Lidl маркети и во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за отварање на Lidl маркети во Македонија?

  • Вкупно гласачи
    285
Нема место за чудење - во Бугарија земјата врз која е изграден еден од Лидл магазините била купена во 2006/2007 година, а магазинот бил изграден во 2023. Од првата копка до отварањето на магазинот за клиенти - 9 месеци. Чекањето било во првата копка. Еднаш да се почне, тогаш во рок од под една година ќе се изгради магазинот целосно. Претпоставувам дека во Македонија уште анализираат пазарот и се во фаза на собирање на добри локации, не само за 8-10 магазини, туку можеби за околу 50-60. И ако сум во право - тоа е со цел да купат земјата за многу помалку пари, отколку ќе струва по 10-15 години.
 
Лезетски си го отвараат бизнисот.
Не е лезетски, туку системски влегуваат на пазарот и ја дробат конкуренцијата. Паралелно тераат десетици процеси кои се стандардна подготовка за еден таков гигант. Отворете им ја веб страната и ќе видите колку активни огласи за работа имаат во моментов. Пред две години имаа огласи само за 4 позиции, денес се преку 10. Заради деловни тајни некои работи не се за пишување, ама јас досега не сум бил во контакт со корпорација која функционира на вакво ниво. Сакате верувајте, сакате неверувајте. Логистиката и организацијата во позадина се на ниво кое економски не би било исплатливо заедно за сите ланци кои функционираат во македонија.
 
Точно е. Не сум бил во грчкиот Лидл, но ги разгледував брошурите од грчкиот, српскиот, хрватскиот, романскиот и дефинитивно - изгледа дека можеби се подобро снабдени од бугарскиот. Но треба да се напомени дека во Бугарија функционира и Кауфланд - поголемиот брат на Лидл, каде што се понудени исти Лидл производи и брендови, но под други имиња. И иако Кауфланд и Лидл се со исти сопственици, тие исто така се конкуренти (понекогаш). Во Софија има околу 35 Лидл продавници и 15 Кауфланд продавници. Во цела Бугарија има 120 Лидл продавници и 65 Кауфланд продавници.

Ноември напишав дека сите Лидл продавници во Бугарија се 120. Е, сега се 125. За 2 месеци отворени се уште 5. Во моментов имаат и неколку други во изградба. Рано или касно - и во Македонија ќе стапат и ќе почнат да отвораат продавници.
 
Не е лезетски, туку системски влегуваат на пазарот и ја дробат конкуренцијата. Паралелно тераат десетици процеси кои се стандардна подготовка за еден таков гигант. Отворете им ја веб страната и ќе видите колку активни огласи за работа имаат во моментов. Пред две години имаа огласи само за 4 позиции, денес се преку 10. Заради деловни тајни некои работи не се за пишување, ама јас досега не сум бил во контакт со корпорација која функционира на вакво ниво. Сакате верувајте, сакате неверувајте. Логистиката и организацијата во позадина се на ниво кое економски не би било исплатливо заедно за сите ланци кои функционираат во македонија.

Што ќе дробат, неколку дуќани ќе имаат во СК. Каде што на секој чекор имаш Кам или Стокомак. Ова не е некој неоткриен пазар. Конкуренцијата е огромна.
 
Што ќе дробат, неколку дуќани ќе имаат во СК. Каде што на секој чекор имаш Кам или Стокомак. Ова не е некој неоткриен пазар. Конкуренцијата е огромна.
Абе океј е да се хејта ама па да не се иде со глава у ѕид, ке биде ниво над кам тоа е сигурно, ако мислиш дека ке биде за сиромаштија само па од нив ке зависат се лажеш, доволно е да се погледне на паркингот у Врање во какви коли се товарат нашите
Крај на краиштата за малку плус пари од кам добиваш висок квалитет а реално и кам веќе не е со ниски цени ко што беше
 
па ако нема цени да понудат, не знам што би понудиле што веќе го нема овде. Сеа си го носат името, ќе имаат муштерии тоа е сигурно, но цената треба да е конкурентна. Ако е скап како што викаат, не гледам зошто би одел таму пре Кам или Стокомак.
 
Nov standard, nov kvalitet, nova konkurencija sto ke gi pridvizi site ostanati napred. Logistickiot centar ke e gotov za 9-12 meseci. Startot e pikiran za 09.2025

Odi bavno ama kaj niv od prv den se ke funkcionira sovrsheno.

Nie kako drzava mnogu dobivme od novive lanci posebno Kipper sto se shiri turbo. Da znaete naokolu drzavite kolku se bedni so ponuda i ograniceni samo na nekolku brendovi
 
па ако нема цени да понудат, не знам што би понудиле што веќе го нема овде. Сеа си го носат името, ќе имаат муштерии тоа е сигурно, но цената треба да е конкурентна. Ако е скап како што викаат, не гледам зошто би одел таму пре Кам или Стокомак.
Епа ке имаш германски производи кои ке ги нема во друг ланец, сеа не знам што подразбираш под скап, очекувам со цените да се пониски од Веро и Тинекс ама затоа квалитет на производите неспоредлив со Кам и Стокомак
 
Оваа верига на продавници КАМ во Македонија дали е иста како веригата КАМ маркет во Бугарија? Наскоро забележав дека во Софија има 16 продавници КАМ.
 
На англ. "chain". В некои случаи синоним за "верига" може да биде "ланец" или "синџир".
Автоматски споено мислење:

Одговорив си на горенпрегледното прашање. Очигледно, "да" - овој КАМ маркет во Бугарија произлегува од КАМ продавници во Македонија.

Последно уредено:
Оваа верига на продавници КАМ во Македонија дали е иста како веригата КАМ маркет во Бугарија? Наскоро забележав дека во Софија има 16 продавници КАМ.
Истиот ланец е, го гледам последниот флаер за Бугарија и дел од производите се истите како овде (Ле Бон, Густо, Камко, Сани Фантази, Алпико, Салути, Фиеста како нивни брендови, Чардак и Здравје Радово се македонски фирми производители кои не работат само за КАМ).
 
На англ. "chain". В некои случаи синоним за "верига" може да биде "ланец" или "синџир".
Автоматски споено мислење:

Одговорив си на горенпрегледното прашање. Очигледно, "да" - овој КАМ маркет во Бугарија произлегува од КАМ продавници во Македонија.

Ќе го бојкотираш?
 
Ќе го бојкотираш?

Не, точно обратното - ќе одам и видам што нудат. Мислам да си купам ајвар на Sunny Fantasy, за да можам да го споредам со оние што се прават во Бугарија. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom