Супер лига, да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за Супер лига?

  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .
Значи ако тие 15 луѓе од кај тебе во фирма решат да си заминат, ти ќе викнеш полиција, премиери, министри чуда и ќе почнеш да им се закануваш дека мора да работат во таа фирма, зошто тебе така ти одговара и мислиш дека се фер платени?
Ќе ме здоболе Стојко ако си отидат тие 15 души вака искрено да ти кажам. Ама едно е вака муабет на форум друго е реалност, теорија нема сите да си отидат, а уште поише нема теорија сите одеднаш да си отидат така да џабе ми поставуваш вакви хипотетички неизводливи прашања.
 
Леле вака на памет кога збориш ми се иде да ти пресудам!

Го виде ти новиот формат на Супер Лигата? Кај виде дека нема испаѓање?
Скроз е сменет форматот од коа првично го објавија во 2021 година, ама ти изгледа во камена доба живееш и немаш проверено на интернет да видиш кои се промените.
Пример тие клубови од првото ниво се толку заштитени што во лигите комотно може и 10 место да завршат пак ќе играат таму. Затоа ако веќе сакаат да прават такви пирамиди нека биде по шаблонот на ЛШ и да играат екипи по заслуга на кое место на табела се во лига. Ако Ливерпул е во тој стар левел а заврши 10ти у ПЛ неговото место го зема друг тим. А со овој концепт само со испаѓање меѓу левели ништо не е подобрено од прошлиот.
 
Значи ако тие 15 луѓе од кај тебе во фирма решат да си заминат, ти ќе викнеш полиција, премиери, министри чуда и ќе почнеш да им се закануваш дека мора да работат во таа фирма, зошто тебе така ти одговара и мислиш дека се фер платени?
Многу погрешна аналогија е ова. По таа логика ќе има шизма во многу спортови. Спортот е регулиран преку светски организации(ФИФА), континентални организации кои се членки на светската (УЕФА), национални организации кои се членки на континенталната (ФФМ). Тоа е систем кој ги држи работите, инаку се ќе се распадне.

Единствен начин да излезат од овој систем е да се откажат од националните првенства и да си формираат супер-лига. Ако мислат дека ќе им се исплати. Проблемот е што тие сакаат да седат на два стола, да лапаат и дома и на страна. Се работи за алчност.
 
Значи ако тие 15 луѓе од кај тебе во фирма решат да си заминат, ти ќе викнеш полиција, премиери, министри чуда и ќе почнеш да им се закануваш дека мора да работат во таа фирма, зошто тебе така ти одговара и мислиш дека се фер платени?
Компарацијата ти вришти.
Автоматски споено мислење:

Ова е веќе сериозен удар за Супер лигата.

Последно уредено:
:pos:

Незнам кој при здрав разум брани монопол на Англиските клубови, тие се единствените кои можат да пазарат во последнава деценија и некои си се истрчаа да кажат дека Супер Лигата ќе го уништела фудбалот.

А не го уништија со миљијардите на Роман, на арапите и катарците.

Циркузи.
 
Ова е директно поврзано со гледаноста и јачината на лигите. Во златната доба на Серије А итаљаните трошеа. Кога ЕЛ Класико беше меѓу Роналдо и Меси Барса и Реал беа трошаџии. Сега доминира ПЛ и тоа не е никаков монопол.
 
Сега гледаме групна фаза проследена со нокаут систем. Гледаме натпреварување во кое Црвена Звезда може да победи екипа како Ливерпул и да им ги замрси сметките, во кое екипи како Порто можат да освојат еднаш на 20 години или Интер со сите проблеми што ги има да стигне до финале. Гледаме вистинско спортско натпреварување на големи и мали, што е целата суштина на спортот, Давид да игра против Голијат и да го победи од време на време, иако Голијат редовно му го крши грбот. Гледаме натпреварување во кое екипите се пласираат со она што го покажале на теренот во текот на сезоната, а не натпреварување во кое екипите имаат привилегиран статус.

Вие што ја поддржувате Супер Лигата премногу се фокусирате на парите, како ваши да се и вие да ќе ги трошите. Повеќе пари не значи поубав фудбал или поинтересно натпреварување. Повеќето сте мали да го памтите времето кога гигантите паѓаа пред екипи кои не беа први ни во ех-yu лига, па да видите како изгледа натпреварување во кое секој се тресе од секого. Вашата идеја за супер екипи кои играат помеѓу себе ќе се претвори во досадна репетитивна лига во која секој игра со секого и собира бодови, и како одминува времето неколку екипи ќе се борат за врвот а другите ќе играат ревијални натпревари, затоа што мотивацијата да направиш повеќе пари за газдите не е иста како мотивацијата да го исфрлиш ривалот и да го кренеш пехарот. Повеќе пари нема да бидат повеќе пари кога ќе паѓаат 100-милионски трансфери за второкласни играчи. Ништо суштински нема да се промени во поглед на квалитет, најдобрите играчи пак ќе играат за најдобрите клубови, само цифрите ќе бидат различни.

Вашата лига ќе го убие фудбалот за навивачи од Швајцарија, Белгија, Србија, Хрватска, Австрија итн... земји кои имаат клубови кои играат со најдобрите. Ние бидејќи немаме ни еден клуб кој може да влезе во игра па да гледаме како гостува Реал, Барса, Сити, Баерн итн... ние можеби гледаме поинаку. Но на овие навивачи, а ги има милиони, ќе им биде ускратено тоа задоволство со оваа лига која ќе ги исфрли на буништето на историјата.

Уефа треба да си ги среди работите, многу работи се погрешни кај нив, но тие се единствени кои одржуваат некаков баланс.

Затоа, не за елитизам, да за спортско натпреварување.

Гласајте за Ио.

#IoOut

Да, али тоа време повеќе не постои. Денес ако немаш милијардер газда или немаш глобален клубски бренд осуден си да завршиш на маргините или на фудбалското буниште. Ако за опстанокот на Ѕвезда ко клуб важни се две утакмици годишно со Ливерпул или Сити, тешко на тој клуб најискрено. На крај краева, ако сакаш да опстанат таквите клубови, оди поддржувај и гледај клубови од пониските рангови, не го гледај Интер. Ретки се луѓето на кои фудбалот им е пасија, мнозината гледаат ради некаква забава и медиумско внимание кое некој клуб го генерира. Или накратко тоа е бренд вредноста.

Едно 20 пати зборував за корумпираноста на УЕФА и ФИФА, кои зборат за некаква чесност и дека фудбалот не е на продажба, а од друга страна имаш светски првенства организирани во КСА, земји со никаков интерес и традиција во фудбалот. Никогаш не се знае, како плаќаат, може и европски првенства ќе почнат да се организираат таму. И смешно е човек кој го поддржува Интер да збори за монопол и елита. Еве твојот тим лани стигна до финале на ЛШ. Нeшто се промени после тоа? Факинг Астон Вила може да привлече поквалитетни играчи него ли Интер. Тоа е реалноста. И со инфлуксот на нафташки пари и фаворизирање на една лига, јазот ќе станува се поголем и поголем. Лупање по 200 - 300 милиона за играч и плус 150 милиона signing fee ќе стане нормална работа. Тоа е проблем кој ти некако не сакаш да го видиш, проблем со клубови кои се финансираат од страна на цели држави. Никој не може да се бори со тоа.

И трето, не сум сигурен дали ги знаеш статистиките околу помладите фанови на фудбалот. Најбројни се фановите од демографска група 35+, додека популарноста на фудбалот изумира меѓу помладите фанови. Сигурно популарноста нема да му се одржи со утакмици од типот на Виена Рапид вс Стеауа Букурешти во прајм тајм на национални телевизии.
 
Ова е директно поврзано со гледаноста и јачината на лигите. Во златната доба на Серије А итаљаните трошеа. Кога ЕЛ Класико беше меѓу Роналдо и Меси Барса и Реал беа трошаџии. Сега доминира ПЛ и тоа не е никаков монопол.
А Уефа и Фифа да потегнат преку промени да ги изедначат лигите?
Или ова ќе оди до бескрај ?

Или итлијнските тимови казнувани за финансиски “малверзации” а Сити може да фрли милијарди и никому ништо ?
 
А Уефа и Фифа да потегнат преку промени да ги изедначат лигите?
Или ова ќе оди до бескрај ?

Или итлијнските тимови казнувани за финансиски “малверзации” а Сити може да фрли милијарди и никому ништо ?
Како УЕФА да ги изедначи лигите кога гледаноста не е иста???
Сега имаш клубови од Чемпионшип кои се поатрактивни за купување него топ 8 клуб од Серија А. Тука проблемот е во самата федерација и лига не во УЕФА.
Итаљаните беа чекор пред сите и Серија А беше најгледана, потоа се закопаа сами со Калчополи.
 
Вие што ја подржувате СЛ, да ми одговорите на прашањево:
Ако јакиве/богати клубови земаат 95% од парите, пошто генерираат 95% од парите, како тогаш умрените мали клубови би имале можност за напредок? Ако Реал зема 200 милиони а партизан 0.5 милиони, колку години би им требало на Партизан за да стигнат до утакмица со Реал, а не па да бидат компетитивни и да не завршат 12-0? Или ќе се молат да им се родат новите Меси и Роналдо и по неколку успешни години да стигнат до голд лиги па да имаат јаки утакмици? И тоа не е можно, ќе им ги купат талентите овие богативе клубови, со трошки.
 
Ќе ме здоболе Стојко ако си отидат тие 15 души вака искрено да ти кажам. Ама едно е вака муабет на форум друго е реалност, теорија нема сите да си отидат, а уште поише нема теорија сите одеднаш да си отидат така да џабе ми поставуваш вакви хипотетички неизводливи прашања.
Епа тогаш зошто ти пречи Реал да си отиде од ЛШ?
 
Многу изнакажа ама во суштина не успеа да побиеш ништо од она што го пишав предходно.

И смешно е човек кој го поддржува Интер да збори за монопол и елита.
Интер нема никаков монопол. Интер игра во првенство со други 19 екипи. Интер има повеќе навивачи, 70к го гледаат кога игра дома со Фросиноне, и секако дека ќе има повеќе приходи од други клубови. Интер 8-9 години после триплетата не можеше да се пласира во ЛШ. Зборувај ми за монопол.

Еве твојот тим лани стигна до финале на ЛШ. Нeшто се промени после тоа? Факинг Астон Вила може да привлече поквалитетни играчи него ли Интер. Тоа е реалноста.
И? Не гледаш нас кои навиваме за Интер да плачеме поради фактот дека Астон Вила има поголем буџет? Што треба да се промени? За мене убавината е тоа што Интер може да стигне до финале и со тој финансиски заостаток. Интер освои ЛШ со позајмени играчи и играчи на слободен трансфер. Мене не ми треба Интер да стане Реал, Барса или Сити и да купува ѕвезди од по 200 милиони. Ми треба да е конкурентен и да е во врвот.

Ако за опстанокот на Ѕвезда ко клуб важни се две утакмици годишно со Ливерпул или Сити, тешко на тој клуб најискрено. На крај краева, ако сакаш да опстанат таквите клубови, оди поддржувај и гледај клубови од пониските рангови, не го гледај Интер.
Ако ти мислиш дека сите екипи можат да пропаднат, само 20 да останат и да ги гледаме нив, сериозно не разбираш како функционираат работите. Дали мислиш дека на навивачите на Ѕвезда, Динамо, Андерлехт, Рапид Виена, Шахтјор, Јанг Бојс, Копенхаген... им е поважно да го гледаат нивниот тим во ЛШ или да ги гледаат супер-екипите додека нивниот клуб пропаѓа? Има многу повеќе навивачи кои имаат клубови кои повремено се во ЛШ, и тие навивачи ја прават гледаноста на ЛШ да биде каква што е. Кога ќе направиш лига од 20 екипи без пристап на другите, ќе видиш како интересот ќе паѓа од година во година, и само навивачите на тие 20 екипи ќе ги интересира супер-лига. На сите други ќе им е сеедно, како мене што ми е сеедно за НБА на пример.
 
Многу изнакажа ама во суштина не успеа да побиеш ништо од она што го пишав предходно.

Интер нема никаков монопол. Интер игра во првенство со други 19 екипи. Интер има повеќе навивачи, 70к го гледаат кога игра дома со Фросиноне, и секако дека ќе има повеќе приходи од други клубови. Интер 8-9 години после триплетата не можеше да се пласира во ЛШ. Зборувај ми за монопол.

И? Не гледаш нас кои навиваме за Интер да плачеме поради фактот дека Астон Вила има поголем буџет? Што треба да се промени? За мене убавината е тоа што Интер може да стигне до финале и со тој финансиски заостаток. Интер освои ЛШ со позајмени играчи и играчи на слободен трансфер. Мене не ми треба Интер да стане Реал, Барса или Сити и да купува ѕвезди од по 200 милиони. Ми треба да е конкурентен и да е во врвот.

Ако ти мислиш дека сите екипи можат да пропаднат, само 20 да останат и да ги гледаме нив, сериозно не разбираш како функционираат работите. Дали мислиш дека на навивачите на Ѕвезда, Динамо, Андерлехт, Рапид Виена, Шахтјор, Јанг Бојс, Копенхаген... им е поважно да го гледаат нивниот тим во ЛШ или да ги гледаат супер-екипите додека нивниот клуб пропаѓа? Има многу повеќе навивачи кои имаат клубови кои повремено се во ЛШ, и тие навивачи ја прават гледаноста на ЛШ да биде каква што е. Кога ќе направиш лига од 20 екипи без пристап на другите, ќе видиш како интересот ќе паѓа од година во година, и само навивачите на тие 20 екипи ќе ги интересира супер-лига. На сите други ќе им е сеедно, како мене што ми е сеедно за НБА на пример.

Не зборев за никаков монопол на Интер, туку дека ќе се создаде некаков монпол или елитно друштво со супер лигата. Проблемот е што ти не го гледаш слонот во собата. Кога ќе видиш каде одат најдобрите играчи и тренери, може да се каже дека супер лигата веќе постои. Само пак некако избегаваш да одговориш на прашањата кои се причините за тоа и дали е во ред тоа што се случува? А ти лично можеш да навиваш за Интер и ако Интер завршува 15 ти секоја година во Серија А и се радуваш на една две утакмици со Сити годишно или ви наместат полесен пат до финале.

Јас еве ќе те прашам дали си ти сериозен дека екипи ко Ѕвезда, Динамо, Андерлехт, Рапид Виена, Шахтјор, Јанг Бојс, Копенхаген опстојуваат од тие 3 - 4 утакмици фудбал во групна фаза во лига на шампиони кои што ги играат? И она што е најчудно, овие екипи некако имаат најголем интерес за Супер Лига. Им се гарантира дека за три пати ќе ги зголемат приходите наспрема тоа што сега го добиваат од UEFA.

Епа тогаш зошто ти пречи Реал да си отиде од ЛШ?
Не ми пречи Реал да си отиде од ЛШ, нека се распаднат ако сакаат гајле ми е за нив, ми пречи што сакаат да формираат монопол кој ќе ги наруши другите лиги и натпреварувања и ќе ја убие убавината на овој спорт.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom