@Mondonico, you are my last hope.
Не разбрав, за да се сложам со тебе дека не треба да има смртна казна?
Небитно, читам така од горе-од горе, не ви навлегувам премногу во дискусиите, но ако зборуваме за смртна казна - јасно е дека нема никогаш да се воведе во Македонија, па беспредметно е да дискутираме за нешто што е целосно неостварливо.
Сепак, ако го сведеме ова на дискусија само заради дискусија од морален аспект - тогаш да, не се согласувам за воведување смртна казна.
Ги разбирам јас луѓето и нормално е на прва да помислиме дека некои тешки гниди заслужуваат смртна казна за тешки кривични дела (особено убиство/мачење/злоупотреба на деца и немоќни лица). Тоа е првата емоција што ја добива секој нормален човек, кога ќе види или слушне за нешто што не погодува во сржта. Кај нас го имаме најдобриот пример, убиството на 14 годишното девојче пред две години во Скопје, па да не зборувам за начинот на кој се покажа дека е изведено, тоа е нешто што веднаш те тера на таа мисла - смртна казна одма, без приговор, без ништо. Гратис мачење.
Но, овде има едно големо но. Луѓето тоа го замислуваат во главите и тие пресудуваат. Но знаеш, лесно е да пресудиш во главата или да напишеш на форум „тој и тој, да сум јас, ќе му пресудам смртна казна, со мачење една недела, корнење прст по прст“. Реалноста е... реалност.
Јас се слагам дека некои луѓе заслужуваат многу потешка казна од лежење доживотен затвор, но не верувам во човекот дека има доволно морална големина и капацитет да може да носи такви одлуки - да одземе туѓ живот на легален начин. Не верувам ниту во квалитетите, ниту во објективноста, а најмалку во менталниот склоп да може да се носи со такво нешто. Да не се разбереме погрешно, јас го немам ова мислење само за во Македонија - туку и за цел свет, дури и во најразвиените држави.