Исчезнати лица

Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.656
Поени од реакции
6.515
Греота, вика, ја барам да земам од секоја камера снимки што побрзо да се најде девојчето, инспекторот си гледа во мобилен, и вика, ај бе, уште малку ке биде 4, да си идам дома, имам роденден.

После зошто полицијата е неефикасна.
И не само тоа, зошто бришеле снимки инспекторите во менувачницата?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.340
Поени од реакции
15.615
И не само тоа, зошто бришеле снимки инспекторите во менувачницата?
Не бришеле, ги земале, иако после рече дека за Велес да ги земат снимките било голема процедура :icon_mrgr:
Некој на темава спомна уште додека се водеше како исчезната Вања дека многу инспектори се ангажирани, го потврди и Гоце тоа, ама за жал го потврди и она што сите го знаеме за македонската администрација, рацете во џеб и да заврши денот.
Ова ме потсети на она видеото од Кочани на полицаецот што седи на страна додека луѓе се буткаат да излезат од влез наместо да воведе ред или да помогне.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.261
Поени од реакции
68.941
Страв да те фати од неспособноста. Инспектори, што по некоја логика на нешта треба да бидат поотракани од обични полицијаци, рандом лик од улица и без факултет им отворил очи и им нашол битни докази. Се што видел невообичаено да се има случено на снимките, го анализирал зошто се има случено. Зошто цитроенот се вратил во средната лента. Мал детаљ, што многу кажува. Сфатил дека возилото е ладно, по чадот што го испуштало.

Го скока Ефтов временски, се запна со тоа што се случило на 29ти, без да го остави самиот да дојде до датумот раскажувајки ги случките, што е лошо за целото објаснување на ситуацијата.

За да на крај ја упрска со палење на погрешен кафиќ, ваљда ради бес. Ама секоја чест што сака да си ја сноси последицата на своето дело.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.459
Поени од реакции
7.267
Мислам им се разјасни на сите, па и најголемите оптимисти, за какви незналици се работи во МВР и обвинителство. После ова интервју, иако и предходно бев на мислење дека има други умешани, само се штитени од некој, сега сум убеден. Иако се што кажа овој Гоце, а е поврзано со случајот, е битно внимателно да се ислуша, сепак има неколку точки кои треба дс се потенцираат, а за некои и да одговараат и да летаат од работа од МВР и од обвинителство, па мозда и да одговараат.
1. Сега ни е појасно дека таткот не му текнало и не било прво што направил да вози накај качанички пат, ко што беше презентирано од обвинителство и само тоа од цело негово движење спомната, со исечена снимка само како го проаѓа Палас, а не и како се враќа после 10 секунди. Значи, прво пријавиле во полиција, ја провериле со мајката напуштената куќа во близина на последниот контакт, па во контакт со полиција провериле да не е во некоја болница, настрадана во некоја сообраќајка, па иде таткото до Водно прво, па накај Палас мислејќи да не е земена и дс се носи на Косово, од Палас, значи воопшто и не доаѓа до раскрсницата за Качанички пат, врти на две полни ленти полукружно и оди накај Горче и Сарај, па се враќа назад, па оди во Арачиново. Значи не било движењето ко што не убедуваше обвинителство, само накај косовска граница и толку. После видеово сомнежите за било каква поврзаност на таткото паѓаат на на тежок минимум, сепак да остсвиме бар милиметар простор за другата опција.
2. Разговорот на овој и обвинителката ако е точен, дека му рекла да каже што е мотивот, па после му рекла дека мотивот усвари се пари од стан кој го продала Зорица година и пол предходно, кај Космофон за 80000 евра, па овој и разглабал дека од тие пари си купила кола 25000 евра, еве и додатно да поторшила за патување одмори и останати трошоци уште 5, би останале 50000 евра. И на негоцо прашање дали ти би си го продала детето за 10000 евра, оваа му рекла само епа не знам што може да е друго. Тотално неспреми и аматери, не е ни чудо што цело обвинение против татково им е сведено на оценки од основно, завианост од пред 30 години, што кажал Трифун у некоја емисија и дека татко у сред ноември, на двете деца, а и на мајката им пишал порака да се облечат топло зошто се најавени минусни температури.
3. Ќе треба да се види дали во доказите се наоѓаат и снимките од менувачницата, а ако не се, дс се провери кој од полиција ги земал, а ги извришал од кај сопственикот. Искрено се надевам дека такво нешто не се десило.
4. Незаинересираноста на голем дел од сите вклучени од МВР. За исчезнато дете, некој у МВР наместо да ја прекопа ако треба цела држава, они не се замарале зошто чекале да им заврши работно време. За понашањето на инспекторите што да се збори.
5. Сомнежи за поврзаност на луѓе од МВР. Значи кола пријавена за исчезната, газда на колата исчезнат, они не ја внеле у систем, да може да ја регистрираат камерите на Сејф сити. Камери кои се фаќаат само тие 30-50 метри од зградата и влезот не го фаќаат. Лице кое 15 минути, во време на грабежот стои тука пред зградата на паркингот, цело време разговара на телефон, завртено кон влезот, има скорз чудни движења, а во време откако е киднапирана е собрано од сиво БМВ кое исто има доста чудно движење.
6. Ја дознавме патекада на движење во целост дур не се изгубил сигналот. Дознавме како овој и таткото дошле до Цитроенот. Значи не било туку така виделе снимка поминувале коли и рекле, е еве Цитроенов е. Значи праќале кај тој од Сејф сити од секоја кола што поминала кај цвеќарата спроти зградста на Вања во тој период, Цитроенот им бил сомнителен поради гоа што возел многу поспоро од останстите коли таму што прошле, ама се фокусираат на него и станува најсомнителен кога тој од Сејф сити им јавува дека усвари таа кола е пројавена за исчезната и нејзиниот газда, па му кажале и име да го изгугла. Од тука веќе таа кола им станува најосомничена.
7. Палчо им бил осомничен уште пред да избега. Кој и како дозволил осомничен за убиство на дете и пензионер дс напушти држава? Кој му давал информации за дс избега, кој му дал информации дека ниедна камерс не го фаќа тој простор, па ништо од настанот не е снимено? Кој и како му ги дал исказите на осанатите?
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.639
Поени од реакции
27.583
7. Палчо им бил осомничен уште пред да избега. Кој и како дозволил осомничен за убиство на дете и пензионер дс напушти држава? Кој му давал информации за дс избега, кој му дал информации дека ниедна камерс не го фаќа тој простор, па ништо од настанот не е снимено? Кој и како му ги дал исказите на осанатите?
Ова ми е многу чудно, ова се дешава на 29ти Ноевмри, според информациите што ги знаеме, во овој момент полицијата била далеку од апсење и дознавање на цела приказна, а го викаат Гоце да го распрашаат за Палевски. Првото прашање е, што има Палчо против Власите и како се поврзани со Кираца, за што се јавил кај мајка му да објасни. А второто прашање е дали Александар чува куче како Палчо.(?!)

Е сега пошто е расфрлано времето што го кажуваше (можда треба да се направи хронолошки записник) во моментов не можам да сватам дали е ова направено пред Гоце да го најде цитроенот или после тоа. Али ако апсењето е на 3ти Декември, најверојатно е пред тоа. Значи прашањето е зошто полицијата се сомнева на Палевски во тој момент и каква е поврзаноста на прашањето за кучињата.

Фактот што го прашувале што има Палевски против власите, ми кажува дека полицијата имала некакви индиции дека можеби е Палевски е вмешан во сево ова. И тука се отвара прашањето на кој основ се сомневаат во него.

Све на све, полицијата треба да објасни малце повеќе околу ова.

5. Сомнежи за поврзаност на луѓе од МВР. Значи кола пријавена за исчезната, газда на колата исчезнат, они не ја внеле у систем, да може да ја регистрираат камерите на Сејф сити. Камери кои се фаќаат само тие 30-50 метри од зградата и влезот не го фаќаат. Лице кое 15 минути, во време на грабежот стои тука пред зградата на паркингот, цело време разговара на телефон, завртено кон влезот, има скорз чудни движења, а во време откако е киднапирана е собрано од сиво БМВ кое исто има доста чудно движење.
Лицево координира, иде до сред улица да има подобар преглед, се враќа назад и го прибира кола. Не е единствено лице што координира. Истата приказна ја кажа Гоце, како да му се даваат инструкции на возачот на цитроенот во трета лента се враќа рикверц и се престројува во прва лента. Сабајле у 7 се враќа у рикверц на Партизанска у трета лента(!?). Најверојатно цела патека е покриена. Доста веројатно е дека тука учествуваат повеќе луѓе, не се само дебилите.

После ова интервју, иако и предходно бев на мислење дека има други умешани, само се штитени од некој, сега сум убеден.
Евентуално да постои некоја истрага паралелно што течела со све ова, за Палевски.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.853
Поени од реакции
12.073
Ова ми е многу чудно, ова се дешава на 29ти Ноевмри, според информациите што ги знаеме, во овој момент полицијата била далеку од апсење и дознавање на цела приказна, а го викаат Гоце да го распрашаат за Палевски. Првото прашање е, што има Палчо против Власите и како се поврзани со Кираца, за што се јавил кај мајка му да објасни. А второто прашање е дали Александар чува куче како Палчо.(?!)

Е сега пошто е расфрлано времето што го кажуваше (можда треба да се направи хронолошки записник) во моментов не можам да сватам дали е ова направено пред Гоце да го најде цитроенот или после тоа. Али ако апсењето е на 3ти Декември, најверојатно е пред тоа. Значи прашањето е зошто полицијата се сомнева на Палевски во тој момент и каква е поврзаноста на прашањето за кучињата.

Фактот што го прашувале што има Палевски против власите, ми кажува дека полицијата имала некакви индиции дека можеби е Палевски е вмешан во сево ова. И тука се отвара прашањето на кој основ се сомневаат во него.

Све на све, полицијата треба да објасни малце повеќе околу ова.

Лицево координира, иде до сред улица да има подобар преглед, се враќа назад и го прибира кола. Не е единствено лице што координира. Истата приказна ја кажа Гоце, како да му се даваат инструкции на возачот на цитроенот во трета лента се враќа рикверц и се престројува во прва лента. Сабајле у 7 се враќа у рикверц на Партизанска у трета лента(!?). Најверојатно цела патека е покриена. Доста веројатно е дека тука учествуваат повеќе луѓе, не се само дебилите.

Евентуално да постои некоја истрага паралелно што течела со све ова, за Палевски.
Иако не се гледа тука бмв-то лесно можат да го лоцираат на други камери од кај што доаѓа и да го најдат
Иначе по движењето на цитроенот факт е дека палчо има луѓе во сејф сити и знаел за покриеноста на просторот
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.429
Поени од реакции
26.703
Ова ми е многу чудно, ова се дешава на 29ти Ноевмри, според информациите што ги знаеме, во овој момент полицијата била далеку од апсење и дознавање на цела приказна, а го викаат Гоце да го распрашаат за Палевски. Првото прашање е, што има Палчо против Власите и како се поврзани со Кираца, за што се јавил кај мајка му да објасни. А второто прашање е дали Александар чува куче како Палчо.(?!)

Е сега пошто е расфрлано времето што го кажуваше (можда треба да се направи хронолошки записник) во моментов не можам да сватам дали е ова направено пред Гоце да го најде цитроенот или после тоа. Али ако апсењето е на 3ти Декември, најверојатно е пред тоа. Значи прашањето е зошто полицијата се сомнева на Палевски во тој момент и каква е поврзаноста на прашањето за кучињата.

Фактот што го прашувале што има Палевски против власите, ми кажува дека полицијата имала некакви индиции дека можеби е Палевски е вмешан во сево ова. И тука се отвара прашањето на кој основ се сомневаат во него.

Све на све, полицијата треба да објасни малце повеќе околу ова.

Лицево координира, иде до сред улица да има подобар преглед, се враќа назад и го прибира кола. Не е единствено лице што координира. Истата приказна ја кажа Гоце, како да му се даваат инструкции на возачот на цитроенот во трета лента се враќа рикверц и се престројува во прва лента. Сабајле у 7 се враќа у рикверц на Партизанска у трета лента(!?). Најверојатно цела патека е покриена. Доста веројатно е дека тука учествуваат повеќе луѓе, не се само дебилите.

Евентуално да постои некоја истрага паралелно што течела со све ова, за Палевски.
Јас не се сеќавам дека некогаш сум видел некој да вози во рикверц на Партизанска. Баш ме интересира како тоа не и било сомнително на полицијата.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
3.243
Поени од реакции
9.806
Никако неможе да се најде логика во целиот настан. Изгледа вистинскиот мотив е толку луд што на нормален човек неможе да му падне на памет. Али дека се МВР и ЈО една багра партиски неспособњаци, тоа е страшно нешто.

И сега треба да растеш дете во држава кај што ако недај Боже го снема, полицијата ќе ти каже, едвај чекам смена да ми заврши да си одам да гледам Јуве - Модена батали истрага батали камери. Абе Панче, ако сака да биде различен од Оливер и СДС мора внатрешна истрага од денес и дисциплинска со бркање на сите полицајци и инспектори вмешани.

Од секогаш довербата била ниска, али ова само народ со име Трпе може да го проголта изгледа.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
21.292
Поени од реакции
17.473

Требаше да го раздрма МВР многу пред Кочани, сега СДС упорно го напаѓа и бара те оставка, те интерпелација а прОливер Молчи ко риба
 
Член од
6 ноември 2024
Мислења
848
Поени од реакции
1.561
Гоце, интелигентен човек а и си го има она детективското во него, гарант ги изгледал сите репризи на Тропски Горештини на МТВ.
Баш сакам да видам што приказни ќе врти палчо, денес ќе сведочи.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
40.288
Поени од реакции
118.349
Баш сакам да видам што приказни ќе врти палчо, денес ќе сведочи.
А што може? Се си кажа неговиот адвокат кај Ефтов и Ландов, очекувај тоа да е и сведочењето на Палчо. Ме нема на камери, ме нема ваму, ме нема таму, бев во банка, бев во курац, класика лапрдање у празно.

Според ова Гоце што го кажа, се што може да заклучам е дека имаме крајно неспособна полиција и обвинителство, до таа мера што ми се гади, а што се вика и јас и вие тука имаме само површни познавања за вакви работи, а сепак заклучуваме дека за кур не ги бива. Значи, како може 43243223232 инспектори да не приметат сомнителност во возилото кое прво и основно вози 10 на саат што е баш чудно, а второ дека оди рикверц на Партизанска и се приклучува кон средната лента, а притоа третата лента кај што првично возело е празна и слободна? Па ретардиран да си ќе приметиш такво нешто.

Друга работа, како е можно инспектори да му кажат на Гоце да оди во станот кај Соборна (не сфатив чив бил, ваљда на семејството на мајката на Вања) и да му кажат да провери во плакарите, ВЦ-то и другите соби да не ја кријат Вања... :facepalm: А иначе пред тоа 2 пати бил претресен станот од полицијата. :facepalm:

Едно е јасно, Палчо ги имал информациите што и како се дешава и затоа киднал, а тој/тие кртици треба да се најдат итно и да бидат уапсени и осудени, сите овде знаеме дека нема да се деси тоа. Жално и поразително е што на ваков случај ќе останат прашалници на крајот и жално е што таткото ќе го изеде немиен без потреба. Ми се повраќа!
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
3.243
Поени од реакции
9.806
Чисто ради сеир и надвор од главната тема, чим гадурана Јоци не се испењави до сега со 10 статуси, веројатно има голема вистина и во тоа дека од кој е платена, а богами и за здивот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom