Супер лига, да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за Супер лига?

  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .
Вие што ја подржувате СЛ, да ми одговорите на прашањево:
Ако јакиве/богати клубови земаат 95% од парите, пошто генерираат 95% од парите, како тогаш умрените мали клубови би имале можност за напредок? Ако Реал зема 200 милиони а партизан 0.5 милиони, колку години би им требало на Партизан за да стигнат до утакмица со Реал, а не па да бидат компетитивни и да не завршат 12-0? Или ќе се молат да им се родат новите Меси и Роналдо и по неколку успешни години да стигнат до голд лиги па да имаат јаки утакмици? И тоа не е можно, ќе им ги купат талентите овие богативе клубови, со трошки.
А сега што добива обичниот гледач што во ЛШ играат Црвена Звезда, Јанг Бојс, Антверп, Њукасл ?

Освен губење време никаква вредност не додаваат утакмиците со нив.
 
Не зборев за никаков монопол на Интер, туку дека ќе се создаде некаков монпол или елитно друштво со супер лигата. Проблемот е што ти не го гледаш слонот во собата. Кога ќе видиш каде одат најдобрите играчи и тренери, може да се каже дека супер лигата веќе постои. Само пак некако избегаваш да одговориш на прашањата кои се причините за тоа и дали е во ред тоа што се случува? А ти лично можеш да навиваш за Интер и ако Интер завршува 15 ти секоја година во Серија А и се радуваш на една две утакмици со Сити годишно или ви наместат полесен пат до финале.

Јас еве ќе те прашам дали си ти сериозен дека екипи ко Ѕвезда, Динамо, Андерлехт, Рапид Виена, Шахтјор, Јанг Бојс, Копенхаген опстојуваат од тие 3 - 4 утакмици фудбал во групна фаза во лига на шампиони кои што ги играат? И она што е најчудно, овие екипи некако имаат најголем интерес за Супер Лига. Им се гарантира дека за три пати ќе ги зголемат приходите наспрема тоа што сега го добиваат од UEFA.

Динамо Загреб, Салзбург и такви слични екипи баш опстојуваат со 2-3 натпревари годишно и приказната за ЛШ. Играчи ко Модрич сам да не ги произведи Перез во лабараторија.
 
Обичниот гледач е широк поим. Имаш и обични гледачи кои пример сакаат Копенхаген да освои ЛШ.
 
Динамо Загреб, Салзбург и такви слични екипи баш опстојуваат со 2-3 натпревари годишно и приказната за ЛШ. Играчи ко Модрич сам да не ги произведи Перез во лабараторија.

Ќе имаат шанса и сега да играат со Реал ако се доволно квалитетни во нивната лига, и тоа не неколку утакмици, туку цела сезона, а и плус сами ќе одлучуваат за своите пари, нема УЕФА да го прави тоа. Клупскиот фудбал ќе добие многу, многу повеќе.
 
А како ќе играат со Реал кога Реал и тие 15-20 тима од најсилната Супер Лига ќе имаат 383828282 пати поголем буџет од нив и никад нема да испаднат од истата? Еве и да има испаѓање, 2 екипи да испаѓаат а 2 да влегуваат, како ќе дојде Динамо до таа најсилна супер лига со буџет енормно помал и од тие во вториот ешалон на Супер Лигата?
 
Каква Супер лига, нека се прави една Екс-Ју лига со 8-10 натпревари годишно за секој клуб, ете начин клубовите од Екс-Ју и пошироко да си направат дополнителен приход. :)
 
Не зборев за никаков монопол на Интер, туку дека ќе се создаде некаков монпол или елитно друштво со супер лигата. Проблемот е што ти не го гледаш слонот во собата. Кога ќе видиш каде одат најдобрите играчи и тренери, може да се каже дека супер лигата веќе постои. Само пак некако избегаваш да одговориш на прашањата кои се причините за тоа и дали е во ред тоа што се случува? А ти лично можеш да навиваш за Интер и ако Интер завршува 15 ти секоја година во Серија А и се радуваш на една две утакмици со Сити годишно или ви наместат полесен пат до финале.

Јас еве ќе те прашам дали си ти сериозен дека екипи ко Ѕвезда, Динамо, Андерлехт, Рапид Виена, Шахтјор, Јанг Бојс, Копенхаген опстојуваат од тие 3 - 4 утакмици фудбал во групна фаза во лига на шампиони кои што ги играат? И она што е најчудно, овие екипи некако имаат најголем интерес за Супер Лига. Им се гарантира дека за три пати ќе ги зголемат приходите наспрема тоа што сега го добиваат од UEFA.

Не знам за кого навиваш, еве да речеме нека е Реал. Што ќе ти промени тебе супер лигата? И сега и тогаш најдобрите играчи пак ќе одат во Реал, Барселона, Сити, Мити... Што ќе ти променат парите што ќе ги направат Перез, Ањели, Жанг?

Единствена придобивка е што ќе ги замениш досадните натпревари во групите на ЛШ со досадни натпревари за бодови во првата половина на супер лигата. Нокаут фазата е секогаш единственото што вреди, затоа и престанав одамна да гледам НБА, 256 натпревари додека да почне плејофот.

Тоа што на помалите екипи ќе им ги зголемат приходите 3 пати нема да значи ништо кога цената на играчите ќе рипне 3 пати. И тогаш и сега, секој ќе купува според можностите.

Ова е едноставно борба на неколку богаташи за повеќе пари.
 
Не зборев за никаков монопол на Интер, туку дека ќе се создаде некаков монпол или елитно друштво со супер лигата. Проблемот е што ти не го гледаш слонот во собата. Кога ќе видиш каде одат најдобрите играчи и тренери, може да се каже дека супер лигата веќе постои. Само пак некако избегаваш да одговориш на прашањата кои се причините за тоа и дали е во ред тоа што се случува? А ти лично можеш да навиваш за Интер и ако Интер завршува 15 ти секоја година во Серија А и се радуваш на една две утакмици со Сити годишно или ви наместат полесен пат до финале.

Јас еве ќе те прашам дали си ти сериозен дека екипи ко Ѕвезда, Динамо, Андерлехт, Рапид Виена, Шахтјор, Јанг Бојс, Копенхаген опстојуваат од тие 3 - 4 утакмици фудбал во групна фаза во лига на шампиони кои што ги играат? И она што е најчудно, овие екипи некако имаат најголем интерес за Супер Лига. Им се гарантира дека за три пати ќе ги зголемат приходите наспрема тоа што сега го добиваат од UEFA.

Ќе имаат шанса и сега да играат со Реал ако се доволно квалитетни во нивната лига, и тоа не неколку утакмици, туку цела сезона, а и плус сами ќе одлучуваат за своите пари, нема УЕФА да го прави тоа. Клупскиот фудбал ќе добие многу, многу повеќе.

Динамо Загреб сега одвај се пласира еднаш на 3 години, во таа Супер Лига никогаш нема да догура во највисоката лига. А моментално 90% од репрезентацијата на Хрватска се баш играчи кои преку настапите во ЛШ биле продадени во појак клуб. Ако го нема Динамо и ЛШ, нивната лига не би била ништо подобра од нашата.
 
А сега што добива обичниот гледач што во ЛШ играат Црвена Звезда, Јанг Бојс, Антверп, Њукасл ?

Освен губење време никаква вредност не додаваат утакмиците со нив.
Точно, затоа обичниот гледач гледајќи ги Јувентус покрај губење време може да добие и перде на очи.
 
Не знам за кого навиваш, еве да речеме нека е Реал. Што ќе ти промени тебе супер лигата? И сега и тогаш најдобрите играчи пак ќе одат во Реал, Барселона, Сити, Мити... Што ќе ти променат парите што ќе ги направат Перез, Ањели, Жанг?

Единствена придобивка е што ќе ги замениш досадните натпревари во групите на ЛШ со досадни натпревари за бодови во првата половина на супер лигата. Нокаут фазата е секогаш единственото што вреди, затоа и престанав одамна да гледам НБА, 256 натпревари додека да почне плејофот.

Тоа што на помалите екипи ќе им ги зголемат приходите 3 пати нема да значи ништо кога цената на играчите ќе рипне 3 пати. И тогаш и сега, секој ќе купува според можностите.

Ова е едноставно борба на неколку богаташи за повеќе пари.

Не е спорно дека ќе направат повеќе пари и дека ќе се збогатат клубовите многу повеќе, не само големите, и тие помалите кои ги зборевме. Мене лично најмногу би ме радувало ако се елиминира нелојална конкуренција. Како на пример станување на голем клуб преку ноќ на начини кои ги опишав претходно. Чим УЕФА не сака да го реши тој проблем, тогаш во ред е оштетените клубови сами да пробаат да си го решат.
 
Да не беше реал во приказнава, змејов ќе беше скрос од спротивната страна.
Многу се нервирам кога има вакви луѓе, што не ја гледаат целосната слика туку гледаат нивниот омилен тим/партија на која страна е, и пробуваат да најдат оправдување наместо да земат да изградат свој став.
 
Не ми пречи Реал да си отиде од ЛШ, нека се распаднат ако сакаат гајле ми е за нив, ми пречи што сакаат да формираат монопол кој ќе ги наруши другите лиги и натпреварувања и ќе ја убие убавината на овој спорт.

Кои лиги и натпреварувања според тебе ке ги уништи новата Суперлига?

Во 2000 клубовите во Евролига се делат и ја основаат најсилната кошаркарската лига во Европа на денешницата. После неколку години сите сакаат да играат Евролига а не натпреварувањето на ФИБА. Денес знаеме како функционира ова со вајлд карти. Зошто ти го гледаш ова натпреварување полно со тимови лакоми за пари? Дали Евролигата ги уништи помалите тимови и убавината на кошарката?

ЛШ е формирана во 1954 од претседателот на Реал, Сантиаго Бернабеу. УЕФА го ребрендира натпреварувањето и вметнува групни фази за повеќе утакмици и повеќе пари. Од догодина се менува и овој формат на ЛШ кој е најдобар спортски формат, за она грдило налик регуларна сезона во НБА, со единствена причина уште повеќе пари. И нормално 90% од парите за УЕФА. Ама ќути си, немој случајно да ја убијат убавината и традицијата на фудбалот.
 
Тебе шо ти менува ? Мене пример ме пали многу онака, надркан сум некое клубче ко че му ремизира или го победи големиот Реал или другите тимови што планираат да играат во таа лига.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom