M - Vardan Tozija (2023)
Лошо, многу лошо! Едно нешто нема оригинално во филмов. Јасно е дека секако филмовите со зомби апокалипса не можат да понудат којзнае колку ново, но повремено се наоѓа по некоја светла точка и меѓу нив, а први на кои ми текнува во моментов се корејскиот Train to Busan и австралискиот Cargo. Ова беше клише до клише од старт до финиш! И тоа не само клишеата од зомби филмовите, туку ја зеле приказната за Пинокио, трансформирана на буквално идентичен начин како во A.I. Artificial Intelligence, само сместена во зомби-апокалипса, и voila - М. Како Марко (или како Македонија?). И демек тоа треба на газ да не фрли? Реално, единствено добро нешто во филмов беше ОК глумата од повеќето актери и изненадувачки добриот продукциски дизајн, иако го гледав во снимка ко со дигитрон снимана, па и не можев многу да видам, но сепак. Не знам, јас филмов сметам дека е една чудна екскурзија на македонските филмски „професионалци“ која се надевам нема да се повтори во иднина. Само 5/10, и тоа е дарежливо.