Сонови, толкување на сонови

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Сонував сон што ме замисли ! Бев во станот на тетка ми среден уреден и како да имало забава некоја . Луѓе познати , непознати , но почна да ми смета и од незнам која причина како да се вознемирив и почнав да ги испраќам луѓето! Што би можело да значи???
Си ја видел нечија смрт ,некој ке умрит.
 
Го сонував Ставро опколен со децата убиени во Ваташа за враме на фашистичката окупација на Македонија. Собрани беа ко круг околу него?

@bijons како че го протумачи ова форумската Дракче од патот на светлината?
 
...од каде знаеш дека бил Ставро, го знаеш лично или имаше пишана шбелешка плукни - залепи на чело?
...штом починати сонуваш ќе се смени времето на уште полошо!
...тоа што се замараш со ник на форумски член кој не е активен и тоа посвесно во сон, значи човекот ти остави траги од негово однесување, па го гледаш на сите страни, па и на сон,
...но дел од мене ми вели дека измислуваш само да го испровицираш ,,да се јави" каде го повикуваш да се закачи на твоја јадица со друг ник, а мене ме користиш во ова ситуација како катализатор, не знам зошто воопшто се замараш :toe:

...ете има тема за него, седи пишувај секој ден твои сеќавања или непријатните случки, може ќе те чита, па ќе му пукне филмот и ќе ти се јави.

scv20240919_004744.jpeg

поздрав од Ставро! :D
 
Последно уредено:

Прегледај го приврзокот 429642

поздрав од Ставро! :D
Ne be,
Marioecov go fatila nostalgija za Prilepon nash najubav a i kapak mu bea pozharine pa pochnal Horor sonisha da gleda!
 
Имав сон што беше толку живописен и вознемирувачки што се чувствуваше пореален од кој било друг кошмар што сум го доживеал. Во сонот, сретнав некого од моето детство – личност со која одев на училиште, но која никогаш особено не ми се допаѓаше. Бевме возрасни во таа ситуација, и во еден момент тој направи забелешка за мене пред група луѓе. Неговата забелешка беше наменета како шега, а другите се смееја, но јас се почувствував понижено и длабоко навредено.

Во тој момент одлучив дека нема да дозволам да ме исмејуваат на таков начин. Обземен од гнев и мисли за одмазда, се спуштив во подрумот и го зедов пиштолот на татко ми – Colt 1911. Се сеќавам на секој детаљ толку јасно: сребрениот сјаен финиш на оружјето, тежината во моите раце и златните куршуми .45 ACP. Го проучував пиштолот, му се восхитував на изработката, па дури и го тестирав. Испалив куршуми во дрвени табли надвор, чувствувајќи мешавина од вознемиреност, страв и одлучност додека се подготвував за она што ќе го направам.

Воден од гнев, донесов одлука да го киднапирам. Му ставив црна торба на главата, го врзав и го одведов на едно осамено место – една оддалечена плажа со бел чакал и мирно, сино езеро. Атмосферата беше застрашувачки тивка и покрај сончевиот ден. Небото беше бледо сино, и иако сонцето светеше силно, воздухот беше ладен и тежок.

Кога пристигнавме, ја отстранив торбата од неговата глава, и за момент тој изгледаше олеснет што ме препозна. Неговото изразување се омекна, речиси надевајќи се, но таа надеж брзо исчезна кога го открив пиштолот. Кога ја сфати мојата намера, неговото лице се искриви во чист ужас. Почна да моли, неговиот глас трепереше, шепотејќи: „Те молам.“

Без двоумење, го подигнав пиштолот и го застрелав во челото. Неговите очи останаа отворени, гледајќи безживотно, без никаква емоција. Тоа беше завршено. Но, кога ми се спушти сознанието за тоа што го направив, бев обземен од бран паника, срам и неподнослива вина. Почнав да размислувам за последиците – полицијата, доказите, телото – но повеќе од сè, ужасот од тоа што го направив ме надвладеа. Земав живот поради нешто толку банално, една безопасна шега, а тежината на тоа сознание беше поразувачка.

Одеднаш, се разбудив. Срцето ми чукаше силно, а јас бев облеан во пот. Се допрев за да се уверам дека тоа беше само сон, и огромно чувство на олеснување ме облеа. Тоа беше најужасниот кошмар што сум го доживеал, и за краток момент се почувствував како да искусив што значи да се биде убиец.
 
Вие што имате луцидни соништа способни сте истото да го направите и на јаве.
Во право си.
Еве до кога планираш да е тероризираш со рамна земја ?
 
Сонови луцидни нон стоп сонував порано, и како летам над стар мост, најчесто и над Велес мој роден, не им придавај значење, немаат значење,сонов ти ги открива твоите длабоко закопани во душата чувства,на срам и понижување, кои си ги доживеал од тој твој познаник, изгледа биле јаки, па ти се врежале потсвесно во меморијата, тоа што е потсвесно, испливува на површината во текот на сонот, зашто мозокот не разликува свест од потсвест, дур си во заспана состојба.
 
Ја мислев НЛО сум видел цврцнав од среќа а тоа да ти била @Ocajna во прелет. Аман, слетај веќе. Ќе утепаш некоја недолжна чавка.
 
Иако не верувам у гатачки, хороскоп, соништа, предвидувања такви глупости.

Шо ке кажете за Дежа Ву? Значи ми се има многу пати случено истата снимка односно сцена од тоа што го правам да го имам видено на сон долго време предходно.

Прееска јадам на маса и буквално целиот настан го имам видено предходно. Зборам работите на маса во таа локација, телевизор песна има таа е, чашата на тоа место итн.
Друг случај пред еден месец шетав во странство таа случка на шетање покрај вода до калдрмата, држење кафе, и гледање брод веќе ми е све познато и видено а во таа држава првпат одам?

Ова доста често ми се има случено што до некаде дури мордбидно изгледа...
 
Ова е доказ дека треба да почнеш да веруваш во ова и да не ги сметаш за глупости :
Иако не верувам у гатачки, хороскоп, соништа, предвидувања такви глупости.
 
Помогни момче не само голи девојки да праќаш :D
Кај праќам голи девојки чичо ?

У кратки црти кажано потсвества ти рефлектира некои случки. Е сега тоа што личат како предвидувања е друга ствар поврзана со учењата на Тесла дека целиот униуверзум е вибрација и информација што многу научници ги наведува дека живееме во матрикс. Но тоа е друга тема.
Дежа ву-то е ваљда некоја наша скриена способност да можеме да ја " предвидиме " иднината. Работата е што нема што да се предвиди туку се ни е негде запишано само треба да знаеме да го прочитаме. Така што ова се некои блесоци на читање пораки од иднината.
 
Ја мислев НЛО сум видел цврцнав од среќа а тоа да ти била @Ocajna во прелет. Аман, слетај веќе. Ќе утепаш некоја недолжна чавка.
Аууу ти ли беше бе, гледам едно врапче искубано се врти летка околу мене, се мачи да одржи рамнотежа, добро значи ти си бил да не му ја мислам:angel:
 
Иако не верувам у гатачки, хороскоп, соништа, предвидувања такви глупости.

Шо ке кажете за Дежа Ву? Значи ми се има многу пати случено истата снимка односно сцена од тоа што го правам да го имам видено на сон долго време предходно.

Прееска јадам на маса и буквално целиот настан го имам видено предходно. Зборам работите на маса во таа локација, телевизор песна има таа е, чашата на тоа место итн.
Друг случај пред еден месец шетав во странство таа случка на шетање покрај вода до калдрмата, држење кафе, и гледање брод веќе ми е све познато и видено а во таа држава првпат одам?

Ова доста често ми се има случено што до некаде дури мордбидно изгледа...

Дежа ву е некое сеќавање на несвесна фантазија, поврзано со желба моменталните околности да се променат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom