Тоа не можеш да го знаеш. Јас имам брат, и исто почна да ни паѓа косата. Така беше со години, деценија, со залистоци кај двајцата, на левата страна повеќе, ама мене продолжи да ми паѓа, и дифузно, а него скоро му застана и му се одржува на исто ниво без третман со години. Технички на сите им паѓа косата, само темпото е различно. Кај тие што немаат многу осетливи фоликули на андрогени, темпото е скор неприметилво. Во секој случај, не е добро да се ориетнтираш од други во фамилија. Ако сакаш да си ја задржиш косата, најдобро е да почнеш со лекарства. Ако не, се изложуваш на ризик да ја изгубиш косата. Мислам дека имаше некоја статистика дека 60% од луѓе со трансплантации ја бричат косата на крај, а ретко кој поминува со една. Имаш некои фаци на нет со 7-8. Проблем е овој тука во Скопје, многу графтови користат, по 5,000 кај некои лица, а тоа е многу за една процедура според Американски стандарди. Па те трошат многу од прва.