Исчезнати лица

Член од
19 февруари 2023
Мислења
3.022
Поени од реакции
6.149
Воопшто не ми е гајле за каратистот или јас го бранам, ќе си одговара за тоа што го сторил. По сликите од фејс со мајстори каратисти од Велес е во друштво со доктори, инспектори во полиција. Зарем и тие се криминалци.
Поентата се дупките во обвинението и мотивите, цело време како да ни мачкаат очи.
Најголема енигма во случајов е каратистот, другите двајца може лесно да бидат манипулирани од палчо но за каратистот имам дилеми и која е неговата улога.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.695
Поени од реакции
37.678
Што да ти се одговори на ова освен да пробаш да посетиш некоја установа што може да ти помогне? Дали имаш претстава во која тема си и што воопшто пишуваш? Сериозно те прашувам ..
...ако се вреѓаме ќе спаднам на твое ниво,така да не ти враќам за „установата“, инаку сите последици имаат причина, коментирате само за крајот на злосторството, а почетокот и причините некако не ви боде очи или толку се разбирате ама ги замајувате законските (судски вештачења) процедури, вистината треба да излезе на виделина и да одговара вистинскиот кривец, а ова вака е само „Хаос ин Лаос“.
 
Последно уредено:

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.015
Поени од реакции
12.684
И јас мислам дека темава треба или да се затвори или поактивно да се менаџира.
Ја чита пошироката јавност, пријатели, роднини на жртвите, треба малце да се има осет во работите кои се пишуваат, од почит спрема жртвите и нивните семејства.
Се споделуваат грозни детали, од рекла казала муабети, ништо официјално, и само се додава сензационализам. Мајката вчера си го погреба детето, зарем немате малце срам во теориите кои ги споделувате тука кои ја инволвираат и неа?

Некои работи можеби и не треба да се споделат со јавноста, чукнете си ги малце главите, не мора вашата љубопитност да биде задоволена.
Ако ви се игра детективи имате еден куп игри, оставете ги жртвите нека почиваат во мир.
 
Член од
24 август 2009
Мислења
89
Поени од реакции
169
...ај читај малку законите, проблемот е што ништо не читате, кои се материјалните докази и кои ги даде? дали има тука „судски вештак“? местото каде се пронашло, случило убиство треба да биде „заштитено“ од инфилтрирање на други лица и материјални докази, си видел на слика некаде полициска лента каде било изгорено возилото или местото со дупката каде биле фрлени телата?

...обдукција ќе даде точно КОГА и КАКО е убиена жртвата, со што ќе се реши дали Вања била убиена во 10ч или покасно, НА КОЈ НАЧИН БИЛА МАЧЕНА на кој начин била УБИЕНА, дали со задушување, дали со ќотек од удари, дали со куршум од блиску од далеку, дали отруена?....и други важни податоци околу решавање на случајот!

...дали ти воопшто го ислуша видеото на „убиецот“ каде се изнесуваат милионски суми на кражби преку рудникот „Саса“ кој пет пати се продал вмешани политичари, власт у пм кој не? не го гледај видеото, само слушај го кои податоци излегуваат на виделина и коментарите на истото видео „ти за ова си веќе ликвидиран“ ?

...зашто си селективен и не ги гледаш не двете туку сите страни, ти си знаеш!!? еееее затоа постојат закони, судски вештаци, агенти, процедури ИСКАЗИ ОД ДВЕТЕ СТРАНИ, адвокати,

...да те искршам од ќотек „да признаеш“, па нормално ќе признаеш дека се викаш Филип, ако си Јулијан кога ќе те удираат, но сето тоа признаено треба да се процесуира да има алиби, докази да се слаже кажаното, а не сега ајдееее удриии, па потоа се удавил во кофа со вода, па се удавил, не е чудо ако некој се инфилтрирал во Турција да пристигне веста дека од грижа на совест човекот се самоубил, ееееее тоа ќе биде Боливуд!
Све „супер„ теоријава, ама ако признале од ќотек, како знаеле кај се телата? М?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.423
Поени од реакции
10.351
И јас мислам дека темава треба или да се затвори или поактивно да се менаџира.
Ја чита пошироката јавност, пријатели, роднини на жртвите, треба малце да се има осет во работите кои се пишуваат, од почит спрема жртвите и нивните семејства.
Се споделуваат грозни детали, од рекла казала муабети, ништо официјално, и само се додава сензационализам. Мајката вчера си го погреба детето, зарем немате малце срам во теориите кои ги споделувате тука кои ја инволвираат и неа?

Некои работи можеби и не треба да се споделат со јавноста, чукнете си ги малце главите, не мора вашата љубопитност да биде задоволена.
Ако ви се игра детективи имате еден куп игри, оставете ги жртвите нека почиваат во мир.
КОНЕЧНО НЕКОЈ ДА НАПИШЕ НЕШТО ПАМЕТНО !!!!
(y)
 
Член од
5 септември 2021
Мислења
30
Поени од реакции
176
Matni raboti ima i od kaj majkata... Koj ja rashiri odma rabotata na FB??
Negirashe za tatkoto, negirashe se, a posle ispsdnaa mnogu raboti
Кога ќе ти избега детето од рака, викаш ли пријателу или седиш и ќутиш, ВИКАШ НА ЦЕЛ ГЛАС. Така и мајката, што е тука чудно?! Не ставила топик „детето ми го нема“ за лајкови, него да добие помош од луѓе што е можно поскоро.
Го бранела таткото, па нормално ќе го брани, дете направила со него, не едно две без разлика што се разведени не верува дека е ретардиран толку да стори нешто на свое дете.
За таткото мислам МВР малку избрза и многу брзо си дозволи да го жигува, се надевам дека не е така, се надевам имаат добри докази за негова инволвираност
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.368
Поени од реакции
18.498
И јас мислам дека темава треба или да се затвори или поактивно да се менаџира.
Ја чита пошироката јавност, пријатели, роднини на жртвите, треба малце да се има осет во работите кои се пишуваат, од почит спрема жртвите и нивните семејства.
Се споделуваат грозни детали, од рекла казала муабети, ништо официјално, и само се додава сензационализам. Мајката вчера си го погреба детето, зарем немате малце срам во теориите кои ги споделувате тука кои ја инволвираат и неа?

Некои работи можеби и не треба да се споделат со јавноста, чукнете си ги малце главите, не мора вашата љубопитност да биде задоволена.
Ако ви се игра детективи имате еден куп игри, оставете ги жртвите нека почиваат во мир.
I za tatkoto bea malski muabeti, pa ne pamtam nekoj da se bunese togas. Eve go sea i obvinet e. I malce kasno e za ,,nekoj raboti ne treba da se spodelat vo javnost,, za slucajov.
 
Член од
16 август 2018
Мислења
70
Поени од реакции
104
Кој бе нормален ќе жртвува дете за да докаже дека не е безбедно, ебаве теоретичарите на заговор.
Ќе рокнат некој на сред плоштад и ете нема безбедност.
Епа џафкај дека каратето не е брутално, дека се наместени, еб**е чипираниот.
 
Член од
19 февруари 2011
Мислења
618
Поени од реакции
757
Споделувам информација. Уставри кога ќе размислиш ептен наивно течеше целата потрага и сл. Секако, за вас експертите на форумов не. Не мораш да ме вулгаризираш не го напишав јас тоа.
..Како вака експресно не ги најдоа оние за смилковско, глигоров итн.

#Банана држава
Абе дека немаме правна држава немаме, ама да се се сомневате веќе буквално во се тоа не можам да го разберам бетер од бугарите станавме каде ја гледаат жирафата и велат “не бе нема животно со толкав врат“. Не знам, имате сите по 12 години па не можете некогаш самите заклучок да извадите или што? Кај смилковско немаше камери, имаш украдена кола и како ќе се откријат? кај Глигоров истата ситуација нит камери за да се видат барем ликовите а имаше пак украдена кола. Тука ги фатија само поради автомобилот на Панче Жежев кој е виден на раскрсниците заедно со реното и така ги поврзуваат дека се една екипа тоа го кажа и Оливер. Е сега да беше и реното украдено никогаш немаше да ги фатат. Кога веќе се сомневате во приказната која е изведена од сведочења на обвинетите дај кажете барем во што верувате, кој би имал корист да ги намести сите овие луѓе, причината и секако поврзаноста на убиството на Панче и Вања.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.015
Поени од реакции
12.684
I za tatkoto bea malski muabeti, pa ne pamtam nekoj da se bunese togas. Eve go sea i obvinet e. I malce kasno e za ,,nekoj raboti ne treba da se spodelat vo javnost,, za slucajov.
Што е маалски муабет за таткото, а остана непотврдено во првичното обвинение?
Истите луѓе кои го признаа убиството, кои ја споделија локацијата на телата, признаа инволвираност на таткото. Сигурно ОЈО не го приведе таткото бидејќи судијката ја читала темава, па заклучила дека е виновен.
Еден куп шпекулации имаше во период кога сеуште сите се надевавме дека девојчето е живо, бидејќи немаше официјални информации.
Ама еве и МВР и ОЈО беа транспарентни и јавно ги споделија информациите кои може да се споделат. Зошто сеа тука се развиваат нови теории? Скроз поинаков наратив му се дава на случајот, далеку од простата вистина. Зарем толку е тешко да се помириме со заклучокот од истрагата и да прекинеме со овие небулози кои се дискутираат од понеделникот навака?

Дискутирајте колку сакате и разглабајте забегани теории дома со вашите, форумов е сепак јавен простор и мислам дека мора да има некоја граница до кај може да оди ова. Случајот е пресензитивен за цела јавност, ја сфаќам потребата да се знае што се десило, но ние сме толку небитни во болката на семејствата и пријателите на жртвите, зарем не го сфаќате тоа? Можеби мајката не сака извештајот од обдукцијата да излезе јавно, не мора тука бијонс да се дрецка дека има право да го види и уште да се дрзне да обвинува и да си прави филмови.
Мора да се зачисти малце темава и ако остане отворена да се има некој усул.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.155
Поени од реакции
11.897
И јас мислам дека темава треба или да се затвори или поактивно да се менаџира.
Ја чита пошироката јавност, пријатели, роднини на жртвите, треба малце да се има осет во работите кои се пишуваат, од почит спрема жртвите и нивните семејства.
Се споделуваат грозни детали, од рекла казала муабети, ништо официјално, и само се додава сензационализам. Мајката вчера си го погреба детето, зарем немате малце срам во теориите кои ги споделувате тука кои ја инволвираат и неа?

Некои работи можеби и не треба да се споделат со јавноста, чукнете си ги малце главите, не мора вашата љубопитност да биде задоволена.
Ако ви се игра детективи имате еден куп игри, оставете ги жртвите нека почиваат во мир.
Најдобра одбрана за блиските е да не ги читаат глупостите кои анонимни луѓе ги пишуваат на интернет.

Инаку Чичин си замина на време од Македонија, си помина ладно три граници и фатен е само поради шоферот на Ленд Роверот кој ја кажал адресата каде го однел во Турција. Би се кладел дека некој му шепнал на време да му ја спрашти.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.424
Поени од реакции
39.017
Специјално активирани профили конкретно за случајот, и тројцата бумери се проблемот на темата. Нема кавга/дискусија со навреди а они да не се вклучени. На тоа додајте ги и небулозите шо ги пишуваат од многу гледање турски филмови, и не треба повеќе.

Али еве живееме во либерален матрикс кога секој може да зборува и пишува шо сака, и мора да се трпат. Форумот е виртуелна слика на државата, малцинството со години го ебе у мозок мнозинството.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.651
Поени од реакции
59.624
Првичното обвинителот Бубевски кажа дека Панче е убиен поради долг од 500 евра. Сега излегува дека лажел. Го убиле затоа што не им го давал автомобилот. Зарем за тоа се убива човек.
Се фатија новинарите како слепи за стап за 500 евра. Во моментот кога изусти 500 евра знаев дека сите ќе го промашат контекстот. Човекот должел 500 евра и тоа можеби е факт, но никој не вика дека баш поради тоа бил убиен.

Знам за ситуација порано кога поради коцкарски долг тепаат човек а тој им подлегнува на повредите, иако немале намера да го убијат. Мене ми стои дека лидерот им е со краток фитиљ, дека ги собрал со намера да го истепаат поради долгот, некаде во процесот му се споиле жичките и посегнал по пиштолот. И после тоа сите се во каша од која не можат да излезат, едно води кон друго и се случува и поголема трагедија...
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.015
Поени од реакции
12.684
Најдобра одбрана за блиските е да не ги читаат глупостите кои анонимни луѓе ги пишуваат на интернет. А не време и енергија да се троши во модерирање на истиве глупости.
Да, ама ова е ко спирала, излегува надвор од границите на форумов. Се шири ко вирус, што мислиш и нашето "истражувачко" новинарство од кај црпи информации? Информации од темава се споделуваат на твитер и обратно, кога еднаш ќе се напише нешто тешко е да се врати пишаното.

Сеа читам ќе организирале протест во сабота пред зградата на Вања, за да се дознае вистинстината за случајов? Ќе давале поддршка на мајката? Мајката вчера си го погреба детето после пеколна недела, најмалце што и треба во моментов е некој да го поткопува нејзиниот интегритет или да и урла пред зграда.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom