Овие имале некој луциден план, што ни у филм не успева, кој инстантно тргнал наопачки и ова им било решението, или почнале да паничат, девојчево да вреска исто, да се дере или па да проба да избега, и еден од нив да и пресуди, секоја теорија држи вода, и онаа дека со велешанецот сакале да направат дека он уствари го направил ова, ама искрено наместо да се замараме и погодуваме, па и да се испотепаме тука кој попрво ке упеца некое добро инфо, да почекаме истрагава што и како ќе покаже иако ова знам дека нема шанса да се деси.
Ова реално е надреално сценарио и барем добивме одговор како тоа некој за дуг би ја убил, зашто реално оние класика мафијаши, лихвари сеедно, да киднапираат нечије дете, да, ама да убијат, тоа не се десило кај нас, не е типично ова за таков профил на луѓе, ова е онака баш рандом ко што спомна некој поназад со Ламбе и бугарскиот клуб, рамноземјаши, политички активни фаци и од оние забеганине '' патриоти '' испаднаа на крај извршители на овој грозоморен чин. Сигурно све ќе се разоткрие и би требало сите битни прашања да добијат и одговор.
Палчо може бил политички активен зашто гледам има луѓе што се соменваат дека некој го мести ради работите што ги зборел, ама ваљда сте свесни и во какви психoпатски работи веруваше, ставаше слики од авиони и радари, оние летки што пуштаат авиони, како кружат над Скопје и не трујат, од таквите забеготини беше овој што веруваат у доста теории на заговор, за мене таквите од увек имале некое ментално растројување и никад не сум ги сметал за нормални. Какви навидум мирни личности се испоставувало дека се убијци, нема ништо чудно и во ова, ваква забеготина ко Палчо да е директно вмешан во истово.
Утре ќе има прес од 9 и 30, би требало барем дел од прашањата да бидат одговорени.