Dear K,
Сите познаваме вакви луѓе на одговорни работни места, па дури и такви кои водат сопствени бизниси. Луѓе кои ако им поставиш три кратки прашања во порака, во најдобар случај ќе ти одговорат на едно, и ќе изигнорираат се останато.
Им пишуваш порака. Дали затоа што знаеш дека комуницираш со абдал, или пак комуницираш со некого за прв пат ама ова ти се случило безброј пати, се обидуваш да им ја разложиш пораката во bullet points.
Порака:
Почитуван,
Во врска со објавата за семинарот кој го организирате, а бидејќи во истата недостигаат важни информации, сакам да Ве прашам:
1) Која е точната адреса на семинарот? Бидејќи Вашата компанија има простории на 3 различни локации, а не е наведено на која од нив ќе биде организиран семинарот.
2) QR-кодот за регистрација што го имате објавено не функционира. Ве молам да пратите нов QR-код или линк за регистрација.
3) Дали е потребно да ја платиме уписнината однапред, или на лице место?
Со почит,
Ио.
Одговор:
- Nedela vo 5
Хм... добро...
Недела во 5.
Што, недела во 5? Што поточно ќе се случи во недела во 5, ти теле едно неписмено, нефункционално, приучено, недоучено, недоквакано, катастрофално човечко битие со пристап до интернет! Колку од овие 3 прашања си успеал да процесираш со твоите вкупно 3 неврони додека пиеш кафе со Кети од сметководство, ти бескорисно човече од кое и дома имаат дигнато раце па те вработиле со врски за да не те гледаат како се легачиш дење и ноќе. Каде да одам во недела во пет и дали Кети ќе биде таму? Штеточино една паразитска. Мајмун да тренираш месец дена, ќе те упати каде што треба. Како е можно да постојат луѓе како тебе? Сериозно, оди на томографија и провери кој дел од мозокот ти е оштетен кога те испуштиле по скали како дете. Можеби не е доцна. Има и други работи кои можеш да ги извршуваш коректно. Броење закачалки во бутик, на пример. Ти треба само тетратка, молив, гума за бришење, и да редиш цртички. И тоа ќе го заебеш, нели? Гледаш како ми текна на молив и гума, а не пенкало? За да можеш да бришеш кога ќе се заебеш и да почнеш одново. Токмак еден. Те молам немој да се репродуцираш. Ти си причината зошто треба да бидеме заменети со AI. Ти си причината зошто не сме контактирани од вонземјани. Ако постои мултиверзум, ти си одговорен за ширење на глупоста низ безбројни универзуми и димензии. Во секој можен универзум ти си истото теле. Ти си доставувачот на пица од Футурама кој отиде од 1999 во 2999 за да најде нешто подобро за себе, за после сите тестови таму да утврдат дека оптимално работно место му е доставувач на пица. Ова само за да ти доловам дека некои луѓе никогаш нема да мрднат подалеку од каде што се, нема ништо лошо во доставување на пица и за твоја информација, тоа е комплицирано за тебе. Којзнае каде и кому ќе ја доставиш. Седи таму и пиј го кафето со Кети. Подобро и не одговарај на пораки воопшто.
Секогаш кога ќе ми се случи нешто слично на ова, 1-2 минути имам ваков излив во главата. За потоа да пишам или да речам: добро, се гледаме во недела во 5.
Во недела во 5, портирот ми вика: а, семинарот не е овде, воопшто и не е на нашите локации, туку во хотел тој и тој, 25 километри и три лепе п.м. одовде. И нему му викам: благодарам, многи сте љубезни.
Возам 25 километри до хотелот, ја наоѓам просторијата каде што се одржува семинарот, девојката задолжена за регистрации ми вика: извинете господине, немаме ваша регистрација, не можеме да ве примиме сега.
- Благодарам, имајте убав ден.
Исто и вие.
Недела во 5.
5 мајки... некогаш мислам дека го заслужувам сето ова што ми се случува.