Фан Клуб: Интер

Срамотен е податокот што играч како Миктаријан кој беше донесен за резерва да игра без престан прва постава, пред играч кој е потенцијал, платен 30+ милиони, репрезентативец на Италија и некој од кој очекуваш да биде првотимец во најблиска иднина. Па само кај нас го има ова бе, не ме јеби, 23 години има и да му треба цела сезона за да се уигра. Што ти гарантира па дека ќе игра и следната сезона кога ќе дојде Зиелински? Преспоро уигрува играчи Инзаги и тоа е факт што некад ќе му се одбие страшно од глава.
Се согласувам де, не е до играчот, тоа сакам да кажам. Ќе го става вака до крај затоа што му иде. Исто како Лукаку што го ставаше по 30 минути затоа што му одеше таа варијанта Џеко да трча 60 минути а Лукаку да трча кога ќе умрат противниците. Не сака да излезе од комфорт зона Инзаги и тоа е тоа.
 
Губевме тука и секако немаше да ја свртиме, Конте беше тренер кој беше познат како пичка на гостовања против појаки противници нарочито у ЛШ, плус не беше втор жолт туку престрог црвен. Не замарај
Инзаги беше тренер овде и веќе бевме пласирани али океј.
 
Инаку вчера навистина ми остави впечаток романецот во Џенова, мислам дека би бил идеален наследник на Ачерби, 21 годинa има, играше вчера и напред и назад, неверојатен натпревар одигра. Окото да го прибере би имале супер стопер за подолг период.

Овој веќе преговара со Тотенхем... Изгледа ке ископаат уште еден играч од Италија, по Викарио и Удоги.
 
И повеќе од добар играч е Драгушин, не знам како јуве така лесно се откажаа од него.
 
Овој веќе преговара со Тотенхем... Изгледа ке ископаат уште еден играч од Италија, по Викарио и Удоги.
Мислам дека не постои полош избор на планетава од Тотенхем. Не се дел од големите екипи во ПЛ и никогаш нема да бидат, ама се однесуваат како да се. Ги држат играчите претерано долго додека да им помине прајмот, а не се борат за никакви титули. Бегство од затвор е полесно од заминување од Тотенхем.
 
Ама тренерот е Романец.
 
И повеќе од добар играч е Драгушин, не знам како јуве така лесно се откажаа од него.
Го дадовме во договорот за Камбиасо. Во претходните 2 позајмици и кај нас беше мн изгубен се гасеше на моменти а и мислам дека последно бараше плата и статус за ротација со првотомец иден..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom