Сонови, толкување на сонови

OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.724
Поени од реакции
2.494
Сонував како сум избегала од факс. од испит на еден проф....со една девојка која не ја познавам..по патот најдов една чешма мала со убава бистра вода се напив од неа ...а девојката ме брзаше велеше побрзај ќе не фатат и таа не се напи...и потоа пак наидовме на едни дрвја таа скина јаболко а јас круша или дуња беше ....и пак продолживме по патот ....потоа не се сеќавам шо бидна.
А се натрти ко што треба коа пиеше од водата? Ако не си се натртила ќе те тртат за кратко.
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.405
Ко бев дете секогаш го сонував истиот сон. Во селото од кај што сме по потекло од Мариово (ако родени Прилепчани), цела моја фамилија беше собрана во старата селска куќа. Беше негде околу 21 часот, зимно време, темница. Од куќата светеја светла и се слушаше џагор од прозорците ко да е куќна слава. Јас неможев да им се придружам на моите. Имено куќата ни е на еден рид, а горе кај влезот ме чекаше црн коњ. Крзното му сијаше онака злобно црно, ко мастило, а низ ноздрите како шо дишеше вознемирен, ти се чини чад му излегуваше. Ја плачев и викав со надеж да ме слушнат моите. Ама безполезно, далеку бев и од дворот, а не пак од џагорот. Немам престава шо значи ова. Го имав сонувано повеќе пати. И оттогаш па наваму никогаш не сум сонувал.
Ко дојдов прв пат во Европа, живеев во стара Швабија во регионот на Црната Шума. Веќе не сонувам. Или ако сонувам заборавам. Сон на кој половично се сеќавам ко полу буден, ама валјда под влијание на прошетката низ шумата за прв пат го бев сонил. Сонував, пак црна темница, ама во шумата. Низ дрвата ко Деница светеше еден бел Едонрог. Овај не беше гневен на мене ко првио, иронично мене не ми беше страв па да чекам ко здрвен во едно место, туку сакав да му се приближам. Низ дрвјата му се гледаше прозрачна светлина од крзното, само тоа памтам, незнам ни дали му се приближив ни дали избега. Ко полу буден.

Не сум љубител на Шах. Ниту знам како се игра. Незнам шо е форава со коњиве. Штета шо појче нема Дракче, Патот на Светлината на А1, да и се јавев да ми смота некоја лага, за значењето.
 
Последно уредено:

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.435
Поени од реакции
13.535
Сонував како сум избегала од факс. од испит на еден проф....со една девојка која не ја познавам..по патот најдов една чешма мала со убава бистра вода се напив од неа ...а девојката ме брзаше велеше побрзај ќе не фатат и таа не се напи...и потоа пак наидовме на едни дрвја таа скина јаболко а јас круша или дуња беше ....и пак продолживме по патот ....потоа не се сеќавам шо бидна.
Да седнеш да учиш за испит.
 

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.777
Поени од реакции
2.919
Не ја познавам девојката јас се напив таа не...
Што убаво би можело да биде ..
И потоа таа јаболка си скина а јас круша ..а иначе имаше дрвја со овошки по патот.
Дали чешмичката со вода е за мене убаво или за некој друг .
Ај размисли логички? Ти си го сонувала сонот, за тебе е се, ако веруваш во сонови, ама тоа како и гатање на кафе се глупости.
IMG_20231214_203351.jpg

Screenshot_2023-12-14-20-33-09-668_com.android.chrome.jpg

Круша имаш кликни писмена си прочитај. Мене не ми е јасно која е потребата да се прашува значење на сон на форум, кога имаш соновник.
Порано стално сонував како летам, море, и ѓаволот го сонував често, мечки исто доста имам сонувано како ме бркаат. Ѓаволот ми беше дечко во многу соништа, а имам сонувано и непознати мажи, љубов со нив ама некоја љубов така во живот не можеш да почувствуваш и немам почувствувано, а на сон ете и не сум сакала да се разбудам. Некој сонови имаат значење, но не сите. Некогаш тоа што сум го сонувала се остварило мислам идентична ситуација. А и мртви луѓе имам сонувано, тетка ми дедо ми како ми кажуваат нешто.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.556
Поени од реакции
26.295
Ај размисли логички? Ти си го сонувала сонот, за тебе е се, ако веруваш во сонови, ама тоа како и гатање на кафе се глупости.
Прегледај го приврзокот 400941

Прегледај го приврзокот 400942

Круша имаш кликни писмена си прочитај. Мене не ми е јасно која е потребата да се прашува значење на сон на форум, кога имаш соновник.
Порано стално сонував како летам, море, и ѓаволот го сонував често, мечки исто доста имам сонувано како ме бркаат. Ѓаволот ми беше дечко во многу соништа, а имам сонувано и непознати мажи, љубов со нив ама некоја љубов така во живот не можеш да почувствуваш и немам почувствувано, а на сон ете и не сум сакала да се разбудам. Некој сонови имаат значење, но не сите. Некогаш тоа што сум го сонувала се остварило мислам идентична ситуација. А и мртви луѓе имам сонувано, тетка ми дедо ми како ми кажуваат нешто.
Kaко изгледа ѓаволот ? Затоа што и ја сонувам некакви суштества ама не знам дали се ѓаволи или што се.
 

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.777
Поени од реакции
2.919
Kaко изгледа ѓаволот ? Затоа што и ја сонувам некакви суштества ама не знам дали се ѓаволи или што се.
1702657101623.png

Мојот е црвен, имаш и црн со рогови. Ќе почувствуваш дека е тој.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.389
Поени од реакции
13.359
Kaко изгледа ѓаволот ? Затоа што и ја сонувам некакви суштества ама не знам дали се ѓаволи или што се.
Како @Miss S. , ако сака може да се договориме некој ден да и направам егзорцизам.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.556
Поени од реакции
26.295
Прегледај го приврзокот 401048

Мојот е црвен, имаш и црн со рогови. Ќе почувствуваш дека е тој.
Чим вака изгледа ништо тогаш, не е ѓаволот. Ѓаволот секогаш изгледа убаво и привлечно за да те привлече кон него и полесно да те манипулира. Од ваквите суштества не се плашам.
 

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.777
Поени од реакции
2.919
Чим вака изгледа ништо тогаш, не е ѓаволот. Ѓаволот секогаш изгледа убаво и привлечно за да те привлече кон него и полесно да те манипулира. Од ваквите суштества не се плашам.
Па мене ваков ми е привлечен и жежок. Не ме манипулирал, поштен беше секој пат.
 
Член од
12 јануари 2024
Мислења
10
Поени од реакции
7
Сонот е производ на индивидуалната психологија. Нема никаква допирна точка со гатање нити пак сонуваните симболи имаат исто значење за секого. Во сонот има манифестна (претставената) и латентна (цензурирано значење) содржина. Толкување може да се изврши на секој сон од страна на психолог или психотерапевт, само ако е стручен во областа на психоанализата.
Не се тревожете од фактот дека сонувате страшни слики, тоа не значи ништо страшно, потсвеста прави сон поттикнат од случувањата најстари од ден до два кои што пак тие случувања имаат тесна врска со некој настан од индивидуалната историја па дури некогаш и од инфантилна природа.
Секој сон претставува неисполнета желба, само треба темелно да се психоанализира поединечно секоја претстава во сонот и ќе се открие желбата.
Ова што сакам да го објаснам нашироко е образложено во "Толкување На Соништата" Зигмунд Фројд - книгата со најголем рејтинг меѓу неговите, призната до ден денес од страна на психолози, психотерапевти и психоаналитичари, која се уште се изучува на реномираните универзитети по психијатрија ширум светот.
Тоа дека чиста вода е убаво, а матна - нè, се само бабини деветини за прост народ. Значење сонот има, ама само индивидуално и секогаш се работи за неостварена желба.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom