Не можам да си дојдам на себе што гледав денес... цел натпревар не можеа да се најдат еден со друг. Карлос Аугусто изгледа како сеоски ДиМарко од Али Експрес, како ги рогаше топките братот, 5 акции упропасти, 2 гола ќе паднеа од истите да беше ДиМарко во игра. Дензел и Микхтаријан исто зграда не можат да погодат, Ерменецот изгледа како да ќе припадне во секој момент а донот го игра до смрт. Никогаш не сме имале повеќе промашени додавања, а игравме против екипа на духови реално која се до постигнатиот гол имаше нула мотивација да направи нешто.
И тогаш почнаа лудориите, прво со Дон Инза и неговите генерички измени. По негова логика ако оставиш напаѓач 90 минути во игра веројатно ќе умре, нема друго. Сите други можат да играат ама или Турам или Лаутаро мораат надвор. Турам уште два натпревари имаше сила да трча и после двата да го крене Фратези и да го носи на пица, ама не, Арнаутовиќ ќе игра. Каква трагикомедија беше настапот на Арнаутовиќ денес, само што влезе му одзедоа топка и ни шибнаа гол онака од ништо, после тоа почна да турка со раце противнички играчи за да можат да одолговлекуваат време, па не стигна да угура топка во гол, па промаши зицер со глава... значи еве морам сега јас да го напињам пошто Syn рече поради петата немало да го замара 5-6 утакмици... дупе од играч, баш за вакви екипи како Верона.
Па ајде некако ја бутнавме во гол после луда акција во која Бастони погоди пречка, голманот одбрани удар од гол линија и Фратези натрча како парна локомотива за да ги сруши сите надежи на Scirea кој со блажена насмевка на лице до тој момент ги набљудуваше случувањата и спремаше досетки за форум, џубре едно. Па прославуваме како да сме освоиле ЛШ, Турам го крена Фратези и го праша Инзаги дали сака и него да го крене и двајцата да ги шета по Меаца на рамо, па одеднаш голманот на Верона доби напад на мотивација и ни влезе во 16-ник како финале да се игра, па Барела и Санчез излегоа сами пред гол. Во прв момент Барела му рече на Санчез остај ме мене, ама некаде во текот на акцијата му падна жал за копуков што нема гол дадено и реши наместо да ја бутне во празен гол да му асистира. Па испадна дека во гужвата предходно Дармијан го чепнал противничкиот играч на несакање и судијата мртов ладен го свирна во 96-та, па го промашија, и одбиената топка ја промашија, и на крајот за да не биде доста од некоја причина се играа 178 минути додека му текна на судијата да свири крај, па пак прославувавме како да сме освоиле ЛШ.
И се ова со Верона.