Две се страните на алијансата каква што јас ја познавам...
Првата, емпириската, онаа која ја колнам, а од која не сум силна да се одбранам. Кревка и подложна на фаворизиризање на индивидуалните амбиции и на нивната тиранија врз надреалните способности на синергијата. Можеби, осудена на пропаст уште пред да започне.
Втората, идеалистичката, онаа на која поклоненици сме и јас и ти, и можеби уште многу малку луѓе на овој свет. Пристрастна кон изворот што ја храни, благородна кон идејата за припадност еден на друг, за делење на доброто и лошото, за единството, за силата. Онаа која јас љубам да ја наречам мој поглед кон светот и животот и која ја носам со себе без оглед на јазикот на кој ја искажувам.