата кола во град била застава 101, тогаш ако нешто се преполага треба да е пракса со повисоки брзини и побрзи коли, бидејќи денес има спејс шатли што постигаат 200 под 10 секунди. Зошто е човеково право да смееш да купиш нешто што постига брзина од 250 за мене ќе остане енигма, кога најчесто се купувани од неспособни да пресметаат колку кошта од евра во денари. Самиот компјутер внатре според локацијата-град треба да ја блокира колата на 50, а не секој ден да има жрва на една ебена улица во Скопје, и да не се појави ниту еден способен да тоа успее го митигира. Нашата иновативност претпоставувам е потрошена на лепење магнетни листови на регистрациите за да сејф сити не ги регистрира. Извинете, јас само да прашам, има ли останато некој возрасен во тоа Скопјето или се собрале деца си играат на град и на возрасни?

Моето контроверзно мислење околу ова е многу зелено, како по зрелост на државата така и по футпринт:
Не треба да постои полагање воопшто бидејќи не треба да постојат коли. :toe:
Освен за спортски коли кои би ги возил на патеки, како картинг.

Секој град кој има јавен транспорт а не е поефикасен од ти да запалиш кола потфрла и мора активно да работи на трајно решение како тоа да го надмине. Така треба да изгледа едно развиено општество во иднината, без коли. Мене ми е многу јако што јас тука имам секои десет минути воз кој за пола саат ме носи до Хаг, ме носи до Амстердам, секој пола саат до Брисел, има воз што за три саати си во Парис, или до Германија. Додека во градовите метро има секоја минута, трам има секои пет минути. Никогаш не се секираш дали ќе испуштиш. И не е само Холандија пример, ги знаеме и Јапонците. Шест градови посетив со воз, секаде се стига со јавен транспорт. Токио има уште толку град под земја заради метроата а влезовите да се симниш се многу суптилни, плус толку е чисто што може да јадеш од земја, до толку развиено што си дозволуваат кабини само за жени, и сѐ функционира беспрекорно и НА ВРЕМЕ. Тука има автопати со пет ленти а лазат, бидејќи функционира СЕЈФ СИТИ камерите и ти стига автоматски казна за возење побрзо на автопат од што е дозволено, па со воз стигам побрзо до било кој град од со кола. Во воз имаш вц, имаш интернет, си одмараш, работиш, сурфаш, зошто да си трошиш вниманието да пазиш на сообраќај?

За ова да се воведе, би ги качил даноците за коли постепено како цигарите додека не почне да станува скапо и проблем, и значително повисоки ако на иста адреса има повеќе од едно возило. Исто прогресивно би накачувал и за регистрации и за полагањата за дозволи, казните за паркирање, прекршоците - ама целиот буџет од тоа транспарентно да оди на само тоа, да градот успее да воведе успешен јавен превоз. Ако може тука да имаме по 50% данок на прихот за да функционираа некои работи како што треба, може секаде постепено да се воведе. Па имаш event horizon, колку повеќе го користат и колку повеќе е функционално и побрзо да стигaш некаде, толку повеќе ќе станува поефтино тоа да се одржува.

1766782666031.png
 
"Контроверзниве мислења"
Bored Season 5 GIF by The Office


Абе контроверзно е откако ќе напишеш нешто буквално со пола форум да се скараш, да има реакции, плачења, КОНТРОВЕРЗИИ, да треба модератор да реагира. :D А не вака со три поста да поминува топикот.
Nikoj nejki da ispadni kontraverzen, da go zbora cel forum :D
Ponajmalce @Aceso
Abe raspali tamu, krv neka padni, trojca moderatori da ne mozat da rascistat, da ne znat koj da go zabrisat poprvo, do Acid da stigni rabotata od zalbi i poplaki :sneaky:
 
Е ако де, некогаш ќе се погоди мислењето да не е толку контроверзно, ќе заврши дискусијата побрзо и ќе одиме на следно мислење.

Да го тагнуваме @wot почесто, реков и порано, џубрето нема неконтроверзни мислења, има секој со секого да не искара :D
 
...не е фер од ваша страна, Ацесо го постави контраверзното прашање и нема тука дополнителни коментари дали е или не контраверзно, поштено е избрана, поштено поставила мисла и не туку ја притискате, од една страна ја подржувате фина, лепа, пријателка, ова она, а сега мрсите, така да го тераме ова мислење, а да, предлогот на членот Мад да биде секоја контравезна мисла како посебна подтема е одлична и држи вода, вака некој од страна ако влезе да чита на ова тема од хаосот ќе не' направи сите фиу фиу и ќе си излезе,
 
...не е фер од ваша страна, Ацесо го постави контраверзното прашање и нема тука дополнителни коментари дали е или не контраверзно, поштено е избрана, поштено поставила мисла и не туку ја притискате, од една страна ја подржувате фина, лепа, пријателка, ова она, а сега мрсите, така да го тераме ова мислење, а да, предлогот на членот Мад да биде секоја контравезна мисла како посебна подтема е одлична и држи вода, вака некој од страна ако влезе да чита на ова тема од хаосот ќе не' направи сите фиу фиу и ќе си излезе,
Кој е членот Мад?
Да не мислеше на @Mud ?

Што ти значи ник, брат?
Еднина од муда?
Хехе
 
Че ви раскажев за вчерашниот дејт, да видите шо е контраверзно понашање. Ама че речите Визи вака така геј, вака така само секс.
 
Че ви раскажев за вчерашниот дејт, да видите шо е контраверзно понашање. Ама че речите Визи вака така геј, вака така само секс.

Батали баце, друг пат ќе кажеш ај.
 
Кој е членот Мад?
Да не мислеше на @Mud ?

Што ти значи ник, брат?
Еднина од муда?
Хехе
... прво мислев да не е „ кал“ ама се сетив на слична група на Суит -„Sweet“ како „Mud“- Мад, а членот кога го ставил името е негов избор, но најточно кога го пишувам кажувам на кирилица е - Муд... така да не си свезнајучи парватело!
 
Дефинитивно против.Според оваа логика и сите шо завршиле факултети треба да преполагаат на секои четири години.Стварно нема смисла предлогов.
 
Мислам дека од 70 години им ја продолжуваат возачката дозвола на пет години само. Ама пак, за пет години толку многу работи може да се сменат.
... колку возачи направиле прекршок, односно сообраќајна несреќа, па дури и со фатални последици, а да ја имале возраста над 70 години? претежно сите тие на таа возраст се свесни дали се способни да седнат позади воланот, како што гледаме и слушаме од јавните медиуми напротив сите сообраќајни незгоди, прекршоци се направени од тукушто положени возачи или воопшто без возачка дозвола и тие со одвај преминале на возраста на мажи!
Дечки моето контроверзно мислење нека биде дека возачката дозвола не треба да се смета за доживотно право, туку за привилегија која периодично треба да се ретестира и преоценува. На тој начин би се вовел некаков ред во сообраќајот, би се намалиле ризиците од несреќи предизвикани од нарушени способности со возраста и би се поттикнала поголема одговорност кај сите возачи. Во оваа категорија би ги вметнала и лицата со епилепсија или други невролошки состојби кои значително го зголемуваат ризикот од изненадни напади, всушност на тие лица, за нивна и за безбедноста на другите, не би им издавала возачка дозвола.
... напротив, тие што се со јавни дијагнози гореспомнатите ниту седнуваат позади воланот, туку седнуваат ВИП кои ги имаат, а се кријат во здравствените прегледи и се кријат од очите на јавноста, дури има јавни личности кои го носат ХИВ вирусот, Хепатит Ц вирусот, па се третираат по друго име или воопшто не се кажува за кој пациент е терапијата, ама ете љубопитноста секогаш излегува на виделината, а со тоа дека такви „заразени“ паценти дури слободно се шетале во Собранието како пратеници! тоа треба да биде електронски регулирано штом се иде да се извади лекарско уверение, автоматски да излезе сите тие можни пречки за полагање на возачка дозвола, а не лекарско уверение е само коллку да се плати износот!

... друг пример, автомобил адаптиран за тежок инвалид со нефункционални екстремитети има возачка дозвола, дури (човек да се уплаши и прекрсти) вози работници секое утро на работа како транспорт возач, а тој со тежок инвалидитет, кој тоа му даде возачка дозвола и кој тоа му дозволува да секојдневно зема на душа работници возејќи до работа што ја знам колку километри?


... така да мое мислење за преполагање за возачка дозвола бидат кај сите тие кои при возење ќе бидат фатени со мобилниот во рака, читајќи и пишувајќи порака со една рака, а со друга на воланот, на нив треба да им се одзема возачката дозвола без никаква олеснителна околност и да полагат повторно возачки испит, посебно потенцирајќи испрашување за сообраќајните знаци и правила во сообраќајот, како и одземање на возачката дозвола на родителот кој дозволува детето малолетник да ја вози неговата кола, од такви возачи идат сите сообраќајни несреќи, ниеден 75 годишен ниту прегазил, ниту удрил, ниту излетал од патот, напротив истите се прегазени на пешачки, возејќи велосипед или како возачи удрени во сообраќајка од збеснат млад возач кој возел со неприлагодена брзина и услови на патот!
 
Владе, кажи им дека возачката не е доживотно право, туку привилегија која може и периодично привремено да се изгуби. Обично во периодот кога се пече ракија!

Ќе мора, пак, да се сложам со Вот за организираниот градски превоз, да беше организиран, редовен, односно народот да имаше алтернатива, колата немаше да биде секојдневна потреба. Истиот, побрзо, поекспедитивно и поекономично, ќе те однесе од точката А до целната точка Б. Така е, пример, во Германија. Ние тоа го немаме. Јавниот превоз го нема ни капацитетот да сервира услуга само на овој одреден процент кој го користи, не пак кога најголемиот дел од граѓаните би морале да го користат. Условите се тие, не би идеализирал затоа што тоа би било во сферата на утопизмот.

За предлогот, сив бумбар затоа што не сум многу директно инволвиран во проблематиката. Секојдневно користам јавен превоз, така се одлучив пред неколку години затоа што во тие неколку клучки од работа до дома, со методот на возење тргни-застани, некогаш губам и неколку саати од денот. Во бус гледам филм/серија или читам книга. Времето си го пополнувам. Линијата ми е речиси на почетна станица, така речиси секогаш и седам. Ситуацијата да беше поинаква, немаше да го користам.

Башка некој друг мисли на пијани шофери, нервозни возачи, шиптaри на четири тркала и жени зад волан.

За предлогот задолжителен психофизички тест еднаш годишно, црн бумбар. Ова доаѓа од човек кој никогаш не отишол на задолжителен систематски преглед, а секогаш има уредна Потврда/Уверение. Така ќе биде и со тој тест, само дополнителен трошок кој реално нема ни да го амортизира проблемот. Треба имплементација на системот на казни, а не нови инвенции, само така ќе се воведе ред во хаосот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom