Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Сити сејф ако биде имплементирано како што е замислено, мислам дека ќе биде една од најдобрите работи што се десиле за добросостојбата на луѓето во 34 години независна држава.

Во Скопје за 12 саати регистрирани 2800 минувања на црвено, просто да ти е чудно како не гинат секој ден по 5-6 души. Замислете ја статистиката кога ќе почнат казните дома да стигат? Цела Европа има цивилизирана сообраќајна култура само поради тоа што се тепани по џебот, ништо друго. За нашата сообраќајна култура доволно е само денес да ги читате коментарите за вестите за Сити Сејф, камили и коњи не би му дал на нашиот народ камоли автомобили.

Ова мора не само во Скопје туку и по автопати и пред се на црни точки каде што се дешаваат повеќето сообраќајки. Уствари се надевам дека во цела држава ќе го има, па ќе правиме муабет за една година кога ќе споредуваме статистики на смртност од сообраќајки.
 
Искрено јас скроз би забранил возење коли за секого во градско подрачје, ако тоа е цената барем еден живот да биде спасен, тогаш со 2 раце потпишувам. Не може никој да ме убеди дека не се злоупотребува возењето кола во денешно време, сакале кафе да пијат кола палат, одат на вежбање во теретана кола палат, на работа секој си оди сам со своја кола (знае дека и комшијата оди во тој правец со негова кола, ама нема зошто они заедно да одат, испод чест е), само некој брза некаде, зависни сме за колите, замисли толку време на децата и фамилијата дома да посветиме колку што поминуваме во колите. Лупај таму субвенции за велосипеди, електрични велосипеди за секој, постари лица и пензионери лупни им бонови за такси да си имаат, нека си ги користат за нивни потреби. Останатите кои преку икс причини не можат да возат велосипед, нека има редовен автобуски превоз, а од работа и да имаат обезбеден (од работодавецот) задолжителен автобуски превоз до работно место и назад. Така во сообраќај ќе гледаме само: велосипеди, таксиња, автобуси, брза помош, полиција, пожарна и види чудо пожарникарите ќе можат да изгасат пожар од зграда, нема да пречат 41242 паркирани коли пред зградата кои ќе блокираат пристап (дека нормално на секој стан просек 3 коли треба да има).

Оваа идеја е секако утопија, но кога еднаш ја споделив со пријател, ми рече “зошто јас да не можам кола да возам, затоа што некој газел луѓе и дивеел, мои пари што сакам ќе си правам, ако ми е кејф ќе си возам“. После тој истиот возеше над 100ка во населено место, а кога му реков да намали, рече “нема џандари уживај“. Тоа е таа колективна свест што ја немаме. Грото од тие што лудуваат, не им е проблем да си платат казна, не им се чесно заработени тие пари посекако, а откога ќе го прегазат човекот, касно ќе биде после да гледаме дали платил или не казната што му стигнала, за нас само ригорозни мерки како забрана за возење на автомобил.
 
За да ова го оствариш и да тренираш строгоча: треба да имаш и инфраструктура (автобуси, улици за 500000 - 600000 град и уште бар еден тип алтернативен јавен превоз). Кога ќе почнат да ви стигаат казни за пречекорена брзина пошто сте возеле 51 км/час ќе се почне пак со МВРО ВМРО и диктатура на дело.
 
Многумина мислат дека ова е напишано за некој маж.
За мајка и е напишано. Подоцна кон крај на 90ти и е препеана на ново, на крајот од таа снимка се слуша дека плачи.
За тие кој не знаат, мајка и умрела кога била дете.

Through the windmills of my eyes, everyone can see, the loneliness inside me.

 
Последно уредено:
Драга Кајгана,

После 10 години повторно ја видов Карен. И порано идев со бродот кон Јамајка, ама некако немав намера да и пишам, таа на мене уште помалку... Ама Жељка од Загреб се уште има трауми од едно утро кога отвори врата од својата кабина и прво нешто што виде беше јас и Карен како се лапаме у сред ходник, ама онака ко на еротски трилер од 80ти :)
Енивејз, ураганот Мелиса сериозно и ја оштети куќата на Карен па Жељка и прати 1000 евра по Маниграм. Јас и дадов 700 долари у кеш (сеа све е на пластика а на бродот немаме банкомат) и бевме да каснеме и пивнеме нешто, да видиме до кај сме и како понатаму. Ѝ кажав дека за малку не стигнав да ја оженам Клаудија, ама затоа у февруари ќе потпишеме у матично. Криво и е како испаднаа работите додека бевме на Дизни Фентази бродот 2014та, ама тоа е...

И она што сакав на крај да го пишам, Очо Риос и Охрид да се збратимат. На крај доаѓа сметка 9660 јамајкански долари или што би рекол гугл 61 долар или курс околу 160 јамајкански за 1 американски долар. Вадам 70 долари и ѝ викам на келнерката, задржи кусур. Таа ми вика чек малку... зеде калкулатор и почна да смета и ми вика 74 долари треба да платам, по 130 го сметале доларот. Дадов уште 5 долари и моја нога веќе не стапнува таму, а следниот пат ќе побарам како точно беше името на местото и ќе пишам опширна рецензија на гугл мапс па нека ми праќаат мејлови со барање да ја тргнам рецензијата.

Во останати вести од светот, денес бев да пазарам во супермаркет во Колон, Панама, и пред мене во редот на каса чекаше една дражасна госпожа, црна, висока ко мене, газот како од рап видео од 90ти. Јас имав сикспек кока-кола пластики од пола литро меѓу другите работи. Ми кажа дека сака да и дадам едно шише, ја боли стомакот... Си викам, ахх да беше @Sussaro тука... Не за друго, неговиот шпански е подобар од мојот :pos:

За повеќе 3 во 1 постови следете ме на Blogger :pos:
 
12 часа
65.000 прекршоци

5,416 у саат…
Не сме ни 1.800.000.
страшни цифри.

Треба директ од сметка да кинат пари при секој прекршок.
За овој народ само така.
Ние не се разбираме од збор..


-од вчера ми останало.
Не се постира
 
pruga.jpg
Драга изгледа до тука било ова нашето со енергетиката. Проектот уште како средношколец во техничко го имам видено и од тогаш до ден денес ме фасцинира. Сепак имам многу мала надеж дека ќе ја преместат пругата надвор од коритото на Вардар и со тоа ќе си ги направиме тие 12 хидроцентрали и ќе си бидеме независни без увоз на електрична енергија, а ќе продаваме и вишоци.
 

Кога ќе уклучиш мозок ќе видиш дека на некој му требаат само повеќе пари и единствено што ќе се смени сега е што 6 километра до државна ќе ги возам 2 саата наместо 1,5 саат. А ако некоја будала се реши да се очука и да влезе во кола, 5 казни нема да го премислат. Поентава беше на такви ликови да се фокусираме, а не да казнуваме за 51 км на час. Или за паркирање, а истиот тој што ме казнува издал градежна дозвола за објект кој нема паркинг. Овдека власта, без разлика СДС или МВРО, постои само да изнудува пари од тие на кои треба да им го олесни животот.
 
На разглас 100ка.


Сега малку е смешно, да зборуваш сешто. Нема потреба да се извинуваш.
Ме знаеш мене! Многу лесно ќе се снајдам. Ист како тебе! До утре јас друг ќе најдам.
#ТааВечерТојСоМенеБеше
#ТеЗамениТебе
#МењамХрватСоСрбин.
 
Последно уредено:
Поздрав до МВРО Правдољубиви.


и еден ден вака да почнат да си ја работат работата пред да паметуваат некому кои граѓани биле стока и несовесни
 
Бресквицата која ауспухот ја сака

IMG-5084.webp


Бресквицата која јас ја сакам

20251203-163439318.jpg
 
Бресква, sure had an upgrade од ко стана конзервативна.

1000053940.jpg1000053941.jpg1000053938.png1000053939.jpg

Шо би рекле бугарофилите, прав четник е срцето постаната.
Автоматски споено мислење:

"Очи очи, твоје очи, као сјајне бисери у ночи. Очи очи кад ме гледају. " - ЛЕТОСКА ВО БУДВА
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom