Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
One (Woke) Battle After Another - не трошете три саата за џабе на ова лајно. Ова е највоук филм откога постои таа ретардирана идеологија. Writingот беше очаен, а филмот жива досада. Добра режија како што и би се очекувало од ПТА и добра глума, ама сето тоа беше залудно кога приказната беше жив SJW очај со очајни дијалози.

Главните негативци се група white supremacist наречени "Christmas Adventurers Club" кои се поздравуваат со "Mary Christmas":pos: е до толку беше очајна приказната. Ај што беа cartoonishly evil, туку и имињата на ликови беа cartoonishly. Главниот негативец се викаше Lockjaw. :pos:

Холивуд продолжува да фрла големи пари за филмови коишто поважнa е пораката кон гледачот, отколку уметноста, а ПТА продолжува да буши дно со последниве филмови. Мислев дека не може да снима поочаен филм од Licorice Pizza, ама сум бил грешка, и тоа како можело!
Филмов е влезен во имдб топ 250. За малку не го гледав во кино.
 
Udo Kier си заминал. Ми беше пресимпа лик во сите филмови што ги имам гледано со него.
 
Дајте некој предлог за сајнс фикшн филм или серија, ама нешто стварно шо ќе ми го зима вниманието.

Пробав со Halo ама јок, серијата Alien исто.
У ужи избор, ја овие би ти препорачал да ги гледаш, од списокот на админот (од кој список 30% ги немам гледано):

-2001: A Space Odyssey;
-Mad Max: Fury Road;

-They Live - овде ја има најбољата тепачка сцена у историја на кинематографија (тепачка со боксови, не со ласери)
-Solaris;
-Stalker;

-Brazil;

Би додал уште доста, али не можам а да не го додадам Метрополис на Фриц Ланг, од 27-ма.

Викаат дека најбољи SF е Одисеја и можда е така, али мене Сталкер најголем впечаток ми остави.
 
Еј, мене не ми беше One Battle After Another толку лош како Licorice Pizza. Актерите сите тројца растурија, и ако се апстрахираш од тие rebel срањата, приказната за љубовта на таткото кон ќерката и тоа како ми беше relatable перидов. Ама да, освен тоа, прилично досаден филм. Првата половина особено - ужасно досадна. Плус на крајот сцената со
Шон Пен - го убија, па го оживеаја, за после 2 минути пак да го убијат. Чуму?
Сценариото стварно беше смешно. Имаше некои woke глупости, ама далеку од тоа што го видовме во Sinners, па така ова сметам дека е подобар филм од тој. Ама толкави шанси за Оскар што му се даваат ми е стварно несфатливо.
 
Train Dreams - каква поезија од филм! Мирен, тивок, поема за загубата, за животот, за времето, за осаменоста и за пронаоѓањето на себеси. Кинематографијата е неверојатна! За сите кои сакаат да се нурнат во еден филм на емоции, а кои не очекуваат нешто WOW да се случи, најтопла препорака! Вистинско скриено богатство, до сега едно од најдобрите од 2025!
 
Барав некој нов филм со убава кинематографија, ќе се гледа ова.
 
Еј, мене не ми беше One Battle After Another толку лош како Licorice Pizza. Актерите сите тројца растурија, и ако се апстрахираш од тие rebel срањата, приказната за љубовта на таткото кон ќерката и тоа како ми беше relatable перидов. Ама да, освен тоа, прилично досаден филм. Првата половина особено - ужасно досадна. Плус на крајот сцената со
Шон Пен - го убија, па го оживеаја, за после 2 минути пак да го убијат. Чуму?
Сценариото стварно беше смешно. Имаше некои woke глупости, ама далеку од тоа што го видовме во Sinners, па така ова сметам дека е подобар филм од тој. Ама толкави шанси за Оскар што му се даваат ми е стварно несфатливо.

Може не е лош, ама е далеку од добар филм. Не ги сфаќам оценките по интернет.
Синерс бар држеше внимание, а и онака беше натприродни глупости за да му барам многу логика.
Што е со онаа Тејана танчарката човече што влезе во глума светот, ја гледав во друг филм пред некое време каде глумеше, дотолку е ботоксирана што фацана не и мрда, никаква експресија нема. Уште толку негативно ми го направи филмот, се на се, потпросечен.

Добар филм ми беше The lost bus со Меконахи, вака што ми текнува во последно време.
 
Добар филм ми беше The lost bus со Меконахи, вака што ми текнува во последно време.
Не ми се допадна мене овој, ми беше заборавлив до толку што сум заборавил дури да го логнам.

Го бев гледал Меконахи кај Роган кај го промовираше филмот, и паметам повеќе кринџав на некои од дијалозите во филмот одошто од поезијата што ја беше напишал и читаше на подкастот, во стилот на римите што и ги читат на Лила Филиповска. Харизматичен е човекот и има од мене ауто-watch за повеќето работи што ги вади, но ова не беше повеќе од ТВ филмче што можеше порано рандом да го начекаш на МРТВ1 во рандом Среда вечер. 2/5.
 
Преку 20 reels од Нирнберг досега. Ако продолжат вака ќе можам сам да си го склопам филмот.
 
Ако навистина се случи ова, тогаш ова е крај на седмата уметност. Колку и да се заникаде моменталново раководство на WB, сепак ваѓаат по некој добар проект. Од друга страна ако сектава успее да ги купи, тогаш ќе воспостави монопол на филмската уметност, тек тогаш следува мрачна епоха за филмот.

Овие не ги купуваат за нешто друго каталогот да им го земат и да ги растурат. Ако има некој паметен ќе го спречи дилот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom