- Член од
- 28 јануари 2010
- Мислења
- 1.534
- Поени од реакции
- 1.090
Телесното и духовното се испреплетени едно со друго.Природниот процес на телото е после конзумирање храна истата преработена да биде исфрлена од телото како измет, кое се закопува во земјата или пушта по водата.Уште на почетокот постоеше Зборот. Зборот беше со Бог и Зборот беше Бог. Од самиот почеток, Зборот беше со Бог. Се што постои беше создадено преку Зборот. Не постои ништо создадено, кое не беше создадено преку Зборот! И самиот живот беше во Зборот, и Тој живот им дава светлина на луѓето.
Многу слично е и со духовното, каде се конзумираат зборови/мисли и се пренесуваат на хартија , оние по мудрите ги закопувале во земја бидејќи тоа е духовен измет и треба да биде закопан исто како телесниот измет.
Наведениот цитат може да се прикаже со слика, се разбира преставува симболика на душата....
Да се врати човек назад на својот извор и да пие вода од својот бунар.
Ова е тој почеток кажан во текстот....
Во почетокот беше Словото(изворот), и Словото(изворот) беше во Бога, и Бог беше Словото(изворот).
За жал луѓето од слабост или нешто друго не се враќаат на својот извор туку полесно им е да го "мирисаат" (читаат книга) она кое го исфрлил некој друг.
Поентата ми е , зборовите се најнесовршена алатка за да се пренесе мисла, но исто така оној кој ќе ископа сопствен бунар ќе треба да знае како да се носи со тој извор од зборови.
Не е поентата да се земе моливот и да се испише цела книга, како би го "мирисале"-читале другите тој духовен измет.И од него да се прави догма, верување или филозофија.
Со еден збор , се става препрека помеѓу човек и изворот, наречена света книга.