Ко бев дете секогаш го сонував истиот сон. Во селото од кај што сме по потекло од Мариово (ако родени Прилепчани), цела моја фамилија беше собрана во старата селска куќа. Беше негде околу 21 часот, зимно време, темница. Од куќата светеја светла и се слушаше џагор од прозорците ко да е куќна слава. Јас неможев да им се придружам на моите. Имено куќата ни е на еден рид, а горе кај влезот ме чекаше црн коњ. Крзното му сијаше онака злобно црно, ко мастило, а низ ноздрите како шо дишеше вознемирен, ти се чини чад му излегуваше. Ја плачев и викав со надеж да ме слушнат моите. Ама безполезно, далеку бев и од дворот, а не пак од џагорот. Немам престава шо значи ова. Го имав сонувано повеќе пати. И оттогаш па наваму никогаш не сум сонувал.
Ко дојдов прв пат во Европа, живеев во стара Швабија во регионот на Црната Шума. Веќе не сонувам. Или ако сонувам заборавам. Сон на кој половично се сеќавам ко полу буден, ама валјда под влијание на прошетката низ шумата за прв пат го бев сонил. Сонував, пак црна темница, ама во шумата. Низ дрвата ко Деница светеше еден бел Едонрог. Овај не беше гневен на мене ко првио, иронично мене не ми беше страв па да чекам ко здрвен во едно место, туку сакав да му се приближам. Низ дрвјата му се гледаше прозрачна светлина од крзното, само тоа памтам, незнам ни дали му се приближив ни дали избега. Ко полу буден.
Не сум љубител на Шах. Ниту знам како се игра. Незнам шо е форава со коњиве. Штета шо појче нема Дракче, Патот на Светлината на А1, да и се јавев да ми смота некоја лага, за значењето.