Кајгана форум

Zlatikevichius
Zlatikevichius
Доколку некое од децата најде зелена боја и ја допре, тоа се спасило и во тој круг штркот не може да го фати. Доколку сите деца допрат зелена боја, останува истиот штрк, и играта се повторува. Ако пак, штркот фати некое од децата кое не допрело зелена боја, тоа станува штрк во следната рунда.
Zlatikevichius
Zlatikevichius
„Сакате ли војна“ е една од најстарите игри за кои знам. Се делат децата во 2 екипи. Едната пее: „Сакате ли војна“, другата: „сакаме“, првата: „од кого“, втората: „од Трајче (Трајче е обично најслабото дете од противничката екипа)“. Трајче се затрчува додека противниците се држат цврсто за раце.
Zlatikevichius
Zlatikevichius
Ако успее да го пробие редот од деца што се држат за раце, си зема едно дете со него и си го носи во својата екипа, ако не, Трајче станува дел од другата екипа. Процесот се повторува додека во едната екипа не остане само 1 дете, тогаш тоа е лузерот, сите останати се победници.
Zlatikevichius
Zlatikevichius
Еве да го тагнам и @Beric Dondarrion да види дека не сум ги измислил игрите.
Zlatikevichius
Zlatikevichius
P.S. А, да, ве избришав од темата заради офтопик. Consider this a warning! ;)
Violetova
Violetova
Zlatikevichius Па и не беше некој оф топик, ти ги спомна игрите, ќе памтев да сме играле како деца игра со Штрк во насловот.
Може играта била од твое маало...
А си го избришал и делот од коментар кај што ги споменувам филмовите: Escape Room и The Cube
Zlatikevichius
Zlatikevichius
Јас сум растен во Македонски Брод, таму како деца ги игравме. Сега живеам во Скопје, и тука исто ги играат, и децата на улицата кај што живеам, и во училиштето кај што учи син ми, а не сум јас тој кој им ги кажал. Значи дефинитивно не се локални игри.

Тој дел од мислењето не го видов, sorry, ете, го вратив.
На врв Bottom