Предновогодишна и Божиќна еуфорија

Член од
3 мај 2019
Мислења
20.299
Поени од реакции
12.439
Од година на година, јас искрено да си признам, немам празнична еуфорија,
Не им се радувам на празниците како порано, не украсувам дома како порано, дури почнувам да се нервирам на цела таа вештачка, демек весела атмосфера...луѓето глумат лудило или се луди...немам појма.
Се е усилено, ништо од срце и душа....ајјј, па кога ќе почнат пораките на телефон да ми пристигаат, едни те исти, па си ги препраќаме на други....безвезе...:(
Сакам да можам да бидам дедо Мраз и на сите деца на овој свет кои молат за трошка леб и капка вода да им поклонам поедно гоолемо пакетче...така само душава ке ми се расположи.
Оваа година сакам да купам честитки и да им ги пратам на најмилите да си ја закачат на елка.

Го слушам градоначалникот Орце кој решил годинава да нема огномет...епа како може дочек за нова година да помине без можност да гледам во небо и со подзината уста да гледам и уживам како се распрснуваат во различни бои и формираат облици тие ракети, што ли се!?
Уништувач на забави...ебаму фризурката ретка.
Имате ли вие некоја празнична еуфорија или сте ко мене, безвезе?
 
Исто, каква еуфорија какви глупости.. Се е исто само различна година, истото срање :cool:
Обичен ден, а луѓе се тепаат на каса да купуваат јадење o_O ко да нема утре.. Почни од тоа, и во право си, Дури и програмине на тв што ги пуштаат, да те успијат таа вечер
Остај го градоначалникот.. занесен е да го исчисти градот :icon_mrgr:
 
Мене па предпразничната еуфорија ми е појака и од самото славење рецимо на НГ затоа што Бадник и Божиќ се семејни традиционални празници. Почнуваат божиќни пости, слави, луѓето како-така за кратко се фокусираат повеќе на весели теми и алкохол, отколку на оговарање и алкохол, па кај ќе идеш па што ќе правиш дрнте мрнте, што знам и светилки, ја грее душата у тмурно и ладно време.
Сега нормално дека не им е на сите до славење но социјалните норми го налагаат, но па не би се фокусирал толку на тие што глумат, пак се дел од вајбот, макар и вештачки.
 
Од година на година, јас искрено да си признам, немам празнична еуфорија,
Не им се радувам на празниците како порано, не украсувам дома како порано, дури почнувам да се нервирам на цела таа вештачка, демек весела атмосфера...луѓето глумат лудило или се луди...немам појма.
Се е усилено, ништо од срце и душа....ајјј, па кога ќе почнат пораките на телефон да ми пристигаат, едни те исти, па си ги препраќаме на други....безвезе...:(
Сакам да можам да бидам дедо Мраз и на сите деца на овој свет кои молат за трошка леб и капка вода да им поклонам поедно гоолемо пакетче...така само душава ке ми се расположи.
Оваа година сакам да купам честитки и да им ги пратам на најмилите да си ја закачат на елка.

Го слушам градоначалникот Орце кој решил годинава да нема огномет...епа како може дочек за нова година да помине без можност да гледам во небо и со подзината уста да гледам и уживам како се распрснуваат во различни бои и формираат облици тие ракети, што ли се!?
Уништувач на забави...ебаму фризурката ретка.
Имате ли вие некоја празнична еуфорија или сте ко мене, безвезе?
Тетке те газат годините,пушти си турски серии дочекај пензија и живот иде понатаму.
 
Тетке те газат годините,пушти си турски серии дочекај пензија и живот иде понатаму.
Можно и да е до годините, се сум постара нели.
БАрем имам убави спомени и доживеано вистинска празнична радост.
Моите деца нема никогаш да го почувствуваат тоа чувство, таа радост на празнување, затоа што секој ден јадат торти, чоколади, месо, руска салата, кифлички, сокчиња идр....ехххј...не чекаат они нова година да дојде за да им купат родителите некое ново фустанче или кондурчиња .

Затоа нема еуфорија, презаситеност од се.....дали е празник или делник, исти ку*ац.....па и два реда ве мрзи да напишете, да честитате, да се јавите, најлесно е со оние готовите гифчиња и спремни пораки.
Колку ладно делува тоа.
 
Последно уредено:
Па устфари стфарно, од аспект на људи, појма неамо ми кд е почетак на едно вртење около нашу ѕвезду, за да знаемо тачно кд е нова година.
Некои почнувале од солстиси, некои еквинокси, сезоне, датуми на нешта.
Сфак момент е ноф у тј круг.
Али нели ми људи да означимо.

Порано у развој на планету на поумствен начин, у осмдести, девеести и двеиљадитин почетак, подраш имасфа забаве и прославе.
Фамилијаран филинг беше по на ниво.
А ск људи биднасфа техно лоџик а и сфе се изгуби у тј поглед.
Животаримо ми сфи и гурамо и без некакфи си годишни кружења.
Година ни е само наша бројка, статистика, до куде смо сс живот.

Хепи њу јиар плането!

А и ти Вруќа убаво да си пројдеш на први.
 
И мене ми е тапа периодов годинава. Генерално ги сакам празнициве, и се што е поврзано со фамилија и празнување, ама некако годинава повеќе меланхолија ме фаќа, отколку еуфорија. Може и ќе се смени тоа, има време. А и лошо се паѓа Нова Година, ништо нема да искористиме од продолжени викенди.

Елка не знам дали ќе китам. Наредив по некој украс низ дома. Веројатно и во домашна атмосфера ќе си прославам годинава. :)
 
Искрено престанав да осеќам новогодишна еуфорија уште кога бев дете, дури и самата вечер на чекање нова година не ми е ништо посебно, углавном обична журка. Да можам само афтерот би го славел.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom