Добро сум, привршувам некои работи и јас, пред да се придружам по патот на пролетерјатот „масовно на цело село“ да го подготвиме теренот за да излетаме во зеленило за 1 Мај. Се надевам дека и твојата журка ќе заврши овие денови, па да си починеш малку во природа и со нови сили да се читаме! :smir:
Малку покасно, ама попатно поминував и покрај твојот профил. Гледам, изгасени светла. Легната ќе да е, си реков. Сепак, на минување сум, само сакав да те поздравам!:smir:
На одмор сум, дома, обврски...башка им оставам на младите и понапредни да си кажат што имаат :) знаеш, коа е човек дома, гледа да среди што повеќе. Баш завчера почнавме санирање последици од цунами кај моите :( (пола покрив откорнат и паднат, лозница искршена...)...тоа, секојдневие. Одвреме навреме само се вклучувам на нет :)
Еве сеа пуштам вакви, за малку да ме расонат http://www.youtube.com/watch?v=9puHitlCLTU http://www.youtube.com/watch?v=qGaOlfmX8rQ
и да се борам против мрзата :)
Мислам дека малку треба и да се повлечам и намалам постови, често станувам досаден (хаха, кому му е потребно мислење и солење од "старец") :)
Да, знам, и мене ме интересира доста астрономијата и ептен ме нервира кога некој ја меша со астрологија.
D
DartWader
Хехехе затоа и напишав. Преку глава ми е од книги како да се збогатиш , како да си позитивен, како да живееш. Наместо да слушаме некој квази писател како да се успее, ние треба да се потрудиме и сами да успееме. Тоа е само продавање ефтина филозофија.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.