Напиј се вода од изворот

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.072
И, како разликуваш „духовно„ од „недуховно„?...
Напишав како ги делам книгите, а со тоа и кој се духовни,а кој не.
Ако пишува за мене(човек) се духовни, ако не пишуваат за мене(човек) не се.

Духовното не може да се пренесе буквално, се користат метафори, се даваат ликови на емоции, на одредени периоди од човековото постоење...и сл.
Тоа му доаѓа како да си застанал надвор од времето и си погледнал кон времето и се што е опфатено од постоење на човек од неговиот почеток до крајот.

И од таа целосна слика за себе(човек) ти стануваат разбирливи духовните книги бидејќи, тој што пишувал се опишивал себеси(човек).Твоето постоење не е во временска рамка, туку си постоел многу поодамна.Само што писателите користеле различни приказни , метафори, ликови од моменталните општествени случувања..

Еве, да не биде само библија.
Титус Андроникус од Шекспир е духовна книга.
Има и филм направен според книгата.

Некој духовното со слики го преставувале.
The Twelve Keys of Basil Valentine

Духовното е напишано, да се менуваш себеси додека не се препознаеш во метафорите, а не да чекаш да се менува светот.Бидејќи и на едното(човек) и на другото (светот), промената е да се врати на почетокот(на изворот).
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.072
Прашање за @alf и @Хептаграм XI дали мислите дека има нешто по смртта?
С'е е во човек,и животот и смртта.

Движењето е во постојан круг, исто како што се движи водата.

Едноставно кажано изгледа вака....

Ембрион......смрт/раѓање......човек.....смрт/раѓање....ембрион.

Тоа е кругот.
Тебе највероватно те интересира што со душата одкако физички умре телото.
Смртта прави заборав-избледува "јас" ,како бришење на хард диск.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.307
Поени од реакции
4.654

...ако е духовното "будење" иницирано од писанијата, тогаш зошто не би биле сите подеднакво инспиративни.Твоето доживување е сосема во ред, но тоа не треба да ти дава право да даваш суд за останатите, бидејќи самиот акт на осуда ти ја носи твојата духовност низ мрачните ходници на разумот...не и таму местото,или грешам?
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.072
...ако е духовното "будење" иницирано од писанијата, тогаш зошто не би биле сите подеднакво инспиративни.
Ако е иноцирано од писанија, а ако не е од писанија?

Твоето доживување е сосема во ред, но тоа не треба да ти дава право да даваш суд за останатите, бидејќи самиот акт на осуда ти ја носи твојата духовност низ мрачните ходници на разумот...не и таму местото,или грешам?
Грешиш.
Духовното е над разумот.
Затвори ги ушите(тоа што слушаш), покриј ги очите(да не те лажат тоа што гледаш) и затворија устата(разумот да не те води погрешно)..духовното е над овие нешата.

п.с.Иако во цитираниот текст нема осуда кон никого, а тебе ти тежи нешто што сум пишувал.
Цитирај ме точно на кој пост е тоа.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.307
Поени од реакции
4.654
Ако е иноцирано од писанија, а ако не е од писанија?

Грешиш.
Духовното е над разумот.
Затвори ги ушите(тоа што слушаш), покриј ги очите(да не те лажат тоа што гледаш) и затворија устата(разумот да не те води погрешно)..духовното е над овие нешата.

п.с.Иако во цитираниот текст нема осуда кон никого, а тебе ти тежи нешто што сум пишувал.
Цитирај ме точно на кој пост е тоа.
...мојата реакција е на твоите поделби на книгите на духовни и недуховни, поточно актот на поделбата што ја чиниш кога станува збор за книгите :)
...тоа не ми тежи туку ми дава причина за коментар
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.072
...мојата реакција е на твоите поделби на книгите на духовни и недуховни, поточно актот на поделбата што ја чиниш кога станува збор за книгите :)
...тоа не ми тежи туку ми дава причина за коментар
Тогаш цитирајме на пост за тоа што е твоја реакција.

Значи викаш вака.. Твоето доживување е сосема во ред(поделба на духовни и недуховни книги), но тоа не треба да ти дава право да даваш суд за останатите.

Треба да бидеш поконкретен, за кој суд кон останатите мислиш?
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.667
Поени од реакции
3.790
...ако е духовното "будење" иницирано од писанијата, тогаш зошто не би биле сите подеднакво инспиративни.Твоето доживување е сосема во ред, но тоа не треба да ти дава право да даваш суд за останатите, бидејќи самиот акт на осуда ти ја носи твојата духовност низ мрачните ходници на разумот...не и таму местото,или грешам?
На страна што не сум повикан, ќе се вклучам во муабетов...

Религиозните писанија не ни можат да бидат „..подеднакво инспиративни...„, затоа што нивните автори се различни.

Што навистина е точно а што е лажно во нив, зависи од тоа како ќе им пријдеш и со каков веќе обликуван свој ментален склоп ќе ги вреднуваш писанијата.

Ако им пријдеш со предрасуди, си ја оплескал работата уште пред да ја почнеш. Ако им пријдеш со намера да најдеш „нешто„ во нив, има теорија тоа и да ти се случи.

Најбитно е што бараш (!) и што/кого ќе/го препознаеш (!) во наведените писанија.

На пример, ако во писанијата бараш овосветовни вредности, ќе ги најдеш. Ако во писанијата ја бараш вистината, и неа ќе ја најдеш.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.667
Поени од реакции
3.790
Дали ти ја најде вистината?
Цел живот да се помине во барање, вистината нема никогаш да се пронајде.
Да, ја најдов, и нема потреба од доживотно барање, туку само лична потреба од трагање (по вистината).
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.784
Поени од реакции
9.561
Да, ја најдов, и нема потреба од доживотно барање, туку само лична потреба од трагање (по вистината).
....и која е вистината ти што ја најде?
Се надевам не ти е тешко да ни ја објасниш.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.072
Религиозните писанија не ни можат да бидат „..подеднакво инспиративни...„, затоа што нивните автори се различни.
Иако авторите се различни, тие пишуваат за едно исто склопено во различни метафори и дејства.
На пример, ако во писанијата бараш овосветовни вредности, ќе ги најдеш. Ако во писанијата ја бараш вистината, и неа ќе ја најдеш.
Тоа што човек го бара е во него внатре, писанијата се само бледа сенка од тоа внатрешното.Но,поради себе не познавањето и онаа светлина на никулецот која е во секој човек, бараат во писанијата,таа бледа сенка им наликува на светлина, станувајќи робови/слуги на буква.

Барате вистина и светлина во мртва буква.
А мртва буква, само темнина шири.
Не е ни чудо што се "слепи".
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.667
Поени од реакции
3.790
Иако авторите се различни, тие пишуваат за едно исто склопено во различни метафори и дејства.
Погрешно...обиди се пак.
Автоматски споено мислење:

Тоа што човек го бара е во него внатре, писанијата се само бледа сенка од тоа внатрешното.Но,поради себе не познавањето и онаа светлина на никулецот која е во секој човек, бараат во писанијата,таа бледа сенка им наликува на светлина, станувајќи робови/слуги на буква.

Барате вистина и светлина во мртва буква.
А мртва буква, само темнина шири.
Не е ни чудо што се "слепи".
Се чини дека религиозноста и духовноста почнале токму од тебе...
Автоматски споено мислење:

....и која е вистината ти што ја најде?
Се надевам не ти е тешко да ни ја објасниш.
Ни најмалку не ми е тешко.

Туѓите искуства во барањето на вистината се безмалку идентични кај сите поединци кои ја бараат вистината-барајќи ја вистината, Го наоѓаат живиот Бог. Он Е извор на сета вистина за постоењето на Светот и на животот.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.668
Поени од реакции
11.710
Без разлика што зборувате за светите книги, мора да се цитираат истите - тоа го правите и двајцата во однос на една света книга, Библијата која Е христијанска света книга. Добро е да се консултираат многу свети книги, ако навистина некој бара да го разбере и човештвото и божественото на Земјата!
Инаку се врти една паричка која паѓа постојано на една страна и приказната е половична, во најдобар случај...

Без книги и букви, дури и форумот ќе е празен - така да, сите сакаат да бидат авторитети, сите да се прикажат како кај нив е вистината, нивното искуство е оригинално и над другите (тоа е природна особина), а за другите велат слепи, не ги бидува, копираат - јас сум оригиналот...

Но тоа е лага на заболено его кое што читајќи премногу лесни четива се убедува дека е победено (а реално е скриено во маска(... позната ви е „Загубениот рај“ на Милтон. Таму сатаната во еден момент вели, парафразирам: подобро господар во пеколот (сопствениот пекол) отколку да слугувам на највисокиот!
Тоа го имаме денес кај многу луѓе кои нудат „оригинал“ искуства незнаејќи дека ништо ново не кажуваат, и за такви се лепат уште понеуки и духовно закржлавени луѓе кои во такви „продуховени оригинални луѓе“ гледаат нови пророци и христоси, нивни спасители...
Постојано иста сказна... мора да ги учиме поединците на друго: да не гледаат што некој им зборува, туку да работат и да знаат многу за нештата, надополнети со искуство... боговите не доаѓаат при призиви ако не е добро уреден храмот :coffee:

И да, има луѓе кои не поднесуваат авторитет и бегаат од тоа како луди... прават збирштина од секакви учења со надеж дека нема некој да ја види нишката од стари учења и нови толкувања кои кружат низ човештвото... и нема лутење во однос на тоа кон тие луѓе, такви се и тоа е нивниот пат сега на Земјата - тие мислат дека тие се авторитетот и тоа е тоа...

Туѓите искуства во барањето на вистината се безмалку идентични кај сите поединци кои ја бараат вистината-барајќи ја вистината, Го наоѓаат живиот Бог. Он Е извор на сета вистина за постоењето на Светот и на животот.
Точно. :coffee:
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.307
Поени од реакции
4.654
Уште на почетокот постоеше Зборот. Зборот беше со Бог и Зборот беше Бог. Од самиот почеток, Зборот беше со Бог. Се што постои беше создадено преку Зборот. Не постои ништо создадено, кое не беше создадено преку Зборот! И самиот живот беше во Зборот, и Тој живот им дава светлина на луѓето.
...само што во безброј случаи човекот има незаситен апетит да поседува авторски права над истиот :)
Автоматски споено мислење:

....и која е вистината ти што ја најде?
Се надевам не ти е тешко да ни ја објасниш.
...вистината е како рент-а-кар :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.668
Поени од реакции
11.710
Уште на почетокот постоеше Зборот. Зборот беше со Бог и Зборот беше Бог. Од самиот почеток, Зборот беше со Бог. Се што постои беше создадено преку Зборот. Не постои ништо создадено, кое не беше создадено преку Зборот! И самиот живот беше во Зборот, и Тој живот им дава светлина на луѓето.
Ова е од христијанскиот „нов завет“, кој се темели на еврејскиот закон.

За ова „На почетокот“ и логосот и Словото и Зборот итн итн... се зборува за Мудроста или Хокма на еврејски , חָכְמָה
Во еврејските езотериски учења Хокма е веднаш после Кетер или Круна. После првиот кој е невидлив и „Никој не може да го види“, исто како што учат мнооогу разни учења кои се далечни за нас, Македонците :coffee:

1713724708311.png

Нели мудроста вика? И нели разумот го издига гласот свој?
Мудроста застанува на високи места, крај патот, на раскрсници;
таа вика пред портите при влезот во градот, при влезот на вратата силно извикува:
»Кон вас, луѓе, викам, и кон синовите човечки е мојот глас!
Научете се, неразумни, на благоразумие, и безумни, – на разум.
Слушајте, бидејќи ќе говорам важни работи, и устата моја ќе изрече правда;
зашто јазикот мој ќе ја изговори вистината; лажливата уста одвратна е за мене.

...
...

Мои се советот и разумноста; јас сум разум, во мене е силата.
Преку мене цареви царуваат, и заповедници правда озаконуваат;
преку мене началници управуваат и големци и сите судии земни.
Ги сакам оние што мене ме сакаат, и кои Ме бараат, ќе најдат добрина;
во Мене се богатството и славата, богатата ризница и правдата;
плодовите мои се подобри од злато, и од најчисто злато, и користа од мене е повеќе отколку од најчисто сребро.
...
...
Господ ме создаде за почеток на Својот пат, на Своите творби,
ме создаде уште од вечноста, во почетокот, пред да ја создаде земјата.
Јас сум се родила, кога уште немаше бездни, кога уште немаше извори, изобилни со вода.

Јас сум се родила пред да бидат втемелени горите, пред ридовите,
кога Господ уште не беше ја создал земјата, ни полињата, ниту првите прашинки на вселената.
Кога Он го приготвуваше небото, јас бев со Него, кога го поставуваше престолот Свој врз ветровите,
кога ги утврдуваше облаците во висините, кога ги зацврстуваше изворите на бездната,
кога ги поставуваше границите на морето, за да не ги преминуваат водите неговите брани, кога ги полнеше основите на земјата, –
јас бев при Него кога создаваше, и се радував секој ден, веселејќи се пред лицето Негово за сето време,
веселејќи се на Неговиот земен круг, и радоста моја беше со синовите човечки.

- Изреки, 8, еврејски закон или христијански „стар завет“
 
Kajgana Shop

На врв Bottom