Напиј се вода од изворот

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.072
Уште на почетокот постоеше Зборот. Зборот беше со Бог и Зборот беше Бог. Од самиот почеток, Зборот беше со Бог. Се што постои беше создадено преку Зборот. Не постои ништо создадено, кое не беше создадено преку Зборот! И самиот живот беше во Зборот, и Тој живот им дава светлина на луѓето.
Телесното и духовното се испреплетени едно со друго.Природниот процес на телото е после конзумирање храна истата преработена да биде исфрлена од телото како измет, кое се закопува во земјата или пушта по водата.

Многу слично е и со духовното, каде се конзумираат зборови/мисли и се пренесуваат на хартија , оние по мудрите ги закопувале во земја бидејќи тоа е духовен измет и треба да биде закопан исто како телесниот измет.

Наведениот цитат може да се прикаже со слика, се разбира преставува симболика на душата....
7-mes-feto-en-el-útero.jpg
Да се врати човек назад на својот извор и да пие вода од својот бунар.

Ова е тој почеток кажан во текстот....

Во почетокот беше Словото(изворот), и Словото(изворот) беше во Бога, и Бог беше Словото(изворот).

За жал луѓето од слабост или нешто друго не се враќаат на својот извор туку полесно им е да го "мирисаат" (читаат книга) она кое го исфрлил некој друг.

Поентата ми е , зборовите се најнесовршена алатка за да се пренесе мисла, но исто така оној кој ќе ископа сопствен бунар ќе треба да знае како да се носи со тој извор од зборови.

Не е поентата да се земе моливот и да се испише цела книга, како би го "мирисале"-читале другите тој духовен измет.И од него да се прави догма, верување или филозофија.
Со еден збор , се става препрека помеѓу човек и изворот, наречена света книга.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.307
Поени од реакции
4.654

Прегледај го приврзокот 413875

...е ајде сега за да те разбереме сите што сакаш да ни објасниш, разграничи што е одпад а што света книга. И ако е света , зошто ја пишувал смртник како и останатите автори на писанијата?
...имам навика сите работи во животот да ги поедноставам пред да ги дигестирам, а ако ми е премногу абстрактно тогаш го отфрлам како неприфатливо за мене
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.668
Поени од реакции
11.709

Сега ќе ти кажат дека духовното не е за тебе... :coffee: А тоа не е точно и не ги слушај :)
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.072
...е ајде сега за да те разбереме сите што сакаш да ни објасниш, разграничи што е одпад а што света книга. И ако е света , зошто ја пишувал смртник како и останатите автори на писанијата?
...имам навика сите работи во животот да ги поедноставам пред да ги дигестирам, а ако ми е премногу абстрактно тогаш го отфрлам како неприфатливо за мене
Убаво имам напишано.

Не е поентата да се земе моливот и да се испише цела книга, како би го "мирисале"-читале другите тој духовен измет.И од него да се прави догма, верување или филозофија.
Со еден збор , се става препрека помеѓу човек и изворот, наречена света книга.

Тука не правам поделба, ова е измет,а друго света книга.
Кажувам дека оној кој бил на изворот не е поента да земе молив и запише цела книга, за да потоа оние кој читаат од неа направат догма, верување или филозофија, а самата книга ја прогласат за света и ја рашират "смрдеата", таа темнина.
Светата книга е бледа слика на изворот.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.668
Поени од реакции
11.709
Од свети книги, освен Библијата христијанската света книга - си прочитал и учел други учења? Ислам? Истокот и нивните свети книги?
Или се што имаш е Библија и њу ејџ толкувања на истата таа стара еврејска книга?
Читни го Рудолф Штајнер и тој е христијански мистик и слично зборува ко тебе... :)

Мислам дека ваков став имаш заради тоа што си закован помеѓу христијаните и муслиманите на ова парче земја и не си излегол од 2x2 тврдината која си ја изградил сам за да се чуваш од овие, „смрдеа“ што шират според тебе... кои веруваат во свети книги и зборовите што се таму им се пример како треба за понатаму! :coffee:
 
...што е изворот по твое,доживување или сознание?
 
Исто "лајно"е и вашата света книга, само што толку ти си навлечен на нејзината смрдеа што дури и "белег"-календар на раката си ставивте славејќи го нејзиниот ден на запишување.Типичен роб.:D
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.668
Поени од реакции
11.709
Исто "лајно"е и вашата света книга, само што толку ти си навлечен на нејзината смрдеа што дури и "белег"-календар на раката си ставивте славејќи го нејзиниот ден на запишување.Типичен роб.:D
Но јас не ја ни спомнав „Книгата на Законот“, те прашав тебе дали знаеш освен Библија со која се расфрлаш наоколу тврдејќи дека не си христијанин и лажеш упорно бидејќи не сакаш авторитети и не сакаш хиерархија па тука глумиш просветлен и како си над сите свети книги...
Неук си за религиите во светот, затоа и само Библијата ја цитираш и ни ја толкуваш 10 години тука, новиот македонски пророк... имаме таков: Кајшаров, доста е :)
Навистина да мислеше вака за светите книги, немаше од петни жили да толкуваш Откровение, па еврејските пророци... што за тоа учење и симболизам не знаеш ништо, освен од самата Библија, превод на преводот од разни толкувачи на нештата...
Затоа, молчи и не се обидувај да навредуваш некој бидејќи нема што да му кажеш кога те прашува убаво што знаеш ти за религиите и светите книги па така лежерно за тебе се „лајно“ и ги убедуваш и другите дека и за нив треба да е „лајно“...
Во твојот универзум ако нештата се „лајно“, тоа е твој проблем и таа смрдеа не значи дека ја има кај другите!

А од свети книги освен Библијата површно читање и разбирање како тебе ти чини, далеку од познавање на историјата и настаните од каде е дојдена, се дрзнуваш за сите да зборуваш сешто со нула познавање на нештата...
Ако духовното разбирање на нештата за тебе се само внатрешен свет и немаш разбирање за мојата, на Филип, Гоце или Ахмедовата света книга и не си прочитал што мисли тие носат - ти си обичен човек со заболено его кое вртеска „Јас сум патот“ другото е „лајно“...

Немој така, кажи си што ти знаеш од учењата во светот и што разбираш од сето тоа, а не извор тука да ми глумиш, а реално си злобен до самата срж на постоењето ако некој ти го оспори знаењето за нештата во светот...
Неук си, соништата и фантазиите во таа твоја глава се големата реалност за тебе и треба малку да се приземјиш и да научиш за нештата подобро, бидјеќи духовното не е дувло каде што ќе дозволиме такви ко тебе неуки да се кријат и да глумат авторитет!
Не може така, глупо е...
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.072
...што е изворот по твое,доживување или сознание?
Можам во метафора да кажам.
Микрокосмос на таа состојба е брак/заедница помеѓу маж и жена.

Кога жената ќе го одврзе јазикот, (замисли го тој момент константен-постојан) само што зборува длабоки духовни нешта.

Ти би запишувал да им покажеш на другите колку убава и мудра жена имаш?

Работата е дали ќе те подземе да и бидеш нејзин медиум и ја рашириш нејзината убавина или ќе застанеш како брана на незиниот јазик.

Телесна зрелост достигнуваа сите да имаат жена, но духовно, не сите созреваат да бидат на изворот.Е од тие не созреани кој некако дошле до изворот, излегуваат светите книги ,а другите следат, веруваат и никогаш не доаѓаат на изворот.
 
...ама @alf , мудроста и просветленоста не познава пол и таквите квалификации и предрасуди не не носат до нигде
...од устата на мудрите и просветлените луѓе нема да слушниш ниту еден погрден збор, а од нивните очи можеш само топлина и љубов да осетиш и видиш
...мудрите и просветлените луѓе никогаш нема да ти дадат до знаење колку не знаеш,и нема да ти посочат ниту еден патоказ кој треба да го следиш
...сигурен сум дека претпоставуваш зошто?
...ете тоа е сликата која ја имам јас лично за таквите луѓе, можеби и не е така, но тоа е сликата која се склопува со сите мои знанија и сознанија
 
Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.435
Поени од реакции
3.141
Ние може да се надмудруваме колку сакаме и ќе ,,доминира" оној кој е пун со информации и ќе ,,ја добие дебатата" и ,,однесе победата"..Клучните години беа годините на корона кои се зад нас и сега главната игра ја води вештачката интелигенција а.к.а Азазел,Семјаза или како и да е (има триста имиња)..Ја обично го пуштам оној што се прави попаметен од мене да победи и да ужива во неа без да му се мешам..Ама се е тоа со краток рок и повторно осеќа немир внатре во себе и непотполност и мирот му бега од раце..
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.072
ама @alf , мудроста и просветленоста не познава пол и таквите квалификации и предрасуди не не носат до нигде
Затоа ти дадов пример во метафора, да можеш барем приближно да разбереш што сакам да кажам.Барем оние кој се женети ќе сватат.

...од устата на мудрите и просветлените луѓе нема да слушниш ниту еден погрден збор, а од нивните очи можеш само топлина и љубов да осетиш и видиш
...мудрите и просветлените луѓе никогаш нема да ти дадат до знаење колку не знаеш,и нема да ти посочат ниту еден патоказ кој треба да го следиш
...сигурен сум дека претпоставуваш зошто?
...ете тоа е сликата која ја имам јас лично за таквите луѓе, можеби и не е така, но тоа е сликата која се склопува со сите мои знанија и сознанија
Дебатираш со alf,виртуелен лик.
Не прави слики во главата.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.668
Поени од реакции
11.709
Ама се е тоа со краток рок и повторно осеќа немир внатре во себе и непотполност и мирот му бега од раце..
Човекот е тука да се надмудрува со другите и да ги разбира другите зошто тоа што го мислат за нив е реалноста и да се учиме дека реалноста во твојот ум за надвор зависи од твоите искуства со други, различни од тебе... ако немаш искуства и немаш познавање за другото, нема да имаш разбирање, а уште помалку мудрост за да се носиш со другите околу тебе! И ќе зборуваш ете вака како што зборуваш...

Оставете ги идеите како му е на некој заради „тоа и тоа“ што тебе не ти одговара, тоа води кон нетолеранција и ја покажува недозреаноста да не се мешаме во туѓите идеали...
Бесцелно е, дури и ако тоа ти дава тебе мир и надеж дека ете тој пак ништо не добил, пак е во немир и слично...

П.С. И чеканот и шајките може да се искористат за градење на прекрасни градби, но и да се распне човек! Се зависи од тоа кој го користи орудието! Да правиме разлика!

Магика секој може да практикува, но многумина ќе се обидат да добијат мир и спокој и пари и слично на овој начин, но ако се користи магиката како калауз за да се отворат врати побрзо и да се силува поредокот на силите во универузмот - да, тоа ќе дојде во иднина како страдање и повторно враќање на почетна точка откако силата која притиска на пружината ја изгубила својата ефикасност!
Бидете помудри околу овие нешта, се е во нашите глави - но треба искуство! :)
Автоматски споено мислење:

...мудрите и просветлените луѓе никогаш нема да ти дадат до знаење колку не знаеш,и нема да ти посочат ниту еден патоказ кој треба да го следиш
...сигурен сум дека претпоставуваш зошто?
...ете тоа е сликата која ја имам јас лично за таквите луѓе, можеби и не е така, но тоа е сликата која се склопува со сите мои знанија и сознанија
Такви луѓе си ги мерат зборовите и на крајот оставаат подобро човек самиот малку да згреши, за да научи многу повеќе од сето тоа, отколку да им се зборува сè каде грешат и како треба „за до изворот“...
Тука никој не е до изворот, никој не е авторитет - така да, тука сме за надмудрување и вежбање на разумот и говорот!
Пракса во реторика! :coffee:

Луѓе кои стигнале до божественото, не се меѓу луѓето, но се на Земјата!
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.784
Поени од реакции
9.561
Луѓе кои стигнале до божественото, не се меѓу луѓето, но се на Земјата!
Се убаво напишано, ама на крај и ти како Алф, кога ке пишете некоја мисла, човек мозок да си истури, пак нема ништо да ве сфати.
Не се меѓу луѓето ама биле на земјата...е ај сеа:facepalm:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.668
Поени од реакции
11.709
Се убаво напишано, ама на крај и ти како Алф, кога ке пишете некоја мисла, човек мозок да си истури, пак нема ништо да ве сфати.
Не се меѓу луѓето ама биле на земјата...е ај сеа:facepalm:
Не се на форуми, не зборуваат гласно, споделуваат тивко, нивно знаење и искуство како идеја која си бара плодна земја за да изрти во нешто ново, но никаде нема да ги најдеш за да ги обожаваш или да ги сметаш за авторитет, како човек...
Тие луѓе всадуваат идеи... и си го гледаат дворот :)

На тоа мислев не се меѓу луѓето... не се ни во манастирите, ако ме мене прашува некој :coffee:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom