Македонски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
Силјан преубав! Малку се расплинува во повеќе насоки со темите, начнува повеќе прашања отколку Honeyland, ама симболиката е можеби уште посилна, а тука дефинитивно има наратив кој уште повеќе го одделува од документаристиката отколку што тоа беше случај во Honeyland. Стискам палци, навивам и верувам дека можеме да имаме барем уште една номинација за Оскар!

P.S. Секој за што го боли - единствена замерка ми е што стариот си раскажа некоја своја верзија на „Силјан штркот“ која е далеку од вистинската приказна. :D
 
Предобра монтажа, браво! И одлично што си ги пишал имињата на сите филмови!
 
Фино, али мислам Фросина се наоѓаше во подобар квалитет и уште некој од видеово.
 
Фросина ако не се лажам беше и реставриран? Или грешка сум?
Не си грешка. Прв реставриран филм од програмата ‘Сезона на класици’ и го извадија на блуреј.

Кинотека е веројатно една од ретките државни институции што работи саглам. Ако добро се сеќавам најавуваа за годинава издавање на монографија на филмски плакати од македонските филмови и издавање на ДВД или Блуреј од реставрирани анимирани филмови од златната доба на анимација во земјава.
 
Фино, али мислам Фросина се наоѓаше во подобар квалитет и уште некој од видеово.
Да да знам, видов дека го има и на тракер ама некако не сакаше download за жал :(
Предобра монтажа, браво! И одлично што си ги пишал имињата на сите филмови!
Ти благодарам :)
 
Не си грешка. Прв реставриран филм од програмата ‘Сезона на класици’ и го извадија на блуреј.

Кинотека е веројатно една од ретките државни институции што работи саглам. Ако добро се сеќавам најавуваа за годинава издавање на монографија на филмски плакати од македонските филмови и издавање на ДВД или Блуреј од реставрирани анимирани филмови од златната доба на анимација во земјава.
Само во Кинотека ли се продаваат тие ДВД филмови?
 
Само во Кинотека ли се продаваат тие ДВД филмови?
Дел од ДВД филмовите се продаваа у Југотон у ГТЦ. Додуше не знам дали уште работи.

А Блурејкиве и сите ДВД од реставрираните филмови у Кинотека.

П.С. Ако некој има Блуреј читач и го набави Мис Стон, нека сподели линк.
 
Fun fact за Диџеј Ахмет: Во Франција дистрибутерот го пушта по француски фестивали со наслов ‘Le garçon qui faisait danser les collines’ што би се превело ко ‘Момчето што ги разигра ридовите’. Ко наслов на филм од факинг Теона. :D
 
Бооо, Диџејов Ахмет растур журки правел викендов:
* Во Севиља, Шпанија освојува Голема награда од жирито и најдобар актер во главна улога.
* Во Турција освојува специјална награда од жири и најдобар актер во главна улога.
* Во Брауншвајг, Германија ја освојува главната награда за најдобар филм во главна конкуренција од жири и главната награда за најдобар филм од публика - двете со парично спонзорство од Фолксваген.
:oeoeoe: :oeoeoe:
 
Дали мислиш дека требаше овој да иде место Силјан? Или ќе иде следна година?
 
Дали мислиш дека требаше овој да иде место Силјан? Или ќе иде следна година?
Дали е подобар филм од Силјан? - Не знам, уште не ми е гледан Диџеј Ахмет. Дали може Диџеј Ахмет да оди следната година? - Да, според правилата од Оскарите може да оди, ама прашање е дали продуцентите ќе го пуштат пак догодина и дали нашево ДФРМ ќе го избере.

За Силјан, бидејќи ми е гледан, може да речам дека е визуелно преубав филм каков што досега немало кај нас и кај што секој кадар е преубав. Приказната е интересна, ама за разлика од Медена земја кај што имаме една приказна, тука приказната се расплинува на повеќе нишки што делуваат недоработено или можеби така изгледа ради лошата монтажа со нагли cuts. Генерално добива убави зборови од публиката, а оние што го оценуваат послабо се со исто мислење дека чепнува повеќе теми, ама само површински.

Дали имаме шанса за номинација? - по мене, многу тешко, па дури и невозможно во категорија Најдобар странски филм. Моите прогнози се дека може да догура до скратена листа за документарци.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom