Сега гледаме групна фаза проследена со нокаут систем. Гледаме натпреварување во кое Црвена Звезда може да победи екипа како Ливерпул и да им ги замрси сметките, во кое екипи како Порто можат да освојат еднаш на 20 години или Интер со сите проблеми што ги има да стигне до финале. Гледаме вистинско спортско натпреварување на големи и мали, што е целата суштина на спортот, Давид да игра против Голијат и да го победи од време на време, иако Голијат редовно му го крши грбот. Гледаме натпреварување во кое екипите се пласираат со она што го покажале на теренот во текот на сезоната, а не натпреварување во кое екипите имаат привилегиран статус.
Вие што ја поддржувате Супер Лигата премногу се фокусирате на парите, како ваши да се и вие да ќе ги трошите. Повеќе пари не значи поубав фудбал или поинтересно натпреварување. Повеќето сте мали да го памтите времето кога гигантите паѓаа пред екипи кои не беа први ни во ех-yu лига, па да видите како изгледа натпреварување во кое секој се тресе од секого. Вашата идеја за супер екипи кои играат помеѓу себе ќе се претвори во досадна репетитивна лига во која секој игра со секого и собира бодови, и како одминува времето неколку екипи ќе се борат за врвот а другите ќе играат ревијални натпревари, затоа што мотивацијата да направиш повеќе пари за газдите не е иста како мотивацијата да го исфрлиш ривалот и да го кренеш пехарот. Повеќе пари нема да бидат повеќе пари кога ќе паѓаат 100-милионски трансфери за второкласни играчи. Ништо суштински нема да се промени во поглед на квалитет, најдобрите играчи пак ќе играат за најдобрите клубови, само цифрите ќе бидат различни.
Вашата лига ќе го убие фудбалот за навивачи од Швајцарија, Белгија, Србија, Хрватска, Австрија итн... земји кои имаат клубови кои играат со најдобрите. Ние бидејќи немаме ни еден клуб кој може да влезе во игра па да гледаме како гостува Реал, Барса, Сити, Баерн итн... ние можеби гледаме поинаку. Но на овие навивачи, а ги има милиони, ќе им биде ускратено тоа задоволство со оваа лига која ќе ги исфрли на буништето на историјата.
Уефа треба да си ги среди работите, многу работи се погрешни кај нив, но тие се единствени кои одржуваат некаков баланс.
Затоа, не за елитизам, да за спортско натпреварување.
Гласајте за Ио.
#IoOut