Кое е твоето контроверзно мислење? (Читај воведно мислење)

Функционално судство и затворски систем е подобра опција од смрттна казна. Затвориве наши имаат и мобилни и пици јадат и на слобода се пуштани, а и внатре не е некој си пекол за вакви убијци.
Пре би да имаме затвор каде што ваквите ко Палчо би гниеле у самица 24 часа до крај на животот, без слобода, без да знае дали е ден или ноќ без никаква посета, да јаде кога ќе му се даде и АКО му се даде, ко кучиња да живеат сами со себе, во соба од 2 квадрата, кревет, јаже и столче. Па он нека одлучи што со јажето.
 
Не разбрав, за да се сложам со тебе дека не треба да има смртна казна?
Небитно, читам така од горе-од горе, не ви навлегувам премногу во дискусиите, но ако зборуваме за смртна казна - јасно е дека нема никогаш да се воведе во Македонија, па беспредметно е да дискутираме за нешто што е целосно неостварливо.

Сепак, ако го сведеме ова на дискусија само заради дискусија од морален аспект - тогаш да, не се согласувам за воведување смртна казна.

Ги разбирам јас луѓето и нормално е на прва да помислиме дека некои тешки гниди заслужуваат смртна казна за тешки кривични дела (особено убиство/мачење/злоупотреба на деца и немоќни лица). Тоа е првата емоција што ја добива секој нормален човек, кога ќе види или слушне за нешто што не погодува во сржта. Кај нас го имаме најдобриот пример, убиството на 14 годишното девојче пред две години во Скопје, па да не зборувам за начинот на кој се покажа дека е изведено, тоа е нешто што веднаш те тера на таа мисла - смртна казна одма, без приговор, без ништо. Гратис мачење.

Но, овде има едно големо но. Луѓето тоа го замислуваат во главите и тие пресудуваат. Но знаеш, лесно е да пресудиш во главата или да напишеш на форум „тој и тој, да сум јас, ќе му пресудам смртна казна, со мачење една недела, корнење прст по прст“. Реалноста е... реалност.

Јас се слагам дека некои луѓе заслужуваат многу потешка казна од лежење доживотен затвор, но не верувам во човекот дека има доволно морална големина и капацитет да може да носи такви одлуки - да одземе туѓ живот на легален начин. Не верувам ниту во квалитетите, ниту во објективноста, а најмалку во менталниот склоп да може да се носи со такво нешто. Да не се разбереме погрешно, јас го немам ова мислење само за во Македонија - туку и за цел свет, дури и во најразвиените држави.
 
Функционално судство во нашата држава е научна фантастика. За продукција на кадар пари нема, уште некоја година па ќе нема ни судии, ни јавни обвинители.
 
Функционално судство и затворски систем е подобра опција од смрттна казна. Затвориве наши имаат и мобилни и пици јадат и на слобода се пуштани, а и внатре не е некој си пекол за вакви убијци.
Пре би да имаме затвор каде што ваквите ко Палчо би гниеле у самица 24 часа до крај на животот, без слобода, без да знае дали е ден или ноќ без никаква посета, да јаде кога ќе му се даде и АКО му се даде, ко кучиња да живеат сами со себе, во соба од 2 квадрата, кревет, јаже и столче. Па он нека одлучи што со јажето.
Така е. Е баш за таков. Да сака да умре, да не може. Лесно е да умрат.
 
Ќе беше боље секое контроверзно мислење да биде своја тема, како у музика подфорумот, и на крај да има и гласање да се види дали е контроверзно и колку.
 
Мислам дека се исцрпи и мислењето за смртната казна. Одиме со следен, или? Кој да биде следен, @парва , @Sussaro ? Кој прв ќе ја предаде палката која вие ја држевте заедно, негова е!
 
Јас сум против смртна казна. Смртната казна ми отвора повеќе морални прашања отколку решение. Ми се поставува прашањето, како може да осудиме некој и потоа да го направиме ние истото? Според тоа како функционираме, повеќе внатрешните страдања и совеста можат да не казнат, отколку смртната казна. За мене, потешка и поправедна казна е човек да живее со последиците од своето дело и да се соочи со сопствената вина, наместо државата да одлучува кој заслужува да живее, а кој не.
Кога зборуваме за правен систем да не заборавиме дека и тие прават тактики да играат со умовите на луѓето. Тие тактики да ги користат колку да го средат случајот. Затоа има и обвинети, но не биле виновни. Со цел да избегнат стрес и малтретирање, прифаќаат вина. Некои ги изолираат, не ги оставаат да спијат, ги лажат дека имаат докази, ти создаваат чувство на вина. Ќе повториш неколку пати лага и со неколку пати повторена ќе ја почувствуваш како вистина. Тоа може да те натера да не веруваш 100% во себе и да почнеш да се чувствуваш виновен.
Или да глумат еден лош, па друг добар полицаец има такви тактики, затоа има и невини а осудени како виновни. Затоа не сум за смртна казна. Не затоа што ги оправдувам злосторниците, туку затоа што сметам дека државата не треба да биде учесник во смрт. Секој родител би дал се за своето дете, но не верувам дека решението е да станеме како оној што го сторил злосторот. Постојат доживотни казни и механизми што ја штитат безбедноста, а не вклучуваат неповратен чин кој може да биде и грешка и морален товар. Злосторството е чин на насилство што го нарушува животот и човечкото достоинство. Казната треба да биде чин на правда, не одмазда. Смртната казна ја брише таа разлика. Ако државата убива за да казни убивање, тогаш казната станува истото како злосторството.
Замислете доживотен затвор без слобода, без семејство, без иднина, без право да излезеш надвор, без нормален човечки контакт. Што е потешко смрт, или живот со вина, изолација, и губење на секоја слобода засекогаш? Според мене второто.
 
Ништо не вели мир, љубов, проштевка и добрина за време на деновите кога го славиме Неговото раѓање како вашите Пила сценарија.

:bravobe:

Мислам дека се исцрпи и мислењето за смртната казна. Одиме со следен, или? Кој да биде следен, @парва , @Sussaro ? Кој прв ќе ја предаде палката која вие ја држевте заедно, негова е!
Следен ќе бил …shutrak, :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom